Стејт департмент: Израел има право да го напаѓа Хезболах во Либан , дури и во цивилни згради, но мора да ги заштити цивилите


 Израел има право да го нападне Хезболах во Либан дури и во цивилни згради, но тоа мора да го направи на начин што ќе ги заштити цивилите, изјави портпаролот на Стејт департментот, Метју Милер. Запрашан на редовниот брифинг со новинарите за израелскиот напад врз општинската зграда во јужниот либански град Набатиех, во кој загинаа 16 […]

Владин извор тврди дека Хезболах се согласи за прекин на огнот во Либан пред Израел да го убие лидерот Насрала


Хезболах ги известил либанските власти дека прифатил прекин на огнот со Израел на денот кога во израелски напад беше убиен нивниот лидер Хасан Насрала, изјави владин извор за француски медиуми. „На 27 септември Хезболах официјално ја информираше либанската влада, преку претседателот на парламентот Набих Бери, дека ја прифатил меѓународната иницијатива за прекин на огнот“, рече […]

Новиот лидер на Хезболах веројатно е убиен, вели израелскиот министер за одбрана


Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, денеска изјави дека припадникот на Хезболах, кој ја презеде лидерската позиција на либанската милитантна група, веројатно е убиен по смртта на претходниот лидер, Хасан Насрала. Медиумите претходно известија дека Насрала бил заменет од неговиот братучед, Хашем Сафједин, кого САД го означија како терорист во 2017 година. Истовремено, Хезболах соопшти […]

Иранската телевизија објави видео од нападот во кој беше убиен лидерот на Хезболах во Бејрут


Иранските медиуми објавија видео од моментот на израелскиот напад на бункерот на Хезболах во Бејрут, Либан, во кој минатата недела беше убиен лидерот на шиитската милиција Хасан Насрала. Во серија израелски напади беа убиени многу високи водачи на либанската милитантна група, нејзините електронски уреди беа кренати во воздух и уништен е дел од нејзиниот огромен […]

Лидерот на Хезболах наводно прифатил примирје пред да биде ликвидиран во Бејрут


Министерот за надворешни работи на Либан, Абдала Бу Хабиб, откри дека лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, прифатил 21-дневно примирје, предложено од САД и Франција, само неколку дена пред да биде убиен во силен израелски напад на Бејрут. Во интервју за Си-Ен-Ен, Бу Хабиб потврди дека Либан бил подготвен за примирје, по консултации со Хезболах и […]

САД поддржуваат се што Израел прави против Хезболах, но молчи за тоа


  Високи претставници на Белата куќа приватно му кажале на Израел дека САД ќе ја поддржат неговата одлука да го засили воениот притисок врз Хезболах, иако администрацијата на Бајден изминатите недели јавно ја повика израелската Влада да ги намали своите напади, тврдат американски и израелски официјални лица. Претседателските советници Амос Хохштајн и Брет Мекгурк, координатори […]

Убиството на Насрала ја откри длабочината на пенетрацијата на Израел во Хезболах


  По убиството на Сејед Хасан Насрала, Хезболах се соочува со огромен предизвик да ја блокира инфилтрацијата во своите редови што му дозволи на неговиот голем непријател Израел да уништи локации за оружје, да ги следи неговите комуникации и да го убие долгогодишниот лидер, чие место на живеење беше строго чувана тајна со години. Убиството […]

Хезболах потврди дека водачот е мртов, но ја продолжуваат војната против Израел


Либанската група Хезболах денеска потврди дека нејзиниот лидер и еден од основачите Сајед Хасан Насралах е убиен во израелски воздушен напад и најави дека ќе продолжи да се бори против Израел. Во соопштението се наведува дека Насрала „се приклучил на своите маченички браќа“, пренесува АП. Во соопштението, Хезболах вети дека „ќе ја продолжи светата војна […]

Арсенал со оружје на Хезболах и подземната мрежа се „огромна закана“ за Израел


Со својата огромна мрежа подземни тунели и огромниот арсенал на оружје, вооружената група Хезболах во Либан претставува „огромна закана“ за Израел и не треба да се потцени, и покрај озлогласените софистицирани разузнавачки тактики на Мосад, велат експертите за Al Arabiya English. Во понеделникот, Израел ги прошири своите воздушни напади врз, како што нагласија – цели […]

Нетанјаху најави дека Израел ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека неговата земја ќе продолжи со нападите врз Хезболах во Либан. -Ќе продолжиме да го напаѓаме Хезболах. И му велам на либанскиот народ: нашата војна не е против вас, нашата војна е против Хезболах, рече Нетанјаху во видеото објавено од неговата канцеларија. Министерот за одбрана Јоав Галант даде слични зборови […]

Би-Би-Си: Израел игра многу опасна игра, копнената инвазија изгледа неизбежна


Мрежите на Хезболах се тешко оштетени, неговите борци се осакатени, неговото раководство е убиено, а неговата воена инфраструктура е под постојано бомбардирање. Хезболах се соочува со најголемата криза во последните четири децении, пишува Би-Би-Си во анализа на ситуацијата во Либан. Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант вели дека кампањата на Израел да го нападне Хезболах […]

Израел ги предупреди жителите од јужен Либан да заминат од близина на локациите на Хезболах


Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги предупредија жителите на јужен Либан да заминат од близина на локациите што ги користи милицијата на Хезболах пред „обемните, прецизни напади, против терористички цели, јави ДПА . „Наскоро, ИДФ ќе се вклучи во обемни, прецизни напади, против терористички цели кои се широко распространети низ Либан“, се наведува во објавата на […]

Како експлодираа 5.000 пејџери на Хезболах? Изворите детално ја опишаа акцијата на Мосад


Израелската разузнавачка агенција Мосад поставила мала количина експлозив во 5.000 пејџери од тајванско производство, нарачани од либанската група Хезболах неколку месеци пред вчерашните детонации, изјавија безбедносни извори за Ројтерс. Операцијата претставува невидено нарушување на безбедноста од страна на Хезболах, во која илјадници пејџери беа детонирани низ Либан, при што загинаа девет лица и беа ранети […]

Хезболах соопшти дека 12 лица загинале во експлозиите на пејџери во Либан


Хезболах денеска објави дека бројот на загинати од пејџер експлозија во јужен Либан се искачи на 12, откако уште тројца оперативци на групата им подлегнаа на повредите, пишува „Тајмс оф Израел“. Од октомври минатата година, израелските сили убиле 453 членови на Хезболах во вооружени судири, соопшти Хезболах. Најмалку девет лица загинаа, а речиси три илјади […]

Хезболах му се закани на Израел. Тајванскиот производител: Само нашето лого е на пејџерите, произведени се во Европа


Најмалку девет лица, вклучително и едно дете, се убиени откако пејџерите користени за комуникација од членовите на вооружената група Хезболах експлодираа низ Либан, изјави министерот за здравство на земјата. Иранскиот амбасадор во Либан беше меѓу 2.800 ранети во истовремени експлозии во Бејрут и во неколку други региони. Хезболах, кој е поддржан од Иран, рече дека […]

Хезболах му се закани на Кипар


Лидерот на либанската милитантна група Хезболах вчера се закани дека ќе го нападне европскиот остров Кипар доколку избие војна меѓу Израел и Либан, пишува Си-ен-ен. „Кипар, исто така, ќе биде дел од оваа војна ако ги отвори своите аеродроми и бази за израелските сили“, рече Хасан Насрала во телевизиско обраќање само еден ден откако Израел […]

Хезболах соопшти дека извршил напад со дрон врз град во северен Израел, загинаа двајца војници


Либанската група Хезболах соопшти дека извршила напад со беспилотно летало врз израелска воена позиција во близина на северниот град Метула. Израелската армија подоцна потврди дека во нападот загинале двајца војници. Проиранската организација исто така соопшти дека истрелала десетици ракети преку либанско-израелската граница врз воени цели на територијата на Израел. Израел и либанската групација, која собра […]

Израел ја нападна Сирија: Најмалку 38 лица загинаа во Алепо


Во синоќешните израелски напади врз северниот сириски град Алепо загинаа најмалку 38 лица, меѓу кои и борци од либанското шиитско движење Хезболах. Претходно сириското Министерство за одбрана соопшти дека при израелските напади погодени се неколку области во и околу градот при што загинале одреден број цивили и војници. По нападот на Хамас на 7 октомври, […]

Хезболах: Кој ќе помисли на војна со нас, ќе зажали


 Ако непријателот започне војна против Либан, нашата борба ќе биде без граници, ограничувања, правила и контроли… Кој ќе помисли на војна со нас ќе зажали затоа што војната со нас е многу, многу скапа, изјави генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насрала. Тој вчера оцени дека израелското убиство на заменик-лидерот на Хамас во Бејрут е „големо, […]

Хезболах му се закани на Израел: Убиството на функционери на Хамас во Бејрут нема да помине неказнето


Либанската милитантна група Хезболах соопшти дека убиството на високи функционери на Хамас во Бејрут претставува „сериозен напад врз Либан“ и „опасен развој“ во војната со Израел. – Ова злосторство нема да остане неодговорено и казнето. Верни сме на нашите принципи и обврски кои самите си ги дадовме. Ова е ден што ќе го паметиме, објави […]