Со кредит од ЕБОР и донации од ЕУ и Швајцарија ќе се воспоставува европски систем за управување со цврст отпад


Нашата земја првпат ќе воспостави регионални системи за управување со цврст отпад по европски стандарди, соопштија Министерствот за финансии и Министерствот за животна средина. Средствата ги обезбеди Министерството за финансии, а проектот ќе се имплементира преку Министерството за животна средина и просторно планирање. За реализација на овој проект денеска министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот […]

Нуредини: Ќе инвестираме 55 милиони евра во регионални депонии и за инфраструктура


Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Нуредини во Дневникот на […]

Нуредини: По вонредната инспекција во УСЈЕ, ако има неправилности ќе има санкции


Откако вчера, градоначалничката на Скопје Данела Арсовска се закани со кривична пријава за Цементарница Усје, заради зголемено загадување, а тие демантираа, денеска министерот за животна средина Насер Нуредини, вели дека по наодот на вонредната инспекција, ќе има санкции ако има неправилности. – Го разгледуваме извештајот од вонредната инспекција на „Усје“ и ќе продолжиме со тие […]

Буџетот за животна средина за 2023 година изнесува 978 милиони денари, 352 милиони наменети за Програма за инвестиции


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција во Влада информираше дека буџетот за животна средина за 2023 година изнесува 978 милиони денари, нагласувајќи дека со него, МЖСПП ќе вложува во подобра иднина за граѓаните преку изградба на нови пречистителни станици, чиста вода за пиење, решавање на проблемот со отпадот […]

Нуредини уште го чека извештајот од Финансиска полиција за А-интегрираната дозвола за „Дрисла“


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со издавањето на А-интегрирана дозвола за депонијата „Дрисла“ без да биде извршен увид, рече дека сè уште го немаат добиено извештајот од Финансиска полиција, но дека ќе вршат внатрешна ревизија за постапката и ќе постапуваат согласно […]

Нуредини на средба со високи меѓународни претставници за еколошките предизвици


Во рамки на CBD#COP15, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари низа билатерални средби со високи претставници на меѓународните организации UNECE, IUCN и UNEP на кои се зборуваше за тековните заеднички активности и за можните области за продолжување и проширување на поддршката што истите ја пружаат на нашата држава во областа животна […]

Нуредини: Заштита на биолошката разновидност е можна само со добро воспоставена глобална рамка и механизми за соработка


Ја препознаваме регионалната соработка како важен елемент во ефективното спроведување на Глобалната рамка за биолошка разновидност по 2020 година и нејзиното следење и известување на регионално ниво. Особено сум горд сум што ја зголемивме покриеноста на заштитените подрачја за 5 отсто во изминатиот период, паралелно со преземањето значителни напори за подобрување на нивната ефикасност во […]

Завршува чистењето на линданот од Охис со УНИДО, продолжува со УНОПС


Mинистерството за животна средина и просторно планирање и Канцеларијата за перзистентни органски загадувачи денеска го одржаа завршниот настан од проектот „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со изомери на линданот во ОХИС“. Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, министерот Насер Нуредини, […]

Подготвена тендерската документација за системот за управување со отпад во источните и североисточните региони


 Подготвена е тендерската документација за инфраструктурниот проект „Воспоставување на интегриран самоодржлив регионален систем за управување со отпад во источните и североисточните региони“, финансиран од ИПА 2 Секторска оперативна програма за животна средина и климатска акција, информираше министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Како што рече, планирано е до крајот на неделава да […]

Нуредини: Со парите од Фондот за управување со отпад ќе се набават 5.000 контејнери


Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП) ја подготвува Програмата за финансирање на управување со посебни текови на отпад, која е креирана за враќање на средствата собрани од надоместокот за биоразградливи кеси за транспорт на стока во проекти за животна средина. До крајот на годинава се очекува да бидат собрани вкупно 120 милиони денари, информираше […]

Бесими-Нуредини – Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти


  Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова […]

Нуредини: Вложениот труд дава резултати – усвоен Законот за заем за финасирање на регионалниот проект за цврст отпад


На денешната 73. седница на Собранието усвоен е Предлог законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за финансирање на Регионалниот проект за цврст отпад. -Со изгласувањето на овој Закон ќе се пристапи кон потпишување на Договор со Европската банка за обнова и […]

Нуредини: За зелената агенда не смее да има политика, потребна е долгорочна стратегија


Зелената агенда треба да ја спроведеме заради нас, за граѓаните, но тоа не е ништо што може да се реализира преку ноќ. Неопходна е долгорочна стратегија, а за тоа треба да седнеме сите заедно. Политика во зелената агенда нема и не смее да има, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на […]

Дваесет садници од „Еко-свест“ во Градски парк – енергетската криза да биде мотив за енергетска транзиција кон обновливи извори


Урбаното зеленило има важна улога во прочистувањето на воздухот, особено во ова време од годината, поради местоположбата на главниот град, но и засилената урбанизација, а сега дополнително и заради енегргетската криза. Зеленилото трбеба да се чува, негува и проширува секаде каде е возможно, вклучувајќи ги и нашите домови, изјави денеска министерот за животна средина и […]

Пет големи компании побарале да користат дизел во случај на недостиг на гас


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини смета дека компаниите треба да продолжат да користат гас, а не да се оди на понееколошки варијанти како дизел и мазут. Тој тврди дека гас има. – Има гас, јас го кажувам тоа бидејќи доаѓам од сектор инвестиција, сите знаеме дека има гас, рече Нуредини. […]

Нуредини: Европа може да биде лидер во зелената и дигиталната трансформација


На маргините на Европскиот самит во Прага министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари повеќе средби на кои дискутираше за улогата и поврзаноста на зелениот и дигиталниот развој, можностите за паралелен развој на зелените и дигиталните трансформации и можностите Европа да има глобална лидерска улога во двојните трансформации, соопштија од Министерството за […]

Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија


На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску. На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за […]

Нуредини на Конвенцијата на ООН за климатски промени: „Праведната транзиција“ останува приоритет за земјите во развој


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, од 7-ми до 9-ти овој месец, учествува на 27-от состанок на страните на Рамковната Конвенција на ООН за климатски промени (UNFCCC), потврдувајќи ги заложбите на државата за преземање на својот дел од глобалните обврски за постигнување на целите на Договорот од Париз. -Како држава страна […]

Во средината на ноември одлука за грчката понуда за хидроелектраната Чебрен


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информира дека комисијата која оценува дали е прифатливата понудата од Грција за изградба на хидроценталаната Чебрен кон средината на ноември, како што рече, најверојанто ќе донесе конечна одлука. Нуредини ова го изјави од Тетовско каде се во тек изведбените работи од проектот за подобрување на […]

Нуредини: Чебрен ќе снабдува со струја 180.000 домаќинства


  Хидроелектраната Чебрен ќе има инсталирана моќност од 333 мегавати и потенцијал од многу повеќе. Ќе работи во каскаден систем со постојната ХЕЦ Тиквеш која е на истиот слив на Црна Река, што значи дека ќе биде каскаден систем со над 400 MW. Сепак, важноста на оваа инсталација не е само додадениот капацитет, туку улогата […]