Допрва ќе се знае колку точно струја ќе треба за новите 518 корисници по повластена цена
За трите категории потрошувачи кои согласно одлуката на Владата од 1 декември ќе бидат снабдувани со субвенционирана електрична енергија од ЕСМ преку „ЕСМ продажба“ делумно ќе произведеме електрична енергија и ќе го зголемиме сопственото производство, но делумно и ќе треба да се направат набавки во декември, порача денеска генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. […]