Дурмиши: Годината ја почнуваме со добри вести, почнува примената на законот за сезонска и привремена работа


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши преку објава на Фејсбук потсетува дека од денес стапува на сила законот со кој им се овозможува на студентите и пензионерите да бидат ангажарани за сезонска и привремена работа без притоа да ги изгубат бенефитите што им следуваат. – Годината ја започнуваме со добри вести! Денес, 1 јануари, […]

Владината просечна потрошувачка кошница ќе ги „прескокне“ новогодишните празници, се чекале коментари од синдикатите


Просечната потрошувачка кошничка што ја изработи Министерството за економија и труд нема да стартува од почетокот на новата година, иако методологијата е готова. Ова денес на брифинг со новинарите го рече министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши кој посочи дека методологијата за новата кошница е готова и е исратена до синдикатите и до работовачите […]

Дурмиши во Берлин: Со новиот модел на финансиска поддршка од 2026 година, државата ги наградува квалитетните инвестиции


 Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска во македонската Амбасада во Берлин учествуваше на панел дискусија посветена на можностите за странски инвестиции во земјава.  – Нашата цел е да изградиме економија што создава додадена вредност и нуди јасни, долгорочни услови за инвеститорите. Со новиот модел на финансиска поддршка што ќе стартува во 2026 година, […]

Дурмиши: За минималната плата треба да се договорат синдикатите и работодавачите


 Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се […]

Нема вонредно зголемување на минималната плата, усогласувањето ќе биде во март, вели Дурмиши


Министерот за економија, Бесар Дурмиши, денеска уште еднаш ги „олади“ синдикатите со барањето за зголемување на минималната плата велејќи дека нема да има вонредно зголемување на „минималецот“, туку дека ќе се чека редовното усогласување во март идната година. Дурмиши потсети дека минималната плата годинава се зголеми за околу 2.000 денари Според Законот за минимална плата, […]

Дурмиши: Преку мерката за зелени инвестиции отворени речиси 400 нови работни места


Преку мерката за зелени инвестиции досега се отворени речиси 400 нови работни места во приватниот сектор, соопштил денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, кој заедно со директорот на Агенцијата за вработување и постојаниот претставник на УНДП го посетиле ресторанот „Ксантика“ како еден од успешните примери на зелени инвестиции.  – Досега 228 компании инвестираа […]

Трговците, производителите и дистрибутерите попладнево на средба кај Дурмиши за цените на храната


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши попладнево ќе има средба со трговците, производителите и дистрибутерите на која ќе стане збор за цените на прехранбените производи. Како што информира, ова ќе биде крајна опомена и предупредување до нив да се однесуваат соодветно. Во спротивно, најави, Владата ќе воведе ригорозни мерки. Дурмиши не прецизираше за какви […]

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентираше новата мерка од Оперативниот план за 2025 година – Програмата Општинско-корисна работа, со која се предвидува ангажман на 300 невработени лица за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво. Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани, вклучувајќи […]

Преку четири јавни повици поднесени се 6.026 апликации во рамки на Оперативниот план за вработување


Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за економија и труд во изминатата година. Во отчетот за првата година од мандатот, ресорниот министер  Бесар Дурмиши рече дека Планот е носечка алатка и стратешки документ во борба со невработеноста за кој е обезбеден рекорден буџет од речиси 40 милиони евра. Како што […]

Објавен повик за две мерки за поддршка на почнување сопствен бизнис


 Објавен е повикот од Оперативниот план за вработување за 2025 година што се однесува на две мерки, едната за лица над 29 години која предвидува 430.500 денари (7.000 евра) грант за основање сопствен бизнис како и дополнителни до 250.000 денари за лица со попреченост, и втората за лица до 29 години што предвидува до 615.000 […]

Дурмиши на средба со норвешка делегација: Зголемен интерес за норвешки инвестиции во Северна Македонија


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска пречека делегација од Кралството Норвешка, предводена од Кристин Мелсом, амбасадор на Норвешка за Северна Македонија и Србија, како и претставници на владини институции и норвешки компании. Како што информираат од Министерството за економија и труд, во делегацијата биле и Анита Крокан, висок советник во Министерството за надворешни […]

Дурмиши им ја нуди Попова Шапка на Саудијците


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, денеска во Сараево, имал средба со Абдулазиз Алсакран, заменик-гувернер за меѓународни односи при Генералниот орган за надворешна трговија на Кралството Саудиска Арабија (GAFT), на која, меѓу другото, станало збор и за можности за саудиски инвестиции во стратешки сектори за економски развој, како што се агрокултурата, туризмот и одржливите […]

Дурмиши ќе ги чека извештаите од инспекциите, после ќе размислува за можни мерки


Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат се на терен за да утврдат дали трговците, дистрибутерите или производителите имаат девијантно  однесување, односно дали има зголемување на цените на прехранбените производи. Доколку се утврди зголемување на цените на производите во тој случај ќе се преземат поригорозни мерки, истакна на денешната прес-конференција министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. […]

Кризен штаб за спас на аптеки одржаа состанок со Дурмиши, не сакаат да бидат во ист кош со маркетите за објавување на цените


Претставници на Кризен штаб за спас на аптеки одржале состанок со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по повод приговорот поднесен до Министерството за новата одлука за објавување цени на стоки на веб-страници. Дека аптеката е вид здравствена установа, се добило поддршка и од Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД). Како што денеска информираа за […]

Дурмиши се закани со ограничени маржи за скоро сите производи ако трговците пак ги зголемат цените


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најавува ограничување на маржите за речиси сите производи или зголемување на вредноста на ограничувањето на маржите доколку по завршувањето на владината мерка која трае до задутре Државниот пазарен инспекторат утврди девијантно однесување од страна на маркетите и енормно зголемување на цените.  Дурмиши денеска во одговор на новинарско прашање  […]

Што ќе биде со цените откако ќе заврши ограничувањето на маржите: Дурмиши најавува нови мерки ако има потреба


Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат […]

Наредната недела нацрт верзија на измените на Законот за угостителска дејност


 Во текот на наредната недела пред членовите на Владата ќе биде претставена нацрт верзијата на измените за Законот за угостителска дејност, најави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на конференцијата „Реформа на Законот за работни односи – предизвици и насоки“. Прашан зошто во овие девет месеци откако […]

Министерот за економија Дурмиши не чувствува одговорност за несреќата во Кочани


  Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, не чувствува одговорност за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и упати одговорноста да се бара кај институциите што се надлежни за спроведување контрола. Според него, Министерството за економија не е надлежно и нема механизам за проверка дали некој има лиценца, а на прашањето за вината кај […]

Следната недела ќе биде познато дали ќе има ограничување на маржите на основните прехранбени производи


Следната недела ќе биде познато дали ќе има ограничување на маржите на основните прехранбени производи, средствата за хигиена и бебешката храна. Претставници на трговците и дистрибутерите денеска имаа средба во Министерството за економија и дале свои предлози кои дополнително ќе се анализираат.  – Трговците и дистрибутерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија […]