Нетанјаху нареди целосно уништување на инфраструктурата на Хезболах


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ наложи на армијата да ја уништи инфраструктурата на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран, во јужен Либан, наведе синоќа владината прес-служба, пренесува ДПА. За време на посетата на трупите, Нетанјаху се осврна на сите надземни и подземни објекти што милицијата ги користела за напади врз Израел, како што се тунелите. […]

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД


Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели низ јужен Либан, додека движењето Хезболах соопшти дека води интензивни борби во регионот, што е нова ескалација на конфликтот кој е закана по мировниот договор меѓу САД и Иран. Според либанските медиуми, во израелските напади загинале најмалку 16 лица. Израелската војска потврди дека операциите се во тек, без […]

Либан соопшти дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за прекин на нападите врз Израел


Либанските власти синоќа соопштија дека Хезболах го прифатил американскиот предлог за „заемно прекинување на нападите“ со Израел, откако Доналд Трамп изјави дека двете страни му ветиле деескалација во Либан пред израелско-либанските разговори во Вашингтон. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера изјави дека му нагласил на Трамп дека Израел ќе напаѓа „терористички“ цели во Бејрут доколку Хезболах […]

САД предлагаат нов план за воено примирје меѓу Израел и проиранскиот Хезболах


Американскиот државен секретар, Марко Рубио, разговарал со либанскиот претседател, Жозеф Аун, и израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за дипломатските преговори меѓу Израел и Либан при што предложил план за „постепена деескалација“ на конфликтот. Неименуван американски претставник соопштил дека предлогот на САД како прв чекор предвидува прекин на сите напади на проиранското движење Хезболах врз Израел, а […]

Шефот на Хезболах, Наим Касем, ги отфрла планираните разговори меѓу Израел и Либан


Генералниот секретар на либанската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, синоќа изјави дека групата, поддржана од Иран, апсолутно ги отфрла мировните преговори меѓу Израел и Либан, кои треба да се одржат денеска во Вашингтон. Касем ги повика либанскиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам да ги напуштат разговорите, кои ќе бидат посредувани од САД, […]

Хезболах: Нападите врз Израел ќе продолжат


Милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, најави дека ќе продолжи со нападите врз Израел по смртоносните израелски воздушни напади извршени врз Либан. Како одговор на „кршењето на примирјето“ од страна на Израел, Хезболах соопшти дека во текот на ноќта гранатирал населби во северниот дел на Израел. Групата истакна дека нејзините одмазднички напади ќе продолжат се […]

Ирачката Катаиб Хезболах објави петдневен прекин на нападите врз амбасадата на САД


 Ирачката вооружена група Катаиб Хезболах денеска објави петдневен прекин на нападите врз амбасадата на САД во Багдад, условен од развојот на настаните поврзани со израелските воени акции. Во соопштението, безбедносниот службеник на групата, Абу Муџахид ал-Асаф, рече дека паузата ќе зависи од тоа дали Израел ќе го запре она што го опиша како „раселување на […]

Иранците потврдија заеднички напад со Хезболах врз Израел


Иранската револуционерна гарда потврди дека извршила координиран напад со Хезболах врз северен Израел. Ова е нивна прва заедничка операција против Израел од почетокот на тековната војна. За заедничкиот напад претходно објавија израелски извори. „Либанското шиитско движење Хезболах истрела десетици ракети во северен Израел синоќа“, соопшти израелската војска, при што објави неколку погодоци. Службата за итни […]

Израел напаѓа цели на Хезболах во јужните предградија на Бејрут, борбите раселија речиси 760.000 Либанци


Израелската армија рано утрово објави дека нападнала позиции на либанското шиитско движење Хезболах, објави ДПА. Нападите беа извршени врз инфраструктурата на групата поддржана од Иран во јужните предградија на Бејрут, позната како Дахија, соопшти војската. Областа се смета за упориште на Хезболах. Пред околу една недела, шиитското движење продолжи со гранатирањето на Израел како одговор […]

Началникот на либанската армија го презентираше планот за разоружување на Хезболах


Началникот на либанската армија, генерал Рудолф Хајкал, за првпат пред владата во Бејрут презентираше план за разоружување на милитантната организација Хезболах. Презентацијата на Хајкал дојде еден месец откако либанската влада разгледа воен план за ставање на целото оружје во земјата под државна контрола. Засега нема достапни детали за брифингот. Министерот за информации Пол Моркос изјави […]

Израелски напад го погоди седиштето на Хезболах во јужен Либан


Израел вчера го погоди седиштето на Хезболах во јужниот либански град Набатија, соопшти израелската армија. Според либанското Министерство за здравство, најмалку осум лица се ранети во нападот, вклучувајќи четири деца и три жени. Бројот на жртви може да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции, соопшти министерството. Израелската армија соопшти дека нападот бил насочен кон објект […]

Израелската војска го нападна Хезболах


Израелската војска синоќа соопшти дека нападнала неколку цели на Хезболах во јужен Либан, вклучувајќи складишта за оружје, места за лансирање ракети и објекти што се користат за складирање на техничка опрема. Либанските медиуми, исто така, објавија израелски воздушни напади во регионот порано во текот на денот. Нападите се случуваат и покрај прекинот на огнот што […]

Сирија: Хезболах киднапира и егзекутира тројца сириски војници


Министерството за одбрана на Сирија го обвини Хезболах, поранешен сојузник на соборениот претседател Башар ал Асад, дека киднапирал и егзекутирал тројца сириски војници, откако ги однел во Либан. – Група од милицијата на Хезболах … киднапираше тројца припадници на сириската армија на сириско-либанската граница … потоа ги одведе на либанска територија и ги уби, се […]

Лидерот на Хезболах убиен во источен Либан, застрелан пред неговиот дом


Високиот функционер на Хезболах во источен Либан, Мухамед Хамади, беше убиен пред неговиот дом. Либанските медиуми јавуваат дека локален командант на Хезболах бил застрелан шест пати. Вооружените напаѓачи, кои возеле два одвоени автомобили, побегнале од местото на нападот. Хамади по пукањето бил пренесен во болница во областа, каде што починал кратко време подоцна. Властите отворија […]

Израел се согласи на примирје со Хезболах


Израелската Влада вечерва на владина седница официјално ќе изгласа примирје со исламистичката група Хезболах со која е во војна повеќе од една година, потврди израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Во обраќање до јавноста тој рече дека ова не е крај на војната, додавајќи дека нема крај на војната додека сите Израелци кои избегаа поради ракетните напади […]

Утре е „Денот Д“: Крај на војната?


Утре во седиштето на израелските одбранбени сили (ИДФ) во Тел Авив ќе се одржи состанок на израелскиот безбедносен кабинет за прекинот на огнот во Либан. Состанокот ќе започне во 17:30 часот по локално време и ќе трае најмалку до 21 часот, изјавија од кабинетот за „Тајмс оф Израел“. Амбасадорот на Израел во САД, Мајк Херцог, […]

Норвешка ја прекина истрагата за можната врска меѓу Норвежанец, сопственик на бугарска фирма и експлозивните пејџери за Хезболах


Норвешката безбедносна служба (ПСТ) денеска соопшти дека не пронашла докази за продолжување на истрагата за норвешка поврзаност при испораката на пејџерите што експлодираа во септември до Хезболах во Либан. Во истовремените експлозии на уредите загинаа десетици луѓе, а илјадници беа повредени, Израел ја презеде одговорноста за пејџерскиот напад, кој го изненади Хезболах и беше проследен […]

Во два одделни напада Израел уби уште тројца команданти на Хезболах


Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека Мухамед Муса Салах, Ајман Мухамед Набулси и Хаџ Али Јусеф Салах, команданти на Хезболах одговорни за регионите Хијам, Тебнит и Гаџар, загинале во два одделни напада. „Овие терористи организираа многу терористички напади врз Израел и беа одговорни за лансирање на повеќе од 2.500 проектили кон подрачјата на Голанската Висорамнина, […]

Армијата објави: Убиен командант на Хезболах


Високиот командант на Хезболах Џафар Кадер Фаур, наводно одговорен за ракетните напади врз Израел, е убиен во неодамнешниот израелски воздушен напад во јужен Либан, соопшти денеска израелската војска (ИДФ). Тој наводно бил убиен во напад во Хуаја, во јужен Либан, заедно со командантот на единицата за беспилотни летала на Хезболах во регионалната дивизија, пишува The […]

Хезболах влегува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по убиството на Синвар


Либанската милитантна група Хезболах денеска објави дека преминува во нова, ескалирачка фаза во војната против Израел по атентатот на лидерот на Хамас, Јахја Синвар, во која ќе користи наведувани проектили за да ги гаѓа израелските војници. Хезболах во соопштение наведува дека од почетокот на копнената офанзива во Либан на 1 октомври израелската армија загубила 55 […]