Кој ќе го снабдува ЕСМ со природен гас ќе се знае по празникот


  АД ЕСМ по празникот ќе соопштат кои фирми понудиле природен гас на тендерот за снабдување на топланите. Како  што велат од компанијата, се уште чекале да бидат доставени  понудите, па потоа ќе ги разгледале и од вторник ќе ја информирале јавноста кој се се пријавил. Понудите компаниите требаше да ги достават до вчера. ЕСМ […]

Во погон два блока од РЕК Битола и еден блок РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино во сервисни и ремонтни активности


  АД ЕСМ соопшти дека во моментот произведува електрична енергија преку двата блока во РЕК Битола, едниот блок во РЕК Осломеј и хидроелектраните кои се користат пред се за системски услуги. Според компанијата, со оглед на тоа што се произведува со три блока од термоектраните и со оглед на топлото време, конзумот се задоволува со […]

Како штеделе во ЕСМ: Греење на нула, намалено осветлување…


АД ЕСМ треба да биде пример како да се штеди енергијата, зашто ние ја произведуваме, рече денеска генералниот директор на компанијата, Васко Ковачевски. Одговорајќи на новинарско прашање како ЕСМ успеа да заштеди струја кога фасадата на зградата се уште не е направена, Ковачевски одговори дека освен што максимално се почитувале мерките препорачани од Владата, во […]

АД ЕСМ целосно ги задоволува потребите од струја на регулираниот пазар


Електростопанство на Северна Македонија (АД ЕСМ) вчера произведе 12.260 мегаватчасови електрична енергија со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, соопштија од Владата. Во Термоелектраните произведени се 7.845 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.415 MWh.

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи законот за ликвидност на ЕСМ, ќе го блокира во Собранието


Лидерот ан ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изјави дека најголемата опозициска партија нема да го поддржи донесувањето законот за ликвидност на  ЕСМ бидејќи според него над 4.000 луѓе ќе останат на улица, и најави дека неговата партија ќе ја искористи можноста за филибастеринг во парламенотот. „Законот кој што го предложи власта во парламентот со наслов Закон […]

ЕСМ: Зголемено производството, обезбедена струја за дел од домашното стопанство


АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија, со што, како што соопшти, целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Од ЕСМ истакнуваат дека го зголемиле производството, како и дека обезбедиле струја за дел од домашното стопанство. Прецизираат дека во термоелектраните […]

ЕСМ бара гас до април од „Макпетрол“ и од други две фирми


АД ЕСМ соопшти дека денеска испратиле допис до „Макпетрол“, и до уште две други фирми кои покажале  интерес да обезбедат гас за потребите на АД ЕСМ. „Во дописот од истите е побарано до 20.10.2022 година да достават понуда за гас за периодот ноември-април“, се вели во соопштението од ЕСМ, при што се додава дека понудата […]

ЕСМ не одговорил на понудата на „Макпетрол“ за набавка на гас за ноември за парното во Скопје


Од причина што грејната сезона започна на 15-ти октомври, сè поизвесно е прашањето за производство на топлинска енергија и загревање на објектите во градот Скопје, за месец ноември. Макпетрол АД ја известува пошироката јавност дека минатата недела, на 12-ти октомври достави Понуда до АД ЕСМ за количините потребни за топланите Исток и Запад за месец […]

ЕСМ го зголеми производството, обезбеди струја за дел од домашното стопанство


АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) вчера произведе 12.660 MWh електрична енергија, со што, како што соопшти, целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствени, домашни капацитети. Од ЕСМ истакнуваат дека го зголемиле производството, како и дека обезбедиле струја за дел од домашното стопанство. Прецизираат дека во термоелектраните […]

Преку ЕСМ продажба на дел од компаниите може да им се продаде струја која е на ниво или под берзанската цена, вели Ковачевски


  Министерството за економија во комуникација со компаниите кои се на слободниот пазар на електрична енергија веќе изработи предлог дел од нив да бидат вратени на регулираниот пазар и да бидат снабдувани директно преку ЕСМ продажба со цена пониска од берзанската, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски. -Овој предлог го разгледувавме и со стопанските комори компаниите […]

ЕСМ се дообјаснува за потпишувањето нови договори за парното


Новиот снабдувач со топлинска енергија на градот Скопје, ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, како носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со Лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи Регулаторната комисија за енергетика. Заради регулирање на потрошувачкиот однос на […]

Бислимоски: Доколку се одржи планираното производство не верувам дека ќе има поскапување на струјата на регулираниот пазар


Доколку АД ЕСМ го одржи планираното производство на електрична енергија не верувам дека по 31 декември ќе има потреба од зголемување на цената на струјата на регулираниот пазар, оцени денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски. -До 31 декември цената на електричната енергија која ЕСМ и ја продава на […]

ЕСМ: Во 105 објекти не се обезбедени потребните услови за испорака на топлинска енергија


EСМ Снабдување со топлина преку соопштение апелира потрошувачите, заедниците на сопственици и управителите да ги обезбедат потребните услови за непречена испорака на топлинска енергија во објектите по почетокот на грејната сезона. Соработката од страна на потрошувачите и заедниците на сопственици, посочуваат од компанијата, е во интерес на сите страни за да се обезбеди навременa и […]

ЕСМ обезбеди гас за две недели од октомври, грејната сезона во Скопје почнува на 15-ти месецов


  АД ЕСМ обезбеди природен гас од Макпетрол до крајот на октомври, а грејната сезона ќе започне на 15 октомври, велат од ЕСМ. -На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. […]

ЕСМ и „Адора“ постигнаа договор за закуп на топланите


  АД ЕСМ и „Адора“ постигнаа договор за закуп на топланите во сопственост на „Адора“ , кои ќе се користат од страна на АД ЕСМ во процесот на обезбедување парно греење за градот Скопје, информира АД ЕСМ. -Договорот за закуп е со трајност за времетраење на грејната сезона 2022/23 година. Закупнината е дефинирана според постоечката […]

Фирмите што ги нуди Мицкоски да ги достават понудите до среда, вели директорот на ЕСМ


  Секоја понуда во насока на надминување на актуелната криза е добредојдена и затоа сите понуди од компании кои по препорака на Христијан Мицкоски ќе стигнат до ЕСМ во официјална форма, согласно Законот за јавни набавки на енергенси, веднаш ќе бидат разгледани од страна на Комисијата за јавни набавки на АД ЕСМ, порача денеска генералниот […]

Ковачевски: Парно ќе има од 15 октомври, почна постапката за издавање лиценца на ЕСМ


Владата ја почна постапката за за издавање лиценца за производство на топлинска енергија од регулиран пазар согласно член 6 од Законот за енергетика на ЕСМ, соопшти вечерва премиерот Димитар Ковачевски. Гас ќе се добива од Србија, доколку се финаслизира договорот за кој што се преговара. Станува збор за размена на гас за струја.   На вонредна […]

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза – за енергенси уште се разговара


Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола, ставање во функција на ТЕЦ Осломеј, а од утрово во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски. Првиот котел […]

Васко Ковачевски: Во АД ЕСМ не е склучен ниту еден договор во четири очи


Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во четири, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат. – Тврдам пред целата македонска јавност, секогаш кога […]

Струја за бизнис секторот од Бугарија, цената ќе се знае идната недела


Не е точно дека ако склучиме договор за испорака на електрична енергија со Бугарија, трансферот ќе оди преку Грција, вели генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. Тој во вечерашното Топ Тема интервју на телевизија Телма информира дека заклучно со наредната недела треба да завршат работните групи на Северна Македонија и Бугарија кои треба да […]