Минимална плата


Работниците успеаја да издејствуваат зголемување на минималната плата на 18 илјади денари, и тоа без одложување, веќе од март оваа година и без парцијално зголемување „на рати“, туку во целост и веднаш. Гледано од овој аспект, ова е голема победа на синдикатите кои поддршка најдоа и кај Владата. Таа не само што застана зад нивните […]

Сонот за неработна недела


Сонот наречен неработна недела конечно се остварува. Тоа во новата 2022 година ќе донесе вистинска револуција во навиките на потрошувачите во Македонија, но и за правата на вработените и за обврските на работодавците. Дали новите решенија ќе бидат за доброто на целата економија ќе се покаже брзо, откако ќе почнат да се применуваат новините во […]

Невакцинирани контра вакцинирани


Дали во една иста просторија (во јавните установи, болниците, но и во фабричка хала, магацин, канцеларија…) може заедно да работат вакцинирани и невакцинирани против Ковид-19, без оглед дали се почитуваат другите мерки за заштита од зараза, како што е носењето маски или држењето физичка дистанца? Или, за да се овозможи ова, невакцинираните ќе мора да […]

Важен чекор кон енергетска транзиција


Македонија штотуку направи голем чекор кон остварување на целта за енергетска транзиција и премин кон зелена енергија. Договорот што беше потпишан во вторникот со „Впд“ (Wpd), реномирана германска компанија специјализирана за планирање и реализирање на проекти со енергија на ветар и сонце ги прави таквите намери реални и остварливи. Како што е познато, станува збор […]

Страв од инфлација


Статистиката официјално го потврди она што сите веќе го знаат – дека цените се во пораст и дека за ист износ на пари денеска се добива помалку од вчера, и за жал, утре веројатно помалку од денес. Колку уште ќе растат цените е „прашање од милион долари“. Годинава не само кај нас, туку и во […]

Eкономскиот раст наречен желба


Трите децении независна држава, покрај неспорните придобивки во одделни општествени сегменти, покажаа дека на планот на економијата е направено недоволно, дури и премалку, за поголема позитивна оцена. Можеби некому ова ќе му изгледа престрого, имајќи предвид дека во изминатите три децении Македонија се соочуваше со енормни предизвици со кои тешко би се справиле и поголеми […]

Чекорење во место со кредитниот рејтинг


Ниту една владејачка гарнитура во изминатите 17-тина години, како оние предводени од СДСМ, така и од ВМРО-ДПМНЕ, а во кои како константа е ДУИ, не можат да се пофалат дека на земјата ѝ обезбедиле инвестициски кредитен рејтинг. Деновиве повторно се разгоре политичката пресметка околу оцената на кредитниот рејтинг што го доби Македонија од една од […]