Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го забавивме темпото


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон. -По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на […]

Нуредини: Се наоѓаме на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена кон претстојната зелена транзиција


Нашата држава заедно со другите држави од Западен Балкан  се наоѓа на клучна точка на одлучување и фундаментална структурна промена во врска со претстојната зелена транзиција,  а државите стануваат посвесни за неопходноста и придобивките од транзицијата кон чиста енергија. Ова денеска го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на панелот на Европската […]

Нуредини: Напредокот во животната средина е евидентен


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествува на  9-та Министерска конференција за животна средина за Европа, што од 5-ти до 7-ми октомври се одржува во Никозија во Кипар  и е фокусирана на одржлива инфраструктура, одржлив туризам и образование за одржлив развој. Во рамките на Министерската конференција се организирани повеќе придружни настани. Министерот […]

Се раскинуваат Договорите за концесија за седум мали хидроелектрични централи во Националниот парк Шар Планина


На иницијатива на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната Седница, Владата ја усвои информацијата во врска со статусот на Договорите за концесија на малите хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување на Национален парк Шар Планина, за кои се водеше постапка за спогодбено  раскинување на […]

Нуредини: При загревањето на домовите граѓаните да не користат материјали кои ја загадуваат околината


 Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи при тоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина. – Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме […]

Нуредини: Ние инсистираме да се увезе јаглен и мазут по стандарди


Без разлика што се очекува тешка зима во однос на набавката на енергенси, Министерството за животна средина и просторно планирање инсистира увезените енергенти да бидат по зацртаните стандарди, за дополнително да не се загадува воздухот. – Сите се бориме да обезбедиме струја, енергија за сите граѓани и за приватниот сектор. Да, за жал така е, […]

Нуредини: Идентификуваме нови НАТУРА 2000 подрачја и спречуваме трговија со загрозени видови на флора и фауна


  Претставници на повеќе министерства, јавни претпријатија за шуми, за пасишта, национални паркови, државни инспекторати, сектори за туризам, лов, риболов и слични засегнати страни денеска во Тетово со учество на конференција започнаа проект со цел идентификација на нови зони кои ќе станат дел еколошката мрежа на Европската Унија наречена Натура 2000. Проектот е наречен „Подобрување […]

Нуредини: Термоелектраните имаат А интегрирана дозвола, ќе има контроли дали се почитуваат стандардите


  Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел […]

Нуредини: Ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории. -Тоа не […]

Нуредини: Доколку е во ред понудата за Чебрен, ќе се потпише во ноември


Имаме уште 50 денови да направиме евалуација на понудата и потоа, кон почетокот на ноември ќе утврдиме дали е се во ред и ќе преминеме кон потпишување на договорот за Чебрен, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, осврнувајќи се на проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен. – Чебрен е еден […]

Само ППС од Грција испратила комплетна понуда за хидролектраната „Чебрен“


  Грчката државна компанија за производство на енергија ППС (или ДЕИ) е компанијата која до Министерството за животна средина и просторно планирање испрати комплетна понуда за доделување концесија за користење на водата на Црна Река. На јавниот повик освен од оваа компанија, пристигна понуда и од компанијата „ЕДФ“ од Франција која е необврзувачка и не […]

Нуредини: Екологијата не се заборава заради енергетската криза


Владата никогаш не ја заостави животната средина и стандардите кои се предвидени. Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив, го имплементираме Законот за отпад, а веќе правиме и закон за водите и за индустриските зони. Никогаш не сме заборавиле на тој аспект, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната […]

Нуредини: Ќе се финансираат инфраструктурни проекти во Гази Баба, Арачиново и Богданци


  Владата на денешната седница, по предлог на министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, ги усвои Информацијата за повеќегодишната јавна набавка за финансирање на активностите за изградба на фекална канализација во населеното место Страчинце, Општина Гази Баба, Информацијата за финансирање на активностите на Проектот – Регулација на дел од Ободен канал во […]

Нуредини: Бизнисите мора и треба да бидат водечки во енергетската транзиција во регионот


Денеска во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, Мрежата за климатска акција на Европа (CAN Europe) и Центарот за истражување и информирање за животната средина – Екосвест, се одржа хибридна тркалезна маса на тема “Можностите и предизвиците за бизнис секторот од воведување механизми за оданочување на јаглеродот во регионот на Западен Балкан”. […]

Нуредини: Посветени сме на деактивирање на електраните на јаглен и инвестираме во обновливи извори


Во рамки на глобалниот состанок за животна средина „Стокхолм +50“, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини се обрати на третиот лидерскиот дијалог „Забрзување на имплементацијата на еколошката димензија на одржливиот развој”. Потенцирајќи ги националните климатски цели што веќе се вградени во низа стратешки, плански и правни документи, министерот Нуредини, како што информираат […]

Нуредини не очекува дека скапата струја ќе ги врати домаќинствата да се греат на дрва


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не очекува дека со растот на цените на струјата повеќе домаќинства да се вратат на затоплување со дрва и со тоа да имаме зголемено загадување оваа зима. Нуредини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, ваквиот став го објаснува со тоа дека предлогот за зголемување на […]

Нуредини: Очекуваме во Собрание да помине Законот за долг и да го уредиме трајно прашањето за управување со отпадот


Со пари од Европска банка за обнова и развој ќе се направат регионални депонии со претоварни станици и ќе се набават контејнери и камиони за собирање на отпад за сите плански региони. Очекуваме во Собрание да помине Законот за долг и за првпат од независноста да го уредиме трајно прашањето за управување со отпадот во […]

Нуредини: За да постигнеме јаглеродна неутралност до 2050 треба да се направи многу


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на покана и во организација на Енергетската заедница, денеска во Брисел, учествуваше како панелист на настанот на високо ниво на Прекуграничниот механизам за прилагодување на јаглеродот (ЦБАМ), кој е во завршна фаза на усвојување од страна на Европскиот парламент. На настанот, високи претставници на Енергетската заедница […]

Од продажбата на биоразградливи кеси собрани 44 милиони денари, ќе се купуваат контејнери за селектирање отпад


 По донесувањето на мерката за забрана за пластични кеси, односно по дозволената продажба само на биоразградливи кеси за кои се наплатува надомест од 15 денари во специјалниот фонд за животна средина, во период декември лани и првите три месеци од годинава се собрани 44 милиони денари. Со тие средства, како што појасни денеска министерот за […]