Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа


Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа, но, редовното истражување покажа и дека има тенденција на зголемување на незадоволството на граѓаните од услугите на општините и работата на гардоначалниците, рече денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Тој на денешниот панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ […]

Пенов: За регионален развој лани вложени 14 милиони евра или пет пати повеќе во споредба со 2016 година


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за годинава најави отворање на ИПА 3 Програмата која, во делот меѓугранична соработка, предвидува 100 милиони евра. За овие средства, објасни Пенов, покрај општините, планските региони и невладиниот сектор, прв пат ќе може да аплицираат и бизнисите. Проектите ќе добијат целосно финансирање од ЕУ и 15 отсто државна дотација. […]

(Во живо) Прес-конференција на вицепремиерот Битиќи и министерот за локална самоуправа Пенов


Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, заедно со министерот за локална самоуправа, Пенов, денеска ќе одржат заедничка прес-конференција по повод новите договори по Законот за рамномерен регионален развој (РРР). На церемонијата на потпишување на договорите ќе бидат присутни заменик претседателот на Владата задолжен за економски […]

Три центри за развој на плански региони и 10 општини добија пари од ИПА за нивни проекти


  Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во Скопје заедно со Армен Грегоријан, постојан претставник на УНДП во земјава, Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален разој и грантистите – градоначалници на општини и директори на центрите за регионален развој ги потпиша договорите за финансирање на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти во рамките на […]

До крајот на годината ќе биде готов колекторот за отпадни води во Орман


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е „згрозен од ескалацијата на насилството во Газа“, вклучително и убиството на Палестинците во израелските воздушни напади врз бегалскиот камп Џабалија, рече неговиот портпарол. – Тој силно го осудува убивањето на цивили, изјави денеска за новинарите портпаролот на ОН Стефан Дижарик. Тој додаде дека „генералниот секретар повторува дека сите […]

Кавадарци ја зголеми наплата на даноците за 100 отсто


Сегашната структура на буџетите на општините, од 50% па се до 70%, наменски средства од централното ниво, покажува дека општините главно се потпираат на средствата од централниот буџет, занемарувајќи ги сопствени приходи за спроведување на сопствени локални политики, рече министерот Ристо Пенов на презентацијата на наодите од Извештајот на Државниот завод за ревизија на тема […]

Пенов: Да го приближиме одлучувањето на локално ниво до граѓаните


Целта на процесот на децентрализација на власта е нивото на одлучување да се приближи до граѓаните за сите прашања кои што имаат директно влијание на нивното секојдневно живеење, токму затоа ја поддржуваме иницијативата на Народниот правобранител за отворање на дебата од аспект на остварување на правата на граѓаните за прашања од локална надлежност, рече министерот […]

Пенов: Циркуларната економија не е само тренд, туку реална потреба за да се зголеми отпорноста на еко системот


Управувањето со отпадот се уште е голем предизвик кај нас, уште повеќе што во област, спроведувањето на европските директиви бара ангажирање на големи финансиски ресурси, но и знаење. Затоа е важно да се аплицираат нови решенија, кои што исовремено ќе направат промени во повеќе сфери, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов во рамки на […]

Пенов: Oпштините да ги користат средствата од ЕУ


Со кафе-дебатата на тема „Локални иницијативи за глобални чекори“, која се одржа денеска во кафулето „Тренд“ Европското движење (EMMK) го рестартира циклусот дебати „Кафе Европа“ што беше прекинат поради короната, а на кои се дебатираше на значајни и актуелни теми поврзани со членството на нашата држава во ЕУ. Темата за развојот на локалните заедници е […]

Кавадарци за 100 отсто ја зголемило наплатата на данокот на имот, со наплата ќе почне и Арачиново


Колку е важно ангажирањето на локалните власти и на локалната администрација покажува примерот со општина Кавадарци, наплатата на данок на имот ја има зголемено за 100 отсто. Општините Велес, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Илинден, Кавадарци, Кратово, Македонска Каменица, Могила, Свети Николе, Старо Нагоричане, Студеничани, Центар Жупа и Штип, исто така имаат добри резултати во однос […]

Пенов: Природните катастрофи не зависат од нас, но можеме да влијаеме на минимизирање на последиците


Природните катастрофи најчесто не зависат од нас, ретко кога можеме, особено ние помалите држави, да влијаеме на нивниот тек. Но, сите заедно имаме одговорност да градиме систем на мерки кој нашите држави и локални заедници ќе ги направи поотпорни во однос на последиците, истакна министерот за локална самоуправа Ристо Пенов на денешната регионална конференција организирана […]

Пари има, нема квалитетни проекти од општините


Министерството за локална самоуправа заедно со Бирото за регионален развој обезбеди поддршка од УНДП и од Шведската Агенција за развојна соработка за поддршка на општините за изработка на проектна документација. Општините, особено помалите кои што имаат ограничени човечки и финансиски ресурси тешко се снаоѓаат со подготовка на поголеми, инфраструктурни проекти кои што бараат обемна техничка […]

Отворен Центар за претприемништво и креативност во Прилеп


Центар за претприемништво и креативност се отвори денеска на Економскиот факултет во Прилеп, Проектот, со вкупна вредност од 580.000 евра, доби 15% финансиска поддршка Министерството за локална самоуправа за спроведувачите – партнери во земјава. Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов го поздрави отворањето на  Центарот и го истакна неговото значење за поттикнување иновативни идеи и […]

Пенов: Заедно со ЕУ прекугранично ќе ја подобруваме пожарната заштита во Македонија и Албанија


Подобрување на системите за заштита од пожари и одговор во соработка со соседните општини од Македонија и Албанија е проект што треба да се реализира до август 2024 година, рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов при денешната посета на новиот прекуграничен проект „Прекуграничен противпожарен штит“ поддржан од Европската Унија преку ИПА Програмата за прекугранична […]

Пенов незадоволен од тоа како општините си ги прибираат сопствените средства


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска од Струга порача дека не се задоволни од ангажманот на самите општини во прибирањето на сопствените средства, укажувајќи дека иако Владата го зголемила финансирањето, идејата на децентрализација е поголема финансиска самостојност на локалните самоуправи. Прашан за финансиската состојба во општините, по потпишувањето на договорот за реконструкција на ЈЗУ […]

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов смета дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ претставува обид за ловење политички поени и апелираше да се внимава со таквите изјави. – Изградивме концепт на локална самоуправа кој ги задоволува потребите на сите граѓани и на сите националности. Јас го разбирам моментот дека сега некој […]

Со отвора новата ИПА3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка со Грција во вредност од 33 милиони евра


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и посебниот секретар на Грција за територијална соработка и структурни фондови на ЕУ, Георгиос Зервос, денеска во Солун ја отворија новата ИПА 3 Програма за финансирање на проекти за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во вредност од 33 милиони евра. На првиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет […]

Пенов: Општините бараат државни пари, а сопствените ресурси не ги користат


  Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска рече дека војната во Украина многу сериозно ги погодила општините во земјава и им ги зголемила трошоците. Според него, за првите девет месеци минатата година трошоците за енергија на општините се зголемиле за една милијарда денари. -Општините тој трошок се обиделе да го надоместат со намалување на […]

Пенов најавува реконструкција на Кардиолошката клиника во Охрид и на Институтот за дијализа во Струга


Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов за 2023 година најавува проекти од поголемо регионално значење и поинаков приод во нивната реализација. Како што рече денеска на годишната владина конференција „Година на нови можности“, ќе се реконструираат Кардиолошката клиника во Охрид, Институтот за дијализа во Струга и Институтот за белодробни заболувања во Отешево. -Во Ѓорче Петров […]

Еден милион евра не се проблем за Скопје за решавање на случајот со приватните превозници, смета Пенов


Еден милион евра не се голем проблем за Градот Скопје и за Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ и тоа не може да биде мотив за да се блокира Скопје и да се упропастат десетици милиони евра за трошоци на граѓаните за справување со последиците, вели во интервју за МИА министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. – […]