Рекордни бројки новозаразени во Германија


  И денеска државниот епидемиолошки Институт „Роберт Кох“ бележи рекордни вредности на новозаразени со коорона вирус: речиси 240.000 во еден ден. Седмодневната инциденција е речиси 1.500. Уште од корона вирус дневно умираат околу 250 луѓе. Бројот на пациенти на интензивните оддели е многу понизок од врвот на пандемијата, што се објаснува со релативно полесниот проток […]

Повторно расте бројот на новозаразени со корона вирусот во Германија


Од средината на февруари Германија ги олесни рестриктивните мерки против Ковид-19 откако почна да се намалува бројот на новозаразени со коронавирусот, но тој тренд се промени од минатата недела, јави ДПА. Со денови бројките се зголемуваат, што се толкува како предупредување за шести бран на пандемијата и повторни повици луѓето да се вакцинираат. Националниот институт за контрола на болести денеска регистрира рекорден број од 262.752 случаи на […]

Една недела по стапувањето на сила: Австрија размислува за укинување на задолжителната вакцинација


Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вакцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар Карл Нехамер првпат најави можност за отстапување од оваа мерка. Тој за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вакцинација. – Доколку експертите на комисијата што треба […]

СЗО: Не е крај на пандемијата, следуваат нови варијанти


Главниот научник на Светската здравствена организација (СЗО), Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот сè уште не завршил со пандемијата од Ковид-19, бидејќи следуваат нови варијанти. – Видовме како вирусот еволуира и мутира, така што, знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, повеќе варијанти кои предизвикуваат загриженост, што значи, не сме на крајот од пандемијата, појасни […]

Рекорден број новозаразени во Русија


  Во Русија денеска регистриран е рекорден број нови случаи со корона вирус, откако беа потврдени 183.103 позитивни на Ковид-19. Во последните 24 часа починаа 669 ковид пациенти, со што вкупниот број жртви од корона вирусот се искачи на 337.390. Од почетокот на пандемијата во Русија од оваа болест забоела повеќе од 13 милиони граѓани.

Во Хрватска бројот на починати поради кроона вирусот надмина 14.000


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.094 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 57.686. Дури 2.126 се на болничко лекување, а на респиратор 185 пациенти. Починаа уште 46 пациенти, со што бројот на жртви од пандемијата во Хрватска надмина 14.000, поточно 14.035. Сепак, според новиот метод […]

Квебек се откажа од оданочување на граѓаните кои не се вакцинирани против корона вирусот


Властите во канадската франкофонска провинција Квебек соопштија дека ќе се откажат од оданочување на лицата кои не примиле вакцина против корона вирус, бидејќи најавата на таа мерка предизвика бурни реакции. Премиерот на покраината Франсоа Лего изјави дека решил да се откаже од оданочувањето поради поделбата во јавноста. – Со цел Квебек да оди напред во мирна атмосфера […]

Во Хрватска 6.220 новозаразени, починаа 46 пациенти


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 6.220 нови случаи на зараза со корона вирус, а бројот на активни случаи изнесува 62.841. Од нив, 2008 пациени се на болничко лекување, а 185 на респирато. Починаа 46 пациенти. Од почетокот на пандемијата во Хрватска досега се заразеиле 935.722 лица, а починаа вкупно 13.777 Вакцинирани се […]

Во БиХ 2.632 новозаразени, починаа 55 лица


  Денеска, во Босна и Херцеговина регистрирани се 2.632 лица позитивни на корона виурс, од 5.552 тестови. Починаа 55 лица. Вчера беа регистрирани 2.601 позитивни и 40 починати. Во Федерацијата БиХ регистрирани се 1.879 позитивни и 35 починати, а ретроактивно пријавени се уште три смртни случаи. Досега од кроона вирус заболеле 223.443, а починале 7.958 […]

Нов црн рекорд во Германија со над 200 илјади новозаразени со корона вирус


Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со корона вирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја. Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох  соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред […]

СЗО: Изминатата седмица со најголем број новозаразени со корона вирус во светот


Во текот на изминатата недела во светот се регистрирани 21 милион нови случаи на заразени со корона вирус – најголем неделен број новозаразени од почетокот на пандемијата, соопшти денеска Светската здравствена организација. Според соопштението, бројот на смртни случаи остана главно непроменет – повеќе од 50.000. Во својата неделна проценка на пандемијата, СЗО наведе дека бројот […]

Уште 1.424 новозаразени со корона вирус, починаа вкупно 20 пациенти


    Во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424 нови случаи на Ковид-19:   • Скопје – 790 • Битола – 92 • Куманово – 57 • Струмица – 48 • Кавадарци – 45 • Штип – 43 • Прилеп – 37 • Охрид – 36 • Тетово – 35 […]

Меси се враќа на теренот по прележаниот корона вирус


Фудбалерот на ПСЖ, Лионел Меси, се враќа во составот на актуелниот лидер во француското првенство за вечерашниот првенствен натпревар против Ремс, откако Аргентинецот целосно закрепна по прележаниот корона вирус. – Цела недела Меси одлично работеше. Сите сме среќни поради тоа и среќни сме бидејќи повторно ќе го имаме во составот, изјави тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино. Меси се зарази […]

САД ставија 22 земји на „опасната“ листа, во кои не е препорачливо да се патува


Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) вчера издаде препорака до американските граѓани да не патуваат во 22 земји и територии поради коронавирусот. Британските медиуми пренесуват дека, меѓу другите, на американските граѓани им се советува да не патуваат во Израел, Австралија, Египет, Албанија, Аргентина и Уругвај…. ЦДЦ ја крена својата препорака на повиско […]

СЗО: Преминот на Ковид-19 во ендемска форма не значи дека не е опасен


 Самиот факт дека пандемијата на Ковид-19 еден ден ќе биде ендемична не значи дека вирусот повеќе нема да биде опасен, предупреди директорот за управување со кризи на СЗО. „Луѓето се противат на пандемијата, но ендемичната маларија убива стотици илјади луѓе, ХИВ е ендемичен, насилството е ендемично во нашите градови“, рече Мајкл Рајан на виртуелниот панел […]

Уште 12.721 новозаболени од корона вирус во Србија


По вчерашниот црн рекор од 13.753 новозаболени со Ковид-19, Србија и денеска, според официјалната веб-страница на Министерството за здравство, бележи петцифрена бројка на заразени, или од 31.540 тестирани позитивни се 12.721 лица, јави дописникот на МИА од Белград. Според официјалните податоци, уште 23 лица починале во последните 24 часа како последица на коронавирусот, со што […]

Словенија со голем број заразени, им снемува работници


  Во Словенија, во последните 24 часа потврдени се 6.918 новозаразени, нешто помалку од рекордните 7.420 од средата, а владата размислува за намалување на деновите за карантин и други можни мерки. Стопанската комора предупреди дека работните процеси потенцијално се загрозени поради ширењето на омикрон варијантата и последично голем број вработени мора да останат дома и […]

Хрватска со нови 8.555 нови случаи, починаа 32


  Во последните 24 часа забележани се 8.555 нови случаи заразени со корона вирус, а активни се 55.789. Од нив 1.710 пациенти се на болничко лекување, од нив 205 се на респиратор. Починаа 32 лица или вкупно досега 13.038. Од почетокот на пандемијата досега заболеле 802.745, а тестирани се 3.959.580 примероци, од кои 17.926 во […]

СЗО препорача два нови лекови за Kовид-19, проширувајќи ги опциите против омикрон


Панел на Светската здравствена организација (СЗО) денеска препорача употреба на два лека – на фармацевтската компанија Ели Лили и на ГлаксоСмитКлајн и Вир бајотехнолоџи – додавајќи нови опции за лекување на пациенти со Ковид-19 со оглед на тоа дека варијантата на коронавирус – омикрон многу брзо се шири. Податоците на СЗО покажуваат дека омикрон, кој […]

Во БиХ рекорден број новозаразени од почетокот на пандемијата – 2.577


  Во последните 24 часа во Босна и Херцеговина тестирани биле 6.193 примероци на корона вирус, од што 2.577 се позитивни, што е рекорден број од почетокот на пандемијата. Од последиците на заразата во последните 24 часа починале 22 лица. За споредба, претходниот ден во БиХ забележани беа 2.269 нови случаи од 6.078 обработени тестови, […]