Во Собранието прва средба на работните групи за заклучоците за почеток на преговори со ЕУ


Координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии денеска се очекува да одржат прва средба на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето на преговори за влез во ЕУ. Двете најголеми политички партии во Собранието, владејачката СДСМ и […]

Тони Поповски: Се продаваат многу магли околу францускиот предлог


  Има една тешка и ноторна манипулација дека „вистински“ преговори се кога ќе се отвори првиот кластер на поглавја „темели“. И да сакаме ние тоа да се случи на првата меѓувладина конференција, не може физички да се случи, бидејќи треба време да се подготват преговарачки позиции, вели поранешниот министер за екологија, а сега консултант за […]

Мишел: Никогаш досега не сте биле толку блиску до ЕУ, речете „да“


Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача денес од прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски дека одлуката треба ние самите да ја донесеме, но тој гледа балансирано решение во францускиот предлог и гледа можност за Македонија да стане дел од ЕУ – каде што ѝ е местото. Според него, нашата држава никогаш досега не била толку […]

Протест пред Владата за отфрлање на францускиот предлог


Пред Владата денеска напладне продолжи протестот за отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија. Дел од учесниците со шатори седат пред Владата, а за вечер исто така се најавени нови собири. Околу владината зграда е поставена заштитна ограда, а видливо е и засилено полициско обезбедување. На почетокот на протестот […]

МВР: Четворица полицајци повредени на вчерашниот ненајавен протест


На 04.07.2022 во СВР Скопје е пријавено дека во врска со ненајавен јавен собир, кој се одржал во период од 19.00 часот до 22.10 часот на подрачјето на СВР Скопје констатирани се неколку нарушувања на јавниот ред и мир. Така, околу 16.50 часот, пред  Владата на РСМ, неколку лица го запалиле знамето на Европската Унија. […]

За францускиот предлог дебата и во Собранието, продолжуваат реакциите за и против


Францускиот предлог за деблокада на македонските интеграции во ЕУ, интегрално преведен на македонски јазик, од вчера е објавен на официјалната веб страница на Владата со цел транспарентно информирање на јавноста, а за него, на барање на дел од коалициските партнери во власта, според најавите, ќе се разговара и во Собранието. Во рамки на разговорите за […]

Европскиот предлог е достапен на македонски јазик на веб страницата на Владата


Владата на Република Северна Македонија денеска на официјалната веб страна го објави европскиот предлог, интегрално преведен на македонски јазик. Предлогот може да се преземе на следниот линк: • Министерски состанок на меѓувладината конференција за завршување на отворањето на преговорите за пристапување на Северна Македонија во Европската Унија – Општ став на ЕУ • Предлог заклучоци на ЕУ […]

Продолжуваат консултациите за францускиот предлог, денес средба Ковачевски-Села


Продолжуваат консултациите за францускиот предлог за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија. За денеска во 11 часот во Клубот на пратениците е закажана средба на премиерот Димитар Ковачевски со лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села. Премиерот Ковачевски вчера во изјава за медиумите потврди дека имал телефонски разговор со Села […]

Заев: Македонизмот станува дел од Европа


  Најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот иденититет се осигурани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ. Тоа е прво и апсолутно најважно, порача вечерва поранешниот премиер Зоран Заев.   „Протоколот што би го потпишале македонската влада и бугарската влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. […]

(Видео) Изјави по средбата Ковачевски – Мицкоски


Проследете ги во живо изјавите по средбата на премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Кoвачевски не одговори конкретно дали ги отфрла или прифаќа предлозите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој побара бришење на обврската за внесување на Бугарите во Уставот и се она што асоцира на Историската комисија и билатералниот протокол […]

Османи: Неприфаќањето на предлогот носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии


Министерот за надворешни работи Бујар Османи смета дека предлогот доставен од француското претседателство со ЕУ е добар, ни го отвора патот и ни овозможува да го фатиме последниот воз за ЕУ. Неговото неприфаќање носи ризици за бесперспективност, кризи, меѓуетнички тензии, и заглавување во балканската кал. –Веќе почнаа официјално да се отвораат теми за нови унии, за […]

Франција нуди македонски јазик, безусловен почеток на преговорите и историјата надвор од рамката


  Имаме на маса предлог што ги задоволува нашите барања и јас се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и со студени глави, со одговорност и со државничко однесување ќе го направиме овој исклучително значаен исчекор за државата – порача премиерот Димитар Ковачевски попладнево пред новинарите, претставувајќи го предлогот на француското претседателство за […]

Мицкоски повикува на општ протест против францускиот предлог


  Споменувајќи ги Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански… Христијан Мицкоски денеска, во првата реакција по објавувањето на францускиот предлог, ги повика граѓаните утре, сабота, на протест пред Владата за да се „спаси процесот на преговори со Европската унија“. Во објавата за протест тој ги повика луѓето од цела Македонија, но и однадвор, за да […]

За Никола Димитров ова биле едни од најцрните денови во независноста


  Освен што оцени дека во конечниот француски предлог била сменета само опаковката, а не содржината, поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров излезе денеска со политички повик владата веднаш да падне ако не го одбие одвој документ. Во својата подолга објава на Фејсбук, откако Владата го објави францускиот предлог, Димитров оцени дека „живееме едни […]

Владата го објави францускиот предлог


На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Северна Македонија во Европската унија. Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција. Ковачевски најави дека ќе се отвори […]

(Видео) Прес на Ковачевски со коалицијата


  Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија, на која ќе присуствуваат и членовите на владината коалиција.

Ковачевски на средба со коалициските партнери за францускиот предлог


Премиерот Димитар Ковачевски претпладнево во Владата ќе има средба со лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседстелство. Ковачевски на фејсбук објави дека средебата со која се отвора процес на широки консултации, ќе се оджи во 11 часот.   – Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе […]

Мицкоски оцени дека францускиот предлог бил потенцијално предавство, а не го видел


  Потенцијално предавство, лексички измени, ништо ново – на тој начин лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го оцени конечниот француски предлог за кревање на ветото на Софија за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ. Мицкоски, како и другите во Македонија не го видел предлогот во овие неколку часа откако тоа го објави претседателот Емануел Макрон, но […]

Овој француски предлог е далеку подобар за нас од претходниот, вели Пендаровски


  Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ми соопшти, а јас тоа му го пренесов и на нашиот премиер Димитар Ковачевски, дека Франција како претседавач со ЕУ ќе направи модификации во предложениот текст на преговарачката рамка, информира шефот на државата Стево Пендаровски од Мадрид, додавајќи дека овој предлог е далеку подобар за нас од претходниот. „Не […]

(Видео) Бугарскиот парламент расправа за францускиот предлог


Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија. Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за […]