Дурмиши им најавил на производителите и дистрибутерите засилен надзор врз движењето на цените


Следењето на движењето на цените и спречувањето на неоправдани поскапувања биле во фокусот на состанокот што министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, го одржале со претставници на производителите и дистрибутерите. Како што соопштуваат од Министерството за економија и труд, на состанокот биле презентирани резултатите од најновата […]

Кај над 700 производи зголемувањето на продажните цени било речиси двојно поголемо од порастот на набавните цени


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет одговарајќи на новинарски прашања во однос на контролите на Државниот пазарен инспекторат, истакна дека ​контролите за над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај основните прехранбени производи и средствата за хигиена се […]

Неделава средба со доставувачите и со производителите, најави Дурмиши


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши најави дека оваа недела ќе се одржи состанок и со доставувачите и со производителите, на која ќе се разговара за обезбедување пониски цени на основните прехранбени производи – дефинирана цел на минатонеделната средба со трговците.   Одговарајќи на новинарско прашање, Дурмиши денеска рече не може да каже конкретен датум […]

Дурмиши: Сто административни постапки ќе бидат поедноставени и скратени


Во изминатите две години создадовме политики што носат конкретни ефекти, а една од нашите најголеми одговорности беше заштитата на животниот стандард на граѓаните – рече денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши на прес-конференција за отчет за сработеното. Според Дурмиши, остануваат бројни предизвици, но реформите што ги започнале се цврста основа за поконкурентна, поиновативна […]

Дурмиши: Компаниите да ја искористат поддршката за инвестиции, да аплицираат до 15 јуни


Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ги повика компаниите кои реализирале инвестиции и ги исполнуваат законските услови, да ја искористат можноста за државна поддршка и навреме да аплицираат. Крајниот рок за поднесување на барањата, потсети, е 15 јуни. -Законот за финансиска поддршка на инвестиции е една од најзначајните алатки преку кои државата ги […]

Повеќе од 40 милиони евра обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026, ќе бидат опфатени над 10.000 граѓани


Повеќе од 40 милиони евра се обезбедени преку оперативниот план за вработување за 2026 година за поддршка на вработувањето, претприемаштвото и развојот на човечкиот капитал. Со планот се очекува да бидат опфатени над 10.000 граѓани. Посебен фокус е ставен на младите.   – Со овој план инвестираме директно во луѓето. Обезбедуваме конкретна поддршка за младите што […]

Дурмиши: Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од минималната


Не може ниту една компанија да нуди работа за плата која е пониска од законски утврдената минимална плата, категоричен е министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Најавува контроли кај компаниите, а доколку се утврди дека навистина се нудат работни места со плата под минималната, најавува санкции.  На денешната прес-конференција на која заедно со директорот […]

Во тек се инспекциски контроли во маркетите, ако има зголемувања на маржите ќе се преземат мерки


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува контроли во сите ланци маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тимови се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот […]

Наместо поскапувањата и животниот стандард, за Економско социјалниот совет поважни се други теми


Наместо за стандардот на граѓаните и за зголемените трошоци за живот, денеска на седница на Економско социјалниот совет се расправало за други теми, кои за претсавницитѕе на власта се важни, додека за синдикатот пак, многу е поважно прашањето за скапотијата која го подјадува стандардот на граѓаните. Во меѓувреме, иако повеќепати беше најавувана, владината потрошувачка кошница […]

За опозицијата поскапувањата се „брутални“, за власта, пак, „не се енормни“


Поскапувањата со кои што секојдневно се соочуваат граѓаните во маркетите и на зелените пазари, се гледаат со различна диоптрија од страна на власта и на опозицијата. Тое денес се виде и на седницата посветена на пратенички прашања, откако пратеникот од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, наброја повеќе производи кои што имаат значително повисоки цени во […]

Дурмиши: Десетпати повисоки казни за трговците ако продолжат да не го почитуваат законот


Вредноста на казните предвидени со Законот за забрана на нефер трговските практики ќе се зголеми десеткратно ако трговците продлжат да се однесуваат вака и не го почитуваат законот, врз основа на што Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) досега им изрече 30 казни на четири компании за картелско здружување и се чекаат одлуки од судот […]

Ништо од зголемување на минималната плата, само усогласување од 1.660 денари, сега е 26.046 денари нето


  Нема ништо од зголемување на минималната плата, како што бараа синдикатите. На денешната седница на Економско-социјалниот совет беше донесена одлука за законско усогласување на минималната плата кое што се врши еднаш годишно врз основа на зголемувањето на просечаната плата во земјава и порастот на трошоците на живот. Усогласувањето е во нето износ од 1.660 […]

Денеска ќе се знае за колку ќе се усогласи минималната плата


Просечната потрошувачка кошничка што Владата веќе ја изготви, но сè уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите ќе биде меѓу точките од дневниот ред на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС), најави за МИА министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.  Како што изјави за МИА во петокот, на седницата на ЕСС ќе биде […]

В понеделник ќе се знае за колку ќе се усогласи минималната плата, на дневен ред на ЕСС и владината потрошувачка кошничка


В понеделник, на 2 март, ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет. Како што изјави за МИА министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, меѓу точките од дневниот ред ќе биде и Просечната потрошувачка кошничка која Владата веќе ја изготви, но се уште го чека ставот на работодавачите и синдикатите. На седницата на ЕСС ќе […]

Дурмиши го изедначи усогласувањето на минималната плата со зголемување


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши останува на ставот дека минималната плата ќе се зголеми во март кога ќе се изврши нејзино усогласување согласно утврдената методологија. Во одговор на пратеничко прашање за зголемување на минималната плата на 600 евра, Дурмиши ја обвини опозицијата дека прави политички маркетинг. – Нема потреба од политички маркетинг. Ние […]

Дурмиши: За минималната плата не треба да се носат краткорочни политички решенија или под притисок


Прашањето за минималната плата е чувствително и токму затоа не се носи решение под притисоци или пак краткорочни политички решенија, изјави вечерва министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Дурмиши во гостување на ТВ Телма посочи дека се чекаат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС) и оти во март ќе има законско нивелирање на […]

Со Законот за работно ангажирање, во првата фаза 17.400 лица ќе излезат од неформалната економија, вели Дурмиши


Формализацијата на сивата економија е една од највисоките стратешки определби на Владата и клучен сегмент од реформската агенда, зашто директно влијае врз економскиот раст, стабилноста на јавните финансии и заштитата на работниците. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2024 година во земјава имало околу 694 илјади вработени, од кои приближно 85 илјади […]

Дурмиши: Зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска од собраниската говорница образложи дека за да има раст на минималната плата, треба да се земат предвид економската стабилност, инфлацијата и многу други критериуми. Ние, како што рече, сме за зголемување на минималната плата доколку се договорат синдикатите и работодавачите. Одговарајќи на пратеничко прашање од Борче Цветков […]

Дурмиши: Засега нема причина за мерки за цените на храната


Министерството за економија и труд засега не гледа причина да реагира во однос на цените на храната затоа што во декември цените биле намалени за 0,4 проценти. Доколку има енормно зголемување на цените, вели министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе реагираат и ќе се преземат мерки.  Тој денеска изјави дека во моментот не гледа причина […]

Ангажман на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на веќе стекнати права


Се очекува формализација на 17 400 работни места со Законот за работно ангажирање на лица што стапи во сила од вчера, а со кој се овозможува ангажирање на вработени, невработени, студенти, ученици и пензионери, без губење на нивните веќе стекнати права. Новото законско решение е најавено како суштинска реформа во начинот на повремено и сезонско […]