Меџити: Изградбата на Поликлиника Сарај е во завршна фаза, следните денови ја пуштаме во употреба


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека изградбата на Поликлиниката Сарај при Здравствен Дом – Скопје е во завршна фаза и во следните денови треба да биде пуштена во употреба.   – Ново, убаво, чисто и средено! Изградбата на Поликлиниката Сарај е во завршна фаза и за неколку денови ја пуштаме во употреба! Горд […]

Нови 22 коли за итната медицинска помош и вработувања, најавува министерот за здравство Меџити


 Нови коли за итна помош и вработувања во здравството низ целата држава, најави министерот за здравство Фатмир Меџити, одговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Поликлиника Чаир. Седум од колите за итна медицинска помош, се донација  од Европска Унија и треба да бидат промовирани во првите недели на јануари.  – Плус оние што кога дојдов […]

Трансплантирани срце и бубрези од починат донор, тројца пациенти добија нова шанса за живот


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава.   „Благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеа да собере храброст и да се одлучи да спаси не еден туку неколку животи, денес тројца пациенти добија […]

Меџити: Здравствените установи по Нова година на испразнетите места ќе вработуваат со согласност од МЗ


Здравствените установи по Нова година на пензионираните и испразнети места, ќе можат да вработуваат нов кадар, со одговорност и согласност од Министерството за здравство. Согласности за вработувањата во здравство повеќе нема да добиваме од Министерството за финансии, потврди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. Одговарајќи на прашања за здравствените работници со договор на дело, по […]

(Видео) Прес-конференицја на Меџити за „трикафта“


Министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести, Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар ќе одржат прес-конференција по повод пристигнувањето на лекот трикафта за пациентите со цистична фиброза.

Меџити: Лекот „трикафта” не е поскапен


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ги негираше информациите дека лекот „трикафта“ е поскапен, и посочи дека интензивно се работи на позитивната листа на лекови. Меџити исто така побара од Обвинителството побрза разрешница на случајот со Клиниката за онкологија.  – Следната недела „Трикафта“ пристигнува, ќе биде доделена на пациентите. Дванаесет пациенти веќе примаат терапија, а […]

Меџити: Утре на владина седница ќе го покренам прашањето за договорите на дело во здравството


Министерот за здравство Фатмир Меџити најавува дека утре на владина седница ќе го покрене прашањето за лицата вработени со договор на дело во здрaвството.   Одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата апаратура за генетско испитување во МАНУ, министерот рече дека веќе шест-седум месеци за тоа разговара со министерот за финансии. – Оттука ќе упатам […]

Меџити: Набавени се сензори за 650 пациенти наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1


Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска ја посети Универзиотетската клиника за детски болести по повод доделувањето бесплатни сензори за мерење гликемија во крвта кај најмладите пациенти. Набавени се сензори за 650 пациенти, наменети за деца и млади до 18 години со дијабет тип 1, бремени жени со дијабет тип 1, слепи лица, а останатите сензори […]

И в година може да доцни терапијата за онколошките пациенти


Без кадар може да останат клиникте во Клиничкиот центар во Скопје, доколку Министерството за финансии не одобри нови вработувања, предупреди денеска министерот за здравство Фатмир Меџити, кој беше во посета на Клиниката за онкологија и радиотерапија. Вели, изборна година е,  а со пацинетите ќе нема кој да работи.  – Ќе упатам апел до Обвинителството дека […]

Формиран надзорен комитет за превенција на ментално здравје на децата и адолесцентите


Министерот за здравство, Фатмир Меџити денеска се обратил на отворањето на првата работилница за подигнување на свесноста за превенција на менталното здравје на децата, адолесцентите и младите луѓе во државава, преку вклучување на лидерки од локалните заедници. – Како министер за здравство, во септември годинава, прв пат во Министерството назначив надзорен комитет со претставници од […]

Министерот Меџити прими вакцина за сезонски грип: Граѓаните да се вакцинираат!


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово прими вакцина против сезонски грип на вакциналниот пункт за здравствени работници, кој е отворен во Институтот за јавно здравје, соопштија од Министерството за здравство.   Вакцинацијата против сезонски грип се спроведува на територија на цела држава во центрите за јавно здравје и дел од здравствените домови во Скопје. […]

Меџити: Секоја здравствена установа добива буџет од ФЗО, но имаме слаб менаџмент


Не е дека нема буџет во здравствените институции, но нема ред и нема дисциплина. Секоја здравствена установа во Македонија добива буџет од Фондот за здравствено осигурување, но имаме слаб менаџмент што го оставаме да работи по неколку години а немаат никаков резултат, истакна министерот за здравство, Фатмир Меџити, одговарајќи на прашањата на пратениците на Анкетната […]

Меџити се сретна со мајката на аутистичното момче: Ќе ја следам работата на болницата во Демир Хисар


Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска се сретна со Салка Абдуловска, мајка на 17-годишното момче за кое излезе информација во јавноста дека било несоодветно третирано во болницата во Демир Хисар. Министерот Меџити, како што соопшти Министерството за здравство, изразил жалење за ситуацијата и потенцирал дека нема да дозволи несоодветен третман на пациентите, особено на малолетни […]

Меџити за борбата со Ковид-19 на 78. Генерално собрание на ОН


Пандемијата со Ковид-19 го истакна значењето на здравите и силни здравствени системи, беспрекорната координација и ефективни механизми за одговор. Северна Македонија не беше изземена од нејзините разорни влијанија. Нашата здравствена инфраструктура е под тежок притисок, а ранливите заедници понесоа непропорционален товар. Нашиот одговор мора да биде брз, со еднаков пристап кон сите и напреден. Еднаквиот […]

Меџити ветува дека сите виновни за скандалот во Онкологија ќе бидат санкционирани


Фатмир Меџити, министерот за здравство, во врска со скандалот на Клиниката за онкологија рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош. Меџити рече дека нашето здравство има врвни доктори и дека Министерството ќе направи сè за нивниот углед да биде зачуван, што е правилно и фер пред граѓаните. „Како министер […]

Меџити, eден месец пред скандалот на Онкологија имал индиции за злоупотреби


Имавме индиции дека во минатото се случила некоја злоупотреба на Онкологија, пред моето доаѓање за министер, го знаеме случајот со медицинската сестра, па откако сум јас министер, побарав од Инспекторатот да направат контрола. Тие биле на Клиниката за онкологија и радиотерапија и извршиле контроли во период од први јануари 2022 година, до 31 октомври таа […]

Ќе се знае со име и презиме кој се огрешил и ќе си одговара, вели Меџити за случајот со Онкологија


Ќе се знае точно, со име и презиме кој се огрешил и ќе си сноси последици. Отстапки нема да има, изјави денес министерот за здравство, Фатмир Меџити за случајот со Онкологија. Меџити вели дека досега до Министерството не се стигнати поплаки од пациенти за Онкологија и апелира граѓаните да пријават ако имаат сомнежи за неправилности […]

За терапијата на Онкологија сега одлучуваат раководители на 12 оддели, вели Меџити


  Министерот за здравство денеска на прес-конференција изјави дека откако е тој на чело на Министерството, на Клиниката за онкологија е направена реформа со што одговорни од 12 оддели на клиниката одлучуваат за биолошката терапија која што се дава на пациентите, при што директорката на клиниката е иземена од постапката. Ваквиот начин на одлучување гарантира […]

Меџити со поддршка за акцијата на Клиниката за онкологија, очекува брза истрага


Министерот за здравство Фатмир Меџити, кој денеска даде поддршка за синоќешната акција на Обвинителството и полицијата на Клиниката за онкологија, очекува институциите брзо да се произнесат во однос на истрагата. – Како министер, силно ги осудувам сите обиди или дејствија, на поединци или групи, кои преку дискрециони овластувања и начини на носење на одлуки во […]