Колку ќе ја чини Македонија „дизел-туризмот“


Македонија со нафтени деривати речиси целосно се снабдува од соседна Грција, но грчки граѓани од пограничните места сега доаѓаат кај нас да наточат дизел или бензин. Оваа по малку апсурдна ситуација е резултат диспаритетот на малопродажните цени, кои во Грција се многу повисоки отколку кај нас. Слични се состојбите и на границата којн Албанија, Косово […]

Може ли Македонија да издржи уште една криза


Финансиска, здравствена, безбедносна, енергетска… кризите како на филмска лента се менуваа изминатите дваесетина или нешто повеќе години што доведе до бројни потреси и голема неизвесност. Од нив не беше поштедена ниту Македонија, која се справуваше со предизвиците како што знае и умее, а тоа значи најчесто прилично трапаво и невешто. Наместо кризите да се искористат […]

Чија е заслугата за СЕПА


Граѓаните и компаниите во земјава од вчера плаќањата во евра кон странство можат да ги извршуваат многу поевтино и побрзо отколку до сега, преку домашните банки во рамки на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Тоа на нив, но и на државата во целина ќе им донесе милиони евра заштеди во текот на годината, […]

Градоначалниците удрија на „леб и игри“, но што е со клучните проблеми


Општинските татковци удрија на забава – речиси секојдневно се одржуваат или се во најава концерти, перформанси, журки… Вистински период на „леб и игри“ во пресрет на локалните избори оваa есен, додека клучните проблеми на граѓаните остануваат на маргините. Вниманието на младите летово се привлекува со звучни домашни, но и меѓународни музички ѕвезди, што во овие […]

Далеку е Скандинавија


Премиерот Христијан Мицкоски деновиве, при посетата на Штип, се пофали дека на локално но и на централно ниво покажале дека институциите во Македонија „можело да се менаџираат без афери кои што ќе значат криминал, корупција, злоупотреба“. Или, како што го сублимираше во неколку збора: „покажавме европско, би рекол скандинавско управување“. Оваа негова изјава беше дадена […]

Во економијата нема алхемија и светот не е розов: Што нѐ чека во 2025


Минатата година заврши со инфлација од 3,5 отсто, што е во границите на очекувањата, но и со намалена трговска размена со светот (за периодот јануари – ноември лани), при што падот на извозот е поголем од оној на увозот, што наметнува многу прашања што нѐ очекува во 2025 година на економски план. За мала и […]

Големите ветувања го надуваа буџетот


Кога во предизборието ќе се оди со големи ветувања со кои се обидува да се освојат гласачите, резултатите не може да бидат поинакви од она што се доби – уште еден рекорден буџет и уште поголем буџетски дефицит. Работата да биде уште попроблематична, зголемените буџетски трошоци се предлагаат во услови на надолно ревидирање на економската […]

Секоја влада има своја милијарда


Почна со „милијардата на Циле“, ги паметиме и инвестициските бумови од осум милијарди на тогашниот премиер Никола Груевски, и на минатата влада на СДСМ која најавуваше 5 милијарди евра, а сега дојде на ред и милијардата (евра) која ја соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како сосема извесен мандатар за формирање на новата влада. Претходните […]

Енергетска конфузија


Енергетските проекти во земјава немаат среќа да се придвижат кон нивната реализација. Најавувани со голема помпа како пресврт кон неопходната енергетска транзиција на земјава, сега се на до бар пат да бидат ставени ад акта или да чекаат подобри времиња. Или, во најмала рака да го чекаат конституирањето на новиот парламент и новата влада. Ако […]

Дали „Чебрен“ се става ад акта?


Мега проектот „Чебрен“ вреден една милијарда евра се сопна пред да почне неговата реализација. За разлика од претходните 13 (неуспешни) тендери во изминатите три децении, овој пат се чинеше дека работата е готова, откако Владата минатата година ги избра грчките ППЦ – „Архиродон“ дека ги исполнуваат условите за градење на најважниот хидроенергетски капацитет во Македонија. […]

Бугарската такса може да го дотепа македонското стопанство


Она што до сега не им успеа ниту на здравствената, ниту подоцна на економската и енергетската криза во Европа, сега тоа може да го направи едностраната мерка на Бугарија со воведување такса за транзит на рускиот гас – да го дотепа македонското стопанство. Поскапување од 20 отсто на цените на струјата и на греењето, на […]

До кога ќе растат каматите


Не им е лесно на оние кои имаат кредити во банките, особено на корисниците на станбени кредити на кои им е поминат „медениот месец“, односно периодот на релативно ниски фиксни камати, а кои по правило е за првите три или пет години од отплаќањето на ратите. Причината се променливите каматни стапки кои во изминатиот период […]

Битка за секој вработен


Проблемот со наоѓање квалификувани и квалитетни работници станува сѐ поизразен, а како што стојат работите, тој допрва ќе се заострува. Тоа го посочуваат и работодавците, но и отворените огласи за вработување кои што не можат да се пополнат. А, дека проблемот ќе станува поголем, го навестуваат и информациите за бројот на запишани првоодделенци, кој е […]

Како трката по субвенции доведе до криза со лебот


Владата им наложи на пекарите да продаваат леб по замрзната цена и да произведуваат најмалку 80 отсто бел и полубел леб во однос на количеството производено во декември лани. Ваквиот експресен потег беше очекуван, откако минатите два дена рафтовите за леб во повеќето продавници осамнаа празни, по радикалната реакција на компаниите од мелничко-пекарската индустрија да […]

Го достигна ли инфлацијата врвот?


Го достигна ли инфлацијата врвот или податоците за последните два месеци од минатата година се само затишје пред бурата која што нѐ очекува годинава? Многумина здивнаа кога Државниот завод за статистика деновиве ги објави податоците за порастот на трошоците на живот за 2022 година, преку кои кај нас се мери стапката на инфлација. Конечниот резултат […]

Голем страв од струен домино ефект


Цената на електричната енергија може да предизвика „струен“ домино ефект врз целата економија доколку нешто не се случи или пак не се преземе во наредниот период. На ова веќе подолго време укажуваат домашните стопанственици, но исти пораки стигнуваат и од други европски држави. Дали во тоа може да помогне „операцијата термометар“, односно сетот мерки и […]

А сега, економијата е на ред


Деновиве, кога зад нас е еден тежок и мачен период во кој во преден план беа докажувањата (и обвинувањата) кој е патриот, а кој предавник, време е конечно фокусот да се стави на економијата – на проблемите на компаниите и на граѓаните кои бараат итно решавање. Би било преоптимистички да се очекува дека наредните месеци […]

Може ли силниот долар да ја загрози македонската економија


  Порастот на вредноста на доларот во последните недели загрижи многумина кои се прашуваат дали ваквиот тренд ќе се одрази врз националната валута денарот и врз домашната економија. Економистите велат дека нема простор за загриженост бидејќи Македонија и трговски и валутно главно е врзана за еврото. Јавниот долг претежно е изразен во заедничката европска валута, […]

Зимата ќе биде тешка, но како да се помине летото


Нѐ очекува тешка и неизвесна зима – е една од најчесто повторуваните реченици што може да се слушне изминатиот период од страна на политичарите, кои предупредуваат на економската криза која најмногу се гледа преку постојаниот раст на цените на храната и на енергенсите. Зимата, бездруго, ќе биде тешка и неизвесна, но прашањето е како да […]

Долга економска зима


Руската инвазија врз Украина донесе огромни страдања на луѓето од погодените подрачја, но и долга и неизвесна економска зима во светската, пред сѐ европската, а со тоа и во македонската економија. Ова е неподелено мислење на економистите кои предупредуваат дека во глобални рамки земјите се соочуваат со период на економска стагнација проследена со висока инфлација […]