СЗО: Половина милион починати откако е откриен сојот омикрон


Светската здравствена организација изрази жалење бидејќи половина милион луѓе во светот починале откако е откриен сојот омикрон на коронавирус, иако постојат вакцини, нарекувајќи го бројот „повеќе од трагичен“. – Иако целиот свет се изјасни дека омикронот е побенигнен, половина милион луѓе починаа откако е откриен, изјави претставникот на СЗО, Абди Махамуд. Тој истакна дека „во […]

Дали во Македонија стигна варијантата на Омикрон БА.2?


Примероци од пет пациенти тестирани за КОВИД-19 со наменски тестови кои ги користи Институтот за јавно здравје се селектирани за секвенционирање, кое почнува во понеделник, а дали кај нив ќе се потврди присуство на варијантата на омикрон позната како БА2 ќе се знае по завршувањето на секвенционирањето односно по една недела. Официјалниот извештај ќе следи […]

Подваријантата на Омикрон е откриена во 57 земји


Швајцаарија– Подваријантата на омикрон која, според некои истражувања, би можела да биде позаразна од оригиналната варијанта на коронавирусот, е откриена во 57 земји, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Варијантата на коронавирус омикрон, која брзо се шири и мутира, стана доминантна варијанта во светот откако за првпат беше откриена во јужна Африка пред десет недели. Светската здравствена организација […]

Омикрон е „поблаг сој“ и во комбинација со вакцинација може да значи крај на пандемијата


 Бројот на починати во Европа во однос на оној на заразените, навестува дека омикрон е навистина „поблаг сој“. И покрај зголемениот број новозаразени во светот со појавата на омикрон, варијанта на корона вирусот, неделните извештаи за смртни случаи се релативно „стабилни“ и не покажуваат значаен скок од октомври минатата година, пренесува Кликс. Иако според досегашните […]

Подваријанта на омикрон станува доминантна во делови на Европа и Азија


Англија – Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите веќе го достигна врвот во некои земји. Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата позната како BA.2, која почнува да […]

„Спутник лајт“ обезбедува тримесечна заштита од омикрон


Истражувањето на руската вакцина „Спутник лајт“ покажа дека лицата кои ја примиле вакцината како трета доза ќе бидат 100 отсто заштитени од сојот омикрон во текот на три месеци, изјави за телевизијата „Русија 1“ директорот на Центарот „Гамалеја“, Александар Гинцбург. Тој изјави дека 75 отсто од вакцинираните со Спутник В имаат антитела кои го неутрализираат […]

„Модерна“ во фаза на клинички испитувања на засилувачка доза вакцина, насочена против омикрон


Американската компанија Модер на синоќа објави дека започнала клинички испитувања на засилувачка доза на вакцина дизајнирана специјално за борба против варијантата на коронавирусот Омикрон. Во истражувањето учествуваат вкупно 600 возрасни лица, од кои повеќето примиле две дози од вакцината Модерна пред шест месеци. Но, има и такви ревакцинирани пред три месеци. Така, новата вакцина ќе […]

Новата подваријанта на Омикрон забрзано се шири


Уште кај првата Омикрон варијанта БА.1 знаевме дека е многу позаразна од претходните соеви на коронавирусот. Сега доаѓа подваријантата БА.2, со неа во првите десет дена од јануари во Велика Британија се инфицирале најмалку 400 луѓе. Во меѓувреме, новата подваријанта е регистрирана во преку 40 земји. Линк до целиот текст на Дојче Веле тука

СЗО: Омикрон создава високи ризици за здравјето


Нивото на ризик поврзано со варијантата Омикрон останува многу високо, соопшти СЗО, откако бројот на нови случаи на Ковид-19 достигна нов рекорд минатата недела. – Пријавени се повеќе од 21 милион нови случаи, што е најголем број неделни случаи пријавени од почетокот на пандемијата, соопшти Светската здравствена организација во своето неделно епидемиолошко ажурирање за коронавирусот. Здравствената агенција на ОН […]

„Фајзер“ почна испитување на вакцина против омикрон


САД– Компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“ почнаа клиничко испитување на вакцина против сојот омикрон на коронавирусот. Студијата ќе ја процени безбедноста, подносливоста и нивото на имунолошкиот одговор, а во испитувањето се вклучени повеќе од 1.400 луѓе. – Иако постоечките истражувања и податоци покажуваат дека засилувачките дози на вакцината продолжуваат да обезбедуваат високо ниво на заштита од […]

СЗО: Дефинитивно не е крај на корона вирусот


  Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Гебрејесус оцени дека во моментот идеални се условите за појава на уште соеви од корона вирусот. Тој денеска изјави дека би било опасно да се помисли дека исклучително заразниот омикрон сој е последен кој ќе се појави во светот и дека тој ќе биде крај на пандемијата. […]

Клуге: Омикрон може да стави крај на пандемијата на Ковид во Европа, но можни се изненадувања


 Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на Ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге. – Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата“, изјави вчера Клуге за АФП, додавајќи дека до март 60 […]

СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот


Високата претставничка на Светската здравствена организација Марија ван Керхове денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија. – Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде […]

Премиерката Ардерн ја откажа свадбата откако воведе нови мерки против Омикрон


Нов Зеланд– Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, ја откажа својата венчавка откако воведе нови коронамерки во земјата поради ширењето на омикрон. Во целата земја ќе важи највисокото ниво на рестрикции, што подразбира и носење маска во продавници и јавен превоз и ограничување на собирите на 100 вакцинирани луѓе. Ардерн истовремено потврди дека ја откажува […]

СЗО: Ризикот од омикрон останува многу висок


Светската здравствена организација (СЗО) денеска издаде соопштение за омикрон, во кое се наведува дека ризикот поврзан со оваа варијанта останува „многу висок“. – Врз основа на достапните докази, ризикот поврзан со омикрон останува висок. Омикрон расте многу побрзо од делтата, што доведува до големо ширење во заедницата, а со тоа и поголема инциденца отколку што […]

Пандемијата нема да ја надминеме брзо, вели австрискиот канцелар


Австрискиот канцелар Карл Нехамер истакна дека пандемијата со коронавирусот нема да биде надмината толку брзо. За разлика од неговиот претходник Себастијан Курц, Нехамер не верува дека наскоро ќе може да се постигне тој статус. Тој во изјава за неделникот „Профил“ вели дека има промена на парадигмата со сојот Омикрон. „Мораме да се подготвиме за нови […]

Во Шведска рекордни речиси 40.000 новозаразени за еден ден


Во Шведска во последните 24 часа е регистриран рекорден број на новозаразени со коронавирусот – 39.938, соопшти денеска Шведската здравствена агенција. Претходниот рекорден број од 39.321 заразени со Ковид-19 беше забележан два дена порано, на 18 јануари. Шведската влада неодамна воведе нови ограничувања бидејќи позаразната варијанта на омикрон брзо се шири и го оптоварува здравствениот систем на земјата.

Секој ден во светот има по три милиони новозаразени со Ковид-19


Повеќе од три милиони новозараени со коронавирус дневно беа пријавувани во просек во светот помеѓу 13 и 19 јануари, повеќе од петпати повеќе отколку на крајот на ноември кога се појави сојот Омикрон. Во изминатите седум дена во просек биле пријавени 3.095.971 случај на ден, што е зголемување за 17 отсто во однос на претходната […]

Во Словенија повторно над 10.000 заразени, врвот на бранот се очекува на почетокот на февруари


Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 10.288 нови заразени со коронавирус, што е помалку од вчерашниот рекорд од над 12.000 случаи/ Словенечките власти проценуваат дека ситуацијата е тешка, но е под контрола, со предвидувања дека врвот на овој бран ќе биде во првата недела од февруари. 

Петличковски: Предлозите за укинување на анти-ковид мерките заради колективен имунитет се хазардерски


  Некаде околу пикот сме на сојот Омикрон, имајќи предвид дека и во земјите во соседството и во земјите во Западна Европа, овој последен бран на корона инфекцијата се ширеше многу брзо и многу побрзо стивнуваше, истакна вечерва директорот на Институтот за имунологија, д-р Александар Петличковски. Тој не очекува во следните месеци и години короната […]