Мицкоски бара промена на условите од човекот што ги напиша во францускиот предлог


  Главниот пишувач на решението за спорот меѓу Македонија и Бугарија – кај нас популарно наречен „француски предлог“, Александар Адам, стана заменик-шеф на кабинетот на претседателката на Европската Комисија, Урсула фон Дер Лајен. На оваа позиција Адам е именуван еден ден пред претседателката на ЕК да дојде во Македонија и практично беше дел од нејзиниот […]

Мицкоски не исклучува „Француски предлог плус“, чека политичка влада во Бугарија


Ние сме за одблокирање на евроитеграциските процеси и ќе работиме посветено на таа агенда, но од другата страна треба да имаме партнер со кој ќе можеме да комуницираме. Во Бугарија на 27 октомври се закажани избори, до тогаш тие имаат техничка влада. После тоа се надевам дека ќе има политичка влада и се надевам дека […]

Промоција на публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации“


  Институтот за медиуми и аналитика ИМА денеска ќе ја промовира публикацијата „Францускиот предлог“: Говор на омраза, дезинформации, медиумски манипулации (медиумски анализи). Во неа има анализи кои ги идентификуваат карактеристиките и елементите на говорот на омраза, дезинформациите и медиумските манипулации што преовладуваа во јавниот дискурс за време на дебатата за „францускиоит предлог“ и како тие […]

Борисов: Честитки за мудрата и одговорна одлука да го прифатите францускиот предлог


Лидерот на најголемата опозициска партија во бугарското Народно собрание ГЕРБ Бојко Борисов им честиташе на пратениците во македонскиот Парламент за прифаќањето на францускиот предлог. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во објава на „Фејсбук“ упатуи честитки за мудрата и одговорна одлука на македонското Собрание со која се отвораат вратите за почеток на […]

Владата го одобри францускиот предлог, во вторник прва меѓувладина конференција во Брисел


  Откако Собранието ги усвои заклучоците Владата веднаш одржа седница на која донесе одлука за одобрување на предлогот на француското претседателство. За таа одлука премиерот Димитар Ковачевски информираше на прес-конференција по завршувањето на седницата, нагласувајќи дека со тоа отпочнува процесот на пристапни преговори на Македонија со Европската унија. Тој соопшти дека првата меѓувладина конференција ќе […]

Со 68 гласови „за“ Собранието ја задолжи Владата да го продолжи патот кон ЕУ


Со 68 гласови „За“ Собранието ги усвои предложените заклучоци со кој се задолжува Владата да го продолжи процесот за прием во ЕУ, а пратениците од власта со знамињата на Македонија и на ЕУ,  станаа и со аплауз го поздравија овој потег. Пратениците од опозицијата не присуствуваа во собраниската сала за време на гласањето. Во меѓувреме, […]

Опозицијата и на третиот ден не се откажува од вувузелите додека зборуваат пратениците од СДСМ


Денеска во Собранието, трет ден по ред, се расправа за францускиот предлог, а седницата ја следи и евроамбасадорот Дејвид Гир. Како и во изминатите денови, опозицијата повторно одговори со вувузели за време на говорот на пратениците од СДСМ. Претходните два дена расправата се одвиваше во многу напната атмосфера, со свирежи од вувузели од страна на […]

Османи со последен апел до пратениците за прифаќање на францускиот предлог


Ова е мој последен апел до пратениците, пишува министерот за надворешни работи, Бујар Османи пред почетокот на третиот ден расправа во Собранието за „францускиот предлог“. „Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да […]

Уште тројца говорници во Собранието, па одлука за предлог-преговарачката рамка


Собранието трет ден ќе расправа за Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот. Расправата во изминатите два дена се одвиваше во тензична атмосфера. Опозицијата за време на обраќањата на пратениците од владејачкото мнозинство правеше врева, а имаше и вербални конфликти и […]

Од вувузелите, навредите и заканите расправата во Собранието стана бесмислена


  Она што требаше да биде соочување на аргументи, па и можно усогласување на консензуални заклучоци на Собранието што треба да ѝ бидат доставени на Владата околу француско-европскиот предлог за кревање на бугарското вето, се претвори во заглушувачка еднострана „дискусија“. Поради жестокиот звук на вувузелите и свирчињата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на телевизискиот пренос можеа […]

(Во живо) Обраќање на премиерот Ковачевски во Собранието


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, ќе има свое обраќање на 81-та пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на чиј што дневен ред е точката  „Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со […]

Заврши протестот против францускиот предлог


По деветти пат под мотото „Ултиматум, не благодарам“ граѓаните денеска пред Собранието го изразија револтот против францускиот предлог. Протестот започна пред Владата, продолжи кон Министерството за надворешни работи каде учесниците побараа оставка од министерот Бујар Османи. На улицата пред зградата на МНР  тие испишаа графити „Македонија не е на продажба“, а потоа се упатија кон […]

Албанскиот политиколог Ѓета го критикува францускиот предлог: Клин во процесот на проширување на ЕУ во Западен Балкан


Клин во процесот на проширување. Вака познатиот албански политиколог Алтин Ѓета го гледа францускиот предлог за решавање на спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија. -Целта на Бугарија е да го направи пакетот дел од преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија. Би било проблематично, за првпат билатерален проблем меѓу две држави да се вклучи во […]

Софија била задоволна со првиот француски предлог, но несреќна околу македонскиот јазик


  Бугарското Министерство за надворешни работи е незадоволно што во преговарачката рамка е наведен „чист“ македонски јазик, а Договорот за добрососедство и протоколите не се критериум за отворање и затворање на поглавјата, пишува Дојче веле за извештајот што го подготвила шефицата на дипломатијата Теодора Генчовска и кој требаше да го чита пред бугарските пратеници. Тој […]

Од утре блокади низ цела држава против францускиот предлог


Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции. На протестот, кој засега се одвива мирно и без инциденти, се бараат оставки од Владата која, […]

Владата го испрати францускиот предлог во Собранието


Владата на Република Северна Македонија на денешната 59-та седница, ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија. На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на Република Северна Македонија на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно […]

Демонстрантите се разотидоа – пред Собранието се фрлаа димни бомби, а кај „Скендербег“ се пукаше


Протестите што се одржуваат веќе петти ден по ред под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, вечерва завршија мирно. Протестот кој почна пред владината зграда продолжи со марш кон Министерството за надворешни работи каде што демонстрантите овој пат положија рози пред полицијата, кои ја чуваа безбедноста на зградата на МНР. Цвеќиња беа положени исто така и […]

И Вучиќ бара да бидеме разумни, да го одобриме францускиот предлог


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на Сител ги повика македонските граѓани, разумно да ги постават работите, бидејќи само така ќе сфатат што добиваат, а што може да изгубат со почеоткот на преговорите со Унијата. Вучиќ посочи дека европскиот пат е тежок, но напредокот на земјата ќе биде од суштинска важност за сите. За […]

Сарацин: Овој прозорец може да се затвори утре


Вратата кон ЕУ сега е  широко отворена и треба да се влезе за да го продолжиме патот заедно, порача Мануел Сарацин, спрецијалниот претставник на Германија за Западен Балкан, кој е во посета на Македонија. „Oвој процес со Северна Македонија мора да се случи, тоа е во интерес на Северна Македонија и во интерес на ЕУ. […]

Џафери објави снимки од последиците од синоќешното дивеење пред Собранието


По синоќешните протести против францускиот предлог кога група луѓе насилно се однесуваа пред институциите, и зградата на Собранието има штети, а снимки од резултатот објави спикерот Талат Џафери.   – Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто […]