Американската централна банка нема да брза со намалување на каматните стапки


Претседателот на американската централна банка Џером Пауел потврди во својот редовен полугодишен извештај до Конгресот на САД дека банката нема да брза со намалување на каматните стапки. „Нашиот став сега е значително помалку рестриктивен отколку што беше, а економијата останува силна, така што не треба да брзаме со прилагодување на каматните стапки“, истакна Пауел. Претседателот […]

Европската централна банка ги намали стапките на депозитите за 25 базични поени на 2,75 отсто


Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги намали трите клучни каматни стапки за 25 базични поени, така што депозитната стапка сега е 2,75 отсто, каматната стапка на главните операции за рефинансирање е 2,90 отсто, а каматна стапка на маргиналната кредитна линија 3,15 отсто. Тие промени, што се во согласност со очекувањата […]

ФЕД е подготвена да ги намали каматните стапки во септември


Федералните резерви на САД се подготвени да ги намалат каматните стапки во септември, откако „огромното мнозинство“ официјални лица посочија дека таквата акција е веројатна, според записникот од состанокот на централната банка на 30-31. јули. Записникот, објавен во средата, покажува дека некои носители на одлуки биле подготвени да ги намалат трошоците за задолжување уште на состанокот […]

Кина ги намали каматните стапки за да ја поттикне економијата


Кина ги изненади пазарите со намалувањето на нејзината клучна краткорочна каматна стапка и нејзините референтни стапки за заеми во понеделникот, во обид да го поттикне растот на втората по големина економија во светот. Кратењата дојдоа откако Кина минатата недела објави послаби од очекуваните економски податоци за вториот квартал и откако нејзините највисоки претставници се состануваа […]

ЕЦБ ги задржа каматните стапки непроменети


Европската централна банка ги задржа каматните стапки непроменети, но ја остави отворена вратата за дополнителни намалувања оваа година, бидејќи инвеститорите го чекаат првото намалување на стапките на Федералните резерви од 2020 година. Централните банки ширум светот почнаа да ги намалуваат стапките или размислуваат да го сторат тоа во последниве месеци бидејќи инфлацијата се намали од […]

Георгиева: ФЕД најверојатно нема да ги промени каматните стапки до крајот на годината


Извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во четвртокот изјави дека американскиот Федерален резервен систем треба да ги задржи тековните каматни стапки непроменети до крајот на оваа година. Во светлината на значителните нагорни ризици, таа предложи Федералните резерви да ги задржат своите клучни стапки на сегашното ниво „барем до крајот на 2024 година“, […]

Европските акции растат по намалувањето на каматните стапки во Швајцарија


Европските акции пораснаа откако швајцарската национална банка ги намали каматните стапки. Stoxx 600 денеска порасна за 0,4 отсто, а предничат секторите за технологија, осигурување и недвижности, објави Блумберг. Фјучерсите во САД исто така зајакнаа сигнализирајќи нови рекордни вредности благодарение на технолошкиот сектор.

Цената на парите ќе остане висока: ФЕД нема да ги намали каматните стапки ниту во јуни


Федералниот комитет за отворен пазар (ФОМЦ) нема да ја промени основната каматна стапка ниту по јунскиот дводневен состанок што почнува денеска. Ова е мислењето на огромното мнозинство американски финансиски аналитичари, со оглед на актуелните трендови на инфлација и условите на пазарот на трудот. Судејќи според сите изјави на претседателот на Федералните резерви (ФЕД) Џером Пауел […]

Дали Европската централна банка следната недела ќе ги намали каматите


На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна минатата недела, додека курсот на САД во однос на европската валута остана непроменет. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на валутата на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата недела ослабна за 0,1 отсто, на 104,62 поени. Во исто […]

ЕЦБ ќе ги намали каматните стапки во јуни?


Во зависност од добиените податоци и новите проекции, Европската централна банка (ЕЦБ) во јуни би можела да ги намали референтните каматни стапки во еврозоната, но понатамошните чекори се многу помалку сигурни. Членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Изабел Шнабел, изјави во интервју за агенцијата Никеи дека последниот чекор за намалување на инфлацијата е најтежок, бидејќи […]

Банката на Англија не ги намали каматните стапки, но тоа ќе го направи наскоро


Очекувано, британската централна банка, Банката на Англија и на овој состанок не одлучи да ја промени централната каматна стапка, која со тоа останува на 16-годишниот врв од 5,25 отсто. Банкарите се оптимисти за намалувањето, но истовремено потенцираа дека поради упорно високата инфлација се уште не е вистинското време за тоа. „Потребни ни се повеќе докази […]

Еврото може да биде во неволја, еве зошто


Можноста Европската централна банка да отстапи од Федералните резерви за намалување на каматните стапки веројатно ќе биде „особено негативна“ за 20-члената еврозона, според еден економист. ЕЦБ се чини дека е на пат да ги намали каматните стапки во јуни, со исклучување на какви било големи изненадувања, а неодамнешните податоци за инфлацијата оттогаш го потврдија случајот […]

Лагард: ЕЦБ наскоро ќе ги намали каматните стапки, нафтата е најголемиот ризик во моментов


Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во вторникот рече дека централната банка е решена да ги намали каматните стапки на краток рок, под претпоставка да нема големи шокови. Лагард рече дека ЕЦБ ќе ги следи цените на нафтата „многу внимателно“ во услови на зголемени стравувања од прелевање од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, по […]

ЕЦБ размислува за намалување на каматните стапки бидејќи инфлацијата забавува


Членот на Управниот совет на ЕЦБ и гувернер на Банката на Шпанија, Пабло Хернандез де Кос изјави дека Европската централна банка би можела да започне со намалување на каматните стапки во јуни по континуираното забавување на инфлацијата во еврозоната. „Од денес, најверојатното сценарио е јуни да го донесе првото намалување на стапките“, рече Де Кос. […]

Нерешителноста на ЕЦБ околу каматните стапки може да доведе до стагнација во Еврозоната, смета тинк-тенкот „Бројглер“


 Нерешителноста на Европската централна банка (ЕЦБ) за намалување на висината на основната каматна стапка се додека нема показатели дека таа влијае на забавување на зголемувањето на платите, би можела да резултира со мал раст на економијата во Еврозоната, смета бриселскиот тинк-тенк за европски политики „Бројгел“.  Според директорот на „Бројгел“, Јеромин Цетелмајер, ЕЦБ е во состојба […]

Лагард: Јунските податоци се клучни за одлуката за каматните стапки


Податоците од јуни ќе бидат клучни за одлуката на Европската централна банка (ЕЦБ) за можното намалување на каматните стапки, изјави денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард. -До јуни ќе имаме нов сет на проекции кои ќе потврдат дали трендот на инфлација што го предвидовме во нашата мартовска прогноза останува на сила, рече Лагард во говорот […]

Прво зголемување по 17 години: Банка на Јапонија ги укина негативните каматни стапки


Банка на Јапонија (БОЈ) денеска, по осум години, ги укинува негативните каматни стапки. Иако тоа ќе биде прво зголемување на каматните стапки во изминатите 17 години, истите ќе се држат близу нула бидејќи кревкото економското закрепнување ја принудува централната банка да го забави понатамошното зголемување на трошоците за задолжување. Со одлуката, БОЈ се откажува од […]

ФЕД: Доаѓа време за намалување на каматните стапки, Американците да бидат трпеливи


Претседателот на Федералните резерви на САД Џером Пауел рече дека доаѓа време да се намалат каматните стапки, но побара од Американците малку повеќе трпение додека ФЕД се бори со инфлацијата. – Американската економија е силна и Централната банка најверојатно ќе ги намали каматните стапки подоцна оваа година, рече Пауел, додавајќи дека, сепак, „не е веројатно“ […]

Дали е можно намалување на каматните стапки. Еве од што ќе зависи


Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески. Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, […]

Банкари очекуваат ЕЦБ да ги остави каматните стапки непроменети за некое време


Европската централна банка (ЕЦБ) веројатно уште некое време нема да ги менува клучните каматни стапки, сметаат членовите на раководството на ЕЦБ. ЕЦБ ги зголеми каматните стапки 10 пати од минатото лето во обид да ја залади инфлацијата. „Прерано е за секој разговор за намалување на каматните стапки“, изјави во четвртокот заменик-претседателот на ЕЦБ Луис де […]