Ентузијазмот лесно може да стане ризик- Армани ги откажа ревиите во Милано и Париз


Италија – Италијанската модна куќа „Џорџо Армани“ вчера ги откажа своите машки ревии во Милано и Париз поради загриженост за безбедноста на учесниците. Во соопштението се наведува дека компанијата жали за ваквите одлуки, но тие се донесени поради влошената состојба со коронавирусот во светот. – Модните ревии се многу важни и незаменливи можности за претставување нови […]

Бајден ги повика Американците да се вакцинираат против Ковид-19


САД – Претседателот на САД, Џо Бајден упати апел до Американците да се вакцинираат против Ковид-19 бидејќи се очекува дополнително зголемување на бројот на новозаболени поради позаразниот сој Омикрон. Тој истакна дека сојот Омикрон е „многу позаразен“ но оти граѓаните можат да се заштитат. – Вакцинирајте се. Примете дополнителна доза. Носете маска во јавност, истакна Бајден. […]

Омикрон: „Вирус со најбрзо ширење во историјата“


  Омикрон е вирусот со најбрзо распространување што му е познат на човештвото. Едвај еден месец по неговото откривање во јужна Африка, новата варијанта на корона вирусот веќе е доминантна во земјите ширум светот, со повеќе случаи од кога било досега. „Тоа е неверојатно брзо ширење“, рече лекарот Роби Бхатачарја, експерт за заразни болести во […]

Холивуд нападнат од Омикрон-заразена Вупи Голдберг


САД– Славната актерка Вупи Голдберг е позитивна на Ковид-19. Дијагнозата на Голдберг ја откри Џој Бехар, една од нејзините ко-водителки на „The View“, за време на емитувањето во понеделникот. „Вупи за жал беше позитивна пред паузата, но веројатно ќе се врати следната недела“, сподели Бехар. Бехар, исто така, потврди дека здравствената состојба на Голдберг во […]

Омикрон зема замав во Шведска- заразени и кралот и кралицата


Шведска– Шведскиот крал Карл Шеснаесетти Густаф (75) и кралицата Силвија (78) се позитивни на Ковид-19, се вели во соопштението на палатата во вторникот, во услови на зголемени инфекции во нордиската нација поттикнати од новата варијанта на вирусот Омикрон. Шведска постави нов дневен рекорд за случаи на Ковид-19, покажаа најновите податоци на здравствената агенција во вторникот, […]

Омикрон детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден од Кочани


Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани. Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од […]

Омикрон го избегнува имунитетот подобро од Делта, открива данска студија


Данска – Варијантата на коронавирус Омикрон е подобра во заобиколувањето на имунитетот на вакцинираните луѓе отколку варијантата Делта, според данската студија објавена минатата недела, помагајќи да се објасни зошто Омикрон се шири побрзо. Од откривањето на силно мутираната варијанта Омикрон во ноември, научниците се тркаат за да откријат дали таа предизвикува помалку сериозна болест и […]

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин е позитивен на коронавирус


Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во неделата изјави дека е позитивен на Ковид-19 и има благи симптоми, но ќе ги задржи сите овластувања додека е дома во карантин во следните пет дена. Во изјавата, Остин рече дека побарал тест претходно во неделата, откако забележал симптоми додека се одмарал дома. „Моите симптоми се благи и […]

Фаучи: Омикрон поради високата заразност може да ги оптовари болниците


Главниот специјалист за инфективни болести на САД, Ентони Фаучи денеска предупреди дека се уште постои опасност од зголемен број на хоспитализации поради високата заразност на омикрон, иако првичните податоци покажуваат дека оваа варијанта на коронавирусот е помалку опасна. – Единствениот проблем е што ако имате толку многу случаи на инфекција, дури и ако стапката на […]

Бугарија ги пријави првите 12 случаи на омикрон


Бугарија– Бугарија денеска ги откри првите 12 случаи на варијанти на омикрон коронавирус, изјави бугарскиот главен здравствен инспектор Ангел Кунчев. „Потврдивме нова варијанта во примероци од 12 лица“, им рече тој на новинарите, пренесе Нова.бг. Кунчев рече дека се заразени најмногу од Софија и дека имале благи симптоми, а никој не е хоспитализиран.

Зошто Омикрон е помалку тежок? Тој ги поштедува белите дробови


  Низата нови студии на лабораториски животни и човечки ткива ги даваат првите навестувања зошто варијантата Омикрон предизвикува поблага болест од претходните верзии на корона вирусот. Во студиите на глувци и хрчаци, Омикрон произведува помалку штетни инфекции, често ограничени главно на горните дишни патишта: носот, грлото и душникот. Варијантата многу помалку им наштети на белите […]

Омикрон би можел да го доведе Израел до колективен имунитет


Израел– Скокот на бројот на заразени со варијантата омикрон на коронавирусот може да доведе до тоа Израел да постигне колективен имунитет, изјави денеска највисокиот здравствен функционер во земјата, додека бројот на случаи продолжува да расте. Високо заразната варијанта омикрон доведе до зголемување на случаите на коронавирус ширум светот. Бројот на заразени ширум светот достигна рекордно […]

Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради омикрон


Австрија– Виенската државна опера ги откажа сите претстави до среда поради неколку случаи на зараза со коронавирус во ансамблот. Првата претстава беше откажана во саботата кога требаше да биде изведена „Лилјакот“ на Јохан Штраус помладиот. Државната опера порано не мораше да се затвори поради случаи на Ковид-19. Повеќе од 85 отсто од персоналот се вакцинирани три пати, а ПЦР […]

Во Америка дневно се хоспитализираат 370 деца поради Ковид


  Високозаразниот омикрон сој прати бран деца во болница со рекордни бројки, пкажаа најновите податоци на американскиот Центар за превенција и контрола на болести, а дневно во болница завршуваат 370 деца. Од 22 до 28 декември се случија најмногу хоспитализации кај лица помлади од 17 години, објави ЦДЦ, пренесе „Хил“. Податокот дека дневно во болница […]

Јужна Африка: Бранот на Омикрон можеби го достигна врвот


Јужна Африка– Јужноафриканската Република го укина правилото за ноќен полициски час, а властите велат дека земјата можеби излегла од врвот на четвртиот бран на зараза со Ковид-19. Во владиното соопштение се вели дека варијантата омикрон, иако е многу пренослива, има пониски стапки на хоспитализација од претходните бранови и има маргинално зголемување на смртните случаи. Омикрон првпат се појави во […]

Омикрон е почеток на крајот


Се чини дека сите што ги познавам имаат ковид. Во претходните фази на пандемијата, повеќето од моите пријатели беа поштедени од директен допир со вирусот. Можеби порано биле многу повнимателни. Или можеби имаа само среќа. Која и да е причината, нивната добра фортуна сега истече. Седум блиски пријатели неодамна ми кажаа дека се тестирале позитивно. […]

Досега потврден еден случај на омикрон во државата, процентот на позитивност 6,7 отсто


Досега во државата е потврден еден случај на омикрон, соопшти синоќа Министерството за здравство, кое ја демантираше веста за нов потврден случај на овој сој на корона вирусот во Струга. – Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти […]

МЗ: Не е извршено секвенционирање на брис кај пациент од Струга за да се утврди присуство на омикрон сојот


Со секвенционирање на вирусот SarsCoV2 досега сојот омикрон е детектиран само кај еден пациент кој во државата пред извесно време се вратил од Велика Британија, соопшти вечерва Министерството за здравство, посочувајќи дека утврдување на присуство на сој на корона вирусот се врши единствено и исклучиво со секвенционирање, додека ПЦР тестирањето може да биде само индикација, […]

Грција со рекорден број новозаразени


Грција денеска има поголем број на заразени со корона вирусот од вчера и завчера.  Трет ден по ред, јужниот сосед урива рекорди.  За 24 часа се регистрирани 35 580 нови случаи на ковид-19, што претставува нов негативен рекорд во земјата од почетокот на пандемијата, јави дописничката на МИА од Атина. Има 424.682 направени тестови, а најголемиот дел […]

Потврден првиот случај со омикрон во Струга


Потврден е првиот случај со омикрон, новиот сој на Ковид – 19 во Струга, информира за МИА епидемиологот од Центарот за јавно здравје Јованка Струлакова – Коровешоска. Се работи за асимптоматски случај кај повозрасно лице, вакцинирано со две дози „Фајзер“. -Лицето во моментот е во изолација. ПЦР тест правеше пред една недела заради патување во […]