Волстрит силно порасна по коментарите на првиот човек на ФЕД


  На Волстрит, цените на акциите силно пораснаа во средата, бидејќи претседателот на американската централна банка (ФЕД) Џером Пауел сигнализираше забавување на каматните стапки, веројатно веќе во декември. Дау Џонс (Dow Jones) порасна за 2,18 отсто, на 34.589 поени, додека СиП (S&P) 500 скокна за 3,09 отсто, на 4.079 поени, а индексот Насдак (Nasdaq) порасна […]

Лагард најавува уште едно зголемување на каматните стапки на ЕЦБ


  Европската централна банка (ЕЦБ) е решена да ја продолжи борбата против високата инфлација, увери претседателката Кристин Лагард на банкарскиот конгрес во Франкфурт. Таа ја повтори најавата за дополнително зголемување на каматите и употреба на други алатки. „Очекуваме дополнително зголемување на каматните стапки. На крајот ќе ги подигнеме на ниво што на крајот ќе ја […]

Централните банки на земјите од Г-20 ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки


  Лидерите на Групата 20 водечки светски економии (Г20) објавија дека нивните централни банки ќе продолжат да го приспособуваат темпото на затегнување на монетарната политика, имајќи ја предвид потребата да се ограничат „прелевачките ефекти“. Во соопштението од состанокот се наведува дека членките на Г20 ја потврдиле својата посветеност да се избегне прекумерна нестабилност на курсевите […]

Се зголемуваат каматните стапки за денарските депозити, вели вицегувернерката Нацевска


  Потребно е време за соодветни ефекти од затегнувањето на монетарната политика, особено ако истото се одвива постепено, во услови на отсуство на значителни притисоци на страната на побарувачката и во насока на задржување на стабилноста. Сепак, веќе во последните месеци, може да се забележи нагорно придвижување на каматните стапки за денарските депозити, вели во […]

Турската лира потона на рекордно ниско ниво по намалувањето на каматните стапки


Откако централната банка неочекувано ги намали каматните стапки уште еднаш, овој пат за 100 базични поени, турската лира вчера падна на ново рекордно ниско ниво, пренесува СЕЕбиз. Додека на други места во светот централните банки брзаат да ги зголемат каматните стапки за да се справат со зголемената инфлација, централната банка на Турција ја намали својата […]

Централните банки утре повторно значително ќе ги зголемат каматните стапки


Федералните резерви на САД и Банката на Англија повторно значително ќе ги зголемат каматните стапки оваа недела во обид да ја спречат зголемената инфлација, веруваат инвеститорите. Се очекува двете централни банки да ги надминат стравувањата од рецесија и да ја продолжат својата борба против историските зголемувања на цените. И покрај падот на инфлацијата на 8,3 […]

Европската централна банка објави рекордно зголемување на каматните стапки


  Европската централна банка ги зголеми каматните стапки низ еврозоната за рекорден износ, додека креаторите на политиката се обидуваат да ја зауздаат инфлацијата. Управниот совет на ЕЦБ гласаше за зголемување на сите три клучни каматни стапки за 75 базични поени, или 0,75 отсто процентни поени – што е поголемо зголемување од кога било досега. Ова […]

ЕЦБ подготвува големо зголемување на каматните стапки за борба против инфлацијата


  Откако ги зголемија каматните стапки за прв пат во повеќе од 10 години на нивниот последен состанок, креаторите на политиката на Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвени да воведат уште едно нагло зголемување во четврток, чија цел е борба против рекордната инфлација во Европа. Последните податоци за инфлацијата во Европската унија покажуваат дека цените […]

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај оваа година изнесува 4,28 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентен поен и 0,28 процентен поен, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија. -Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. […]

ФЕД ја зголеми референтната каматна стапка за 0,75 отсто, најмногу од 1994 година


Федералните резерви на САД ја зголемија краткорочната референтна каматна стапка за три четвртини процент (0,75 процентни поени), во обид да го запрат растот на инфлацијата и прогнозираа побавна економија и зголемување на невработеноста во наредните месеци. Тоа е најголемото зголемување на каматните стапки за американската централна банка од 1994 година, а одлуката е донесена откако […]

ЕЦБ го прекинува откупот на обврзници и најавува серија зголемувања на каматните стапки по 11 години


Европската централна банка потврди во четвртокот дека ќе ја прекине долгорочната шема за купување обврзници на 1-ви јули и навести серија зголемувања на каматните стапки од јули, бидејќи се бори со тврдоглаво висока инфлација. Бидејќи растот на цените се искачи на рекордни 8,1 отсто минатиот месец и брзо се прошири, ЕЦБ ги укинува стимулативните мерки […]

Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка


Федералните резерви на САД вчера ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување на цената на парите од 2000 година, пренесе АП. Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки. […]

ФЕД е подготвена да ги зголеми каматните стапки побрзо доколку е потребно


Претседателот на американските Федерални резерви (ФЕД), Џером Пауел изјави дека централната банка ќе преземе силни мерки против инфлацијата, која, како што вели, го загрозува инаку силното економско закрепнување. „Пазарот на трудот е многу силен, но инфлацијата е превисока“, рече Пауел во говорот пред членовите на Националната асоцијација за бизнис економија (NABE), пренесува Си-Ен-Би-Си (CNBC). Неговото […]

Федералните резерви на САД ги зголемија каматните стапки за прв пат од 2018 година


Федералните резерви, ги зголемија каматните стапки за прв пат од 2018 година, додека централната банка се бори со зголемената инфлација во САД, влијанието на војната во Украина и кризата со коронавирус. ФЕД ги зголеми стапките за четвртина процентен поен од речиси нула, што се очекува да биде прво во серијата покачувања во наредните месеци. Во […]

Лагард: Пребрзото зголемување на каматните стапки би ја забавило економијата


Пребрзото зголемување на каматните стапки во еврозоната, вклучува ризици, и покрај значително повисоката инфлација, бидејќи економскиот раст би можел да забави, предупреди денеска претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. Доколку ЕЦБ ги зголеми каматните стапки денес, ефектот во синџирите на финансирање би бил видлив само за шест до девет месеци, рече Лагард во […]

Турскиот бизнис бара од Ердоган да ја напушти политиката на ниски камати


  Водечката деловна групација во Турција во саботата ја повика владата на претседателот Таип Ердоган да се откаже од монетарната политика заснована на ниски камаптни стапки, што предизвика рекорден пад на лирата. Турската асоцијација за индустрија и бизнис (TÜSİAD), во соопштение објавено на својата официјална веб-страница, ја повика Анкара да се врати на „правилата на […]

Либор заминува во историјата


Со првиот ден од новата година, лондонската меѓубанкарска понудена стапка, или Либор заминува во историјата, референтна каматна стапка која со децении беше појдовна точка за цените на финансиските инструменти, за на крајот да ѝ пресуди алчноста. Деценија по обелоденувањето дека банките спогодбено го местеле Либор и со тоа оштетиле милиони клиенти, една од најпознатите референтни […]