Меџити: По 9 години, ги ажурираме упатствата за практикување медицина заснована на докази


Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денеска оствари средба со работната група, која ќе работи на ажурирање на упатствата за практикување медицина заснована на докази (МЗД). Министерот оваа група ја формира со цел да им се овозможи на лекарите и на здравствените работници ажурирани и независно прегледани медицински содржини засновани на докази како еден од […]

Меџити ќе го истражи случајот во Центарот за јавно здравје во Куманово каде без микробиолог се издавале лабораториски резултати


Министерот за здравство фатмир Меџити најави дека инспекција во Центарот за јавно здравје – Куманово поради наводите дека се издаваат лабораториски резултати на пациентите, иако овој центар има забрана за вршење на дејност од Државниот инспекторат бидејќи нема микробиолог кој треба да им ги прочита резултатите. -Пред два дена сум запознаен за тоа дека нема […]

Меџити: Отворени нови специјализации, годинава прв пат и на Медицинскиот факултет во Тетово


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска одржа средба со деканите на медицинските факултети во Скопје, проф. д-р Соња Топузовска, во Штип, проф. д-р Милка Здравковска  и претставник од деканатот на Медицинскиот факултет во Тетово, проф. д-р Невзат Елези. На состанокот, како што информира Министерството за здравство, се разговараше за објавените нови огласи за специјализации на […]

Министерот Меџити најави реновирање на повеќе клиники во Скопје


  Психијатриската клиника, клиниката за радиологија, КАРИЛ, се дел од зградите на Клиничкиот центар во Скопје кои ќе бидат реновирани во следниот период, каде се планира и изградба на катни гаражи за да се реши проблемот со паркирањето. Дополнително, тече и постапката за изградба на болницата во Штип, каде беше раскинат договорот, затоа што според […]

Меџити: Додека јас сум министер, доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има


– Додека сум јас министер доцнење на набавки за лекови повеќе нема да има, порача министерот за здравство, Фатмир Меџити, на средбата со претставниците на Сојузот на здруженија на дијабетичари. Во текот на разговорот, каде беа присутни и стручни служби на министерството, надлежни за проблематиката, меѓу кои и претседателот на Комисијата за дијабетес, Ирфан Ахмети, […]

Меџити: Лично ќе иницирам инспекциски надзори и при најмал сомнеж за оштета на пациенти


Лично ќе иницирам инспекциски надзор за секој случај за кој постои и најмал сомнеж за оштета на пациенти, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната работна средба со директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Рената Младеновска. На средбата која се реализираше по иницијатива на министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, беше […]

Меџити: За Клинички центар заинтересирани англиска и турска компанија


Клиничкиот центар е проект што останува како приоритетн во мојот фокус. Тоа прашање бара многу подготовки. Заинтересирани се англиска и турска компанија, но и други компании, истакна министерот за здравство Фатмир Меџити одговарајќи на новинарско прашање по повод 100 дена од стапувањето на министерската функција. -Тоа е многу добар капитален проект и треба да се […]

Меџити утрово пиел кафе со Јовев, но одлуката за разрешување не ја менува


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска информираше дека првото утринско кафе го испил со докторот Сашко Јовев и дека тој ќе продолжи да работи во Клиниката за кадриохирургија. -Ќе се посвети повеќе на пациентите и работата. Ќе ја има мојата потполна поддршка како доктор и професор за понатамошната работа. Ќе видиме дали ќе има нов […]

Јовев себеси се гледа на Кардихирургија, а не како советник на Меџити


Професор д-р Сашко Јовев во врска со понудата на министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска упати повик до него да биде негов национален советник за кадриохирургија, откако вчера го разреши, како што тврдеше поради неработење и нерегуларности, рече дека тоа е голема чест, но неговото место е на Клиниката за кардиохирургија. Јовев, кој вчера […]

Меџити го повика Јовев да му биде национален советник за кардиохирургија


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска упати повик до разрешениот директор на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, проф. д-р Сашко Јовев да биде негов национален советник за кардиохирургија. – Буџетот што го наследив, беше многу дефицитарен. Имаме барање од Кардиохирургија, претходно во разговор со професорот и други колеги и со ребалансот на буџетот сум подготвен […]

Меџити на брифинг ќе ги каже причините за смената на д-р Јовев


Во 15 часот службите од Министерството за здравство ќе ги свијаат медиумите на брифинг, каде ќе се изнесат причините за смената на дирекоторот на Клиниката за кардиологија, д-р Сашко Јовев, кој пак закажа прес-конференција за 12 часот. Тоа што Јовев е успешен во трансплантација на срце, Меџити смета дека е заслуга не само на  „самиот […]

Меџити го разреши д-р Јовев: Веќе нема директори кои седат и спијат по 10 години


Министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши директорот на Клиниката за кардиохирургија, д-р Сашко Јовев, кој го предводеше тимот што ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија. Меџити на промоцијата на новата онлајн услуга за електронска регистрација кажа дека д-р Јовев е разрешен. -Веќе нема директори кои седат и спијат по 5-10 години и […]

Меџити ги повика нашите хирурзи да прават операции бесплатно за викенд


Министерот за здравство Фатмир Меџити ги повика и македонските хирурзи да изведуваат операции за време на викендите без надоместок за да се намали листата на чекање за интервенции. Министерот смета дека ако колегите од Ниш го практикуваат тоа, и нашите хирурзи може да го следат нивниот пример. – Ајде позитивната приказна од Ниш да ја […]

Радиолозите ќе можат да читаат резултати и од дома, ако сакаат повисока плата


Здравството е во лоша состојба, признава министерот Фатмир Меџити, но вели дека има визија за реформа во здравството, со веќе најавената дисперзија на лекари низ внатрешноста, за да не мора пациентите да доаѓаат до Скопје, да трошат пари и време, туку специјалистите да им бидат достапни во нивниот град, а апаратурата која фаќа прашина, да […]

Меџити: Најдобри сме во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза


 Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека сме најдобри во регионот во обезбедување терапија за мултипла склероза. – Ние во делот на мултипла склероза, јас како невролог професионалец ви тврдам со одговорност, дека сме најдобри во регионот за обезбедување на терапијата. И ќе продолжиме, ќе се стремиме што повеќе пациенти да вклучиме и бројот […]

Министерот Меџити најавува најквалитетни лекови, при крај постапката за новата позитивна листа


При крај се подготовките за ревидирање на позитивната листа на лекови и за околу една недела, заинтересираните компании ќе бидат повикани да аплицираат. Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска изјави дека станува збор за голема проблематика, што трае над 10 години, а со ревидирањето на листата пациентите ќе добијат најквалитетни лекови. – Деновиве сме при […]

Клиничкиот центар од 2024 година без економски директори


Министерот за здравство Фатмир Меџити најави дека од јануари 2024 Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе функционира со еден генерален директор, а позициите за економски директор ќе бидат укинати. – Ова е проблем што лично многу ме мачи и од почетокот на мандатот оваа информација ми е подготвена, напорно работам на овој проблем кој е горлив […]