Речиси 6.000 новозаразени од Ковид-19 во Србија


  Според најновите податоци, во Србија во послените 24 часа регистрирани се уште 5.951 новозаразен со корона вирусот. Од последиците на болеста починале 12 пациенти/ Вкупно се тестирани 15.129 лица. На респиратор во болница се 22 пациенти.

Џо Бајден има корона


  Американскиот претседател Џо Бајден (79) е позитивен на корона вирус, потврди денеска Белата куќа. Како што објавија од таму, Бајден е два пати вакциниран, а примил и две бустер дози. Има многу благи симптоми, стои во соопштението. Белата куќа наведува дека тој ќе продолжи да работи од изолација сѐ до негативен тест за корона […]

Хабек позитивен на корона вирус по посетата на Прага и Виена


По враќањето од посетата на Чешка и Австрија, германскиот вицеканцелар и министер за економија Роберт Хабек е позитивен на тест за Ковид-19. Прво брзиот, а потоа и ПЦР тестот бил позитивен, соопшти неговиот Кабинет во Берлин. Хабек се вратил во Берлин од Виена со симптоми на настинка. Тој веднаш се изолирал и ги откажал сите настани на кои требало лично да присуствува.

Нов седми бран на корона вирус во Европа, новите соеви ја избегнуваат имунолошката заштита


Европа минува низ седмиот бран на Ковид-19, во голема мера објаснет со новите соеви на вируси кои имаат силен капацитет да ја избегнат заштитата создадена од вакцинацијата и претходните инфекции. Новиот скок на заразените може да се објасни со олабавувањето на мерките за заштита, но и со падот на имунитетот на луѓето. Сега е познато […]

ЕЦДЦ предупредува дека летото почнува со нов бран на корона вирус


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија. Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World […]

Повеќе од 18.000 случаи на корона вирус потврдени во Северна Кореја, шестмина почнаа


Повеќе од 18.000 случаи на Ковид-19 се потврдени во Северна Кореја, објави денеска новинската агенција Јонхап, повикувајќи се на Корејската централна телеграфска агенција (CTAC). Шест пациенти починале како резултат на инфекција со корона вирус во Северна Кореја, се вели во извештајот. Во четвртокот, CTAC објави дека подваријантата на Омикрон, позната и како Стелт омикрон, е […]

Бил Гејтс позитивен на корона вирусот


 Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс е позитивен на корона вирусот. Не е јасно дали Гејтс, кој досега донираше милиони за борба против пандемијата, првпат е позитивен на Ковид-19. 66-годишниот Гејтс на Твитер објави дека се изолирал со благи симптоми и оти примил и засилувачка доза од вакцината. Тој, исто така, рече дека виртуелно ќе […]

Во Пекинг затворени 40 станици на метрото и 158 автобуски линии поради коронавирусот


Пекинг затвори 40 станици на метрото или десет отсто од градската подземна сообраќајна мрежа, како и многу автобуски линии, во обид да го запре ширењето на коронавирусот и да го избегне сценариото во Шангај каде што милиони жители се во „локдаун“ повеќе од еден месец. Откажани се 158 автобуски линии, а повеќето од нив се […]

Истражување: Најдолгата позната инфекција со корона вирус траела 505 дена


Најдолгата инфекција со новиот корона вирус кај човек, пред да почине од последици на Ковид-19, траела 505 дена, објавија денеска британските научници. Претходно, беше познат случај кога лице било позитивно на САРС-КоВ-2 цели 335 дена. Кај повеќето луѓе кои се инфицираат со вирусот, телото може само да го надмине и да ја победи инфекцијата, но […]

ОН: Поради корона вирусот расте бројот луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија


Пандемијата на корона вирусот минатата година доведе уште 77 милиони луѓе до екстремна сиромаштија и многу држави во светот до неможност економски да се опорават од трошоците за отплата на долговите, состојба регистрирана и пред почетокот на војната во Украина, соопштија Обединетите нации. Во извештајот на Светската организација се наведува дека богатите земји би можеле […]

Нови 201 случаи на Ковид-19, починаa петмина


Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 1986 тестови регистрирани се 201 нови случаи на Ковид-19, оздравени се 249 пациенти, а починати се две лица. Во Скопје регистрирани се 111 заболени со Ковид-19, Битола 27, Кавадарци 19, Прилеп седум, Куманово, Кичево и Кочани по […]

Сали: Секој ден има по 300 новозаразени во државава, што значи дека вирусот се уште постои


Секој ден имаме новозаразени по 300 жители од државава, а тоа значи дека вирусот се уште постои и ја чека најмалата можност да се развива, а потоа при почеток на развивање ни одзема недела до две да може да стопираме нешто. Уште од самиот почеток кога ја добив функцијата посакувам да дојде денот кога нема […]

СЗО: Пораст на смртни случаи со коронавирус во светот


Бројот на смртни случаи со коронавирус во светот изминатата недела, се зголеми за 43 отсто, во споредба со претходната недела. Од друга страна, бројот на нови инфекции со Ковид-19 е за 14 отсто помал, се наведува во денешното соопштение на Светската здравствена организација (СЗО). Минатата недела регистрирани се над 10 милиони новозаразени лица, додека над […]

Шпанија од денеска го третира корона вирусот како грип


Шпанија од денеска ја третира инфекцијата со корона вирус речиси како нормална болест, слична на грип. Оние кои ќе се заразат со коронавирус и ќе развијат само благи симптоми или воопшто немаат симптоми, можат да продолжат да водат нормален живот. Веќе не се задолжителни ниту тестови, ниту домашна изолација. Досегашните мерки ќе продолжат да важат […]

Во Србија од корона вирус починаа уште 10 пациенти, 1.949 новозаболени


Во последните 24 часа во Србија на корона вирус се тестирани 14962 граѓани, од нив позитивен тест имале 1949 лица. Од последици предизвикани од вирусот корона починале 10 граѓани. Во болниците низ Србија во моментов на респиратор се вклучени 42 пациенти

Германскиот претседател и неговата сопруга се позитивни на Ковид-19


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер е позитивен на коронавирус, соопшти денеска кабинетот на шефот на државата, во момент кога стапката на нови инфекции во земјата е постојано висока.   Споругата на Штајнмаер, Елке Буденбендер, исто така, е позитивна на Ковид-19 и двајцата имаат благи симптоми и веднаш се изолирани. Штајнмаер е претседател на Германија од 2017 […]

Во пораст новозаразените во Хрватска


Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 1.939 нови случаи на зараза со корона вирус. Во моментот активни се 11.186, од кои 691 пациент се лекува во болница, а 39 се на респиратор. Починаа 18 пациенти. Минатиот петок имаше 1.538 новозаразени, а починаа 14 пациенти. За разлика од вчера, кога беа пријавени девет починати, […]

„Модерна“ тестира вакцина против омикрон


Американската фармацевтска компанија „Модерна“ соопшти дека во САД почна втората фаза од тестирање вакцина, што ја вклучува нивната против Ковид-19, но и потенцијална за заштита од варијантата омикрон. Новата двовалентна вакцина веќе ја прими едно лице, а се очекува да се вклучат околу 375 лица на 20 тестирачки места во САД, информираше „Модерна“, јави Хина. […]

Во Хрватска уште 141 новозаразен, но 18 пациенти починаа


  Во последните 24 часа во хрватска регистрирани се 141 новозаразен со крооан вирус, а едновремено починаа уште 18 пациенти.. Бројот на активни случаи денеска изнесува 8.497. Од нив 774 се лекуваат во болница, а 51 пациент се на респиратор. Починаа 18 лица, или вкупно досега 15.354. Од почетокто на пандемијата забележани се 1.073.527 лица, […]

Во Словенија 907 новозаразени, трендот на пораст трае од минатата недела


  Во СЛовенија, во последните 24 часа потврдени се 907 новозаразени со Ковид-19, а починаа шест пациенти, објави денеска владата. Со тоа, трендот на влошување на епидемиолошката состојба од поечтокот на минатата недела, продолжува. Според Институтот за јавно здравје, во земјата има 25.910 активни случаи на зараза, а во благ пораст се и другите епидемиолошки […]