Министерката Димитриеска-Kочоска во работна посета на САД


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 26 април ќе престојува во работна посета на САД. Како што соопштија од Министерството за финансии, за време на престојот Димитриеска-Кочоска на покана на македонските здруженија во Чикаго ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора која живее и работи во овој дел од САД, а од […]

Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори: Обезбедуваме стабилност, предвидливост и партнерски однос


Макроекономска стабилност, предвидливо бизнис окружување, даночна политика која се заснова на рамен данок и партнерски однос на Владата со компаниите во реализациија на нивните инвестициски проекти, е пораката што ја пратила министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска до германски инвеститори на Генералното собрание на Македонско-германското стопанско здружение што се одржа во Скопје. Политиките коишто ги спроведуваме, […]

Димитриеска-Кочоска гледа шанса во царините од САД


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска изјави дека американските царини од десет отсто може да бидат шанса за нашата земја за директен извоз во САД. Таа најави дека за време на Пролетните средби на ММФ и Светска банка што ќе се одржат од 21 до 26 април годинава во Вашингтон, очекува да има средба […]

Димитриеска-Кочоска oд Делфи: Ова е крајот на глобализацијата, од одлуките за царините најмногу ќе трпат САД, ние остануваме на дискусиите за слободна трговија


Владата ќе ја продолжи дискусијата со администрацијата на САД за воспоставување слободна трговија, вели министерката за финансии во изјава за медиуми од Економскиот форум во Делфи, на кој во економскиот дел во фокусот се последните одлуки на САД за царините. -Клучно е дека Европа е подготвена, многу е смирена. Тука се присутни претставници и од […]

Ребаланс на буџетот во текот на летото, сега ќе има мини прераспределба


Ребаланс на буџетот ќе има и очекувано е тоа дека ќе се случи, но очекувам да биде во летниот период. Сега ќе имаме мини прераспределба, откако ќе заврши јавниот повик за општините, а прераспределбата што ја планираме е бидејќи не можевме однапред да ги предвидиме парите во кое Министерство да се доделат, вели министерката за […]

Министерката Димитриеска-Кочоска на 10. Економски форум во Делфи


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска од денеска до 11 април ќе учествува на Економскиот форум во Делфи, кој обединува на едно место креатори на политики, претседатели на држави, премиери, министри, претставници на бизнис и на академската заедница и експерти од над 55 земји во светот. Преку повеќе панел-дискусии, Форумот ќе биде фокусиран на низа глобални […]

Министерката за финансии порачува: Царините за стоки од САД може да ги спуштиме на нула


  До Владата сѐ уште не стигнале „добрите вести“ за американските царини, кои во неделата ги најави премиерот Христијан Мицкоски, но и без нив Македонија порача дека е подготвена да ги сведе царинските стапки на нула отсто за увозот на производи од САД. Ова денес на прес-конференција во Владата го потврди министерката за финансии Гордана […]

Сметководствената професија треба да се издигне на повисоко ниво, порача министерката Димитриеска-Кочоска


Министерството за финансии во соработка со Институтот на сметководители и овластени сметководили работат активно на унапредување на сметководствената професија и нејзино издигнување на повисоко ниво. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која се обрати на Втората регионална конференција на сметководители и овластени сметководители во РС Македонија.   -Стручноста, професионалноста и одговорноста на професијата […]

Од 1 април во функција нова надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки


Бирото за јавни набавки од 1 април 2025 година, ќе ја стави во функција новата надградена верзија на Електронскиот систем за јавни набавки, со нови функционалности и напредни алатки за да се олесни работењето, како на набавувачите, така и на понудувачите. „Станува збор за значајна реформа којашто ќе го унапреди процесот на јавните набавки, ќе […]

Димитриеска-Кочоска: Државата ги покрива трошоците за повредените


Владата дава максимална поддршка на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани. Покрај финансиската поддршка што беше обезбедена преку Буџетот за семејствата коишто имаат свои блиски кои се лекуваат во странство, фокусот е секако на континуирана поддршка во овој процес кој ќе биде долготраен. Ова го порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во отворената хуманитарна […]

Димитриеска-Кочоска на министерски состанок во Подгорица за елиминирање на недозволената трговија со тутунски производи


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска и утре ќе учествува на министерскиот состанок во организација на Светската здравствена организација, посветен на елиминирање на штетните влијанија од употребата на тутун. На состанокот на високо ниво учествуваат министри и заменици министри за финансии на земјите од регионот, претставници на Свеската здравствена организација и Eвропската комисија, Обединетото Кралство, […]

Димитриеска-Кочоска: Фискална консолидација и постигнување на фискалните правила приоритет на МФ, Буџетот во 2025 е во функција на развојот


Министерството за финансии силно опстојува на напорите за фискална консолидација која е дефинирана со Фискалната стратегија 2025-2029. Во 2024 година реализиравме буџетски дефицит понизок од проектираниот со ребалансот на Буџетот за  2,5 милијарди денари, односно ниво од 4,4% од БДП наместо проектираниот од 4,9%. Јавниот долг на крајот на 2024 беше понизок од проектираниот и […]

Димитриеска-Кочоска за влезот во СЕПА: Полесен пристап за компаниите во прекуграничната трговија и полесен и поевтин трансфер на парите


Македонија се приклучи на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Компаниите полесно ќе се приклучуваат во прекуграничната трговија со стоки и услуги, а граѓаните ќе добиваат поедноставни, побрзи и поевтини услуги при трансфери на пари во земјите од СЕПА“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил по донесувањето на Одлуката во […]

Димитриеска Кочоска задоволна од растот на БДП, но не брза со корекција за стапката за 2025 година


Во овој момент не би ја ревидирала проекцијата за економскиот раст на земјава во 2025 година иако во последниот квартал од 2025 година е постигнат раст од 3,2 проценти што е повисок од очекуваниот, оцени денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. -Секогаш сум многу внимателна во однос на бројките. Убаво е кога бројките покажуваат […]

Растот од 3,2 отсто во четвртиот квартал лани е сигнал дека економијата закрепнува, вели Димитриеска-Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска смета дека растот на БДП од 3,2 отсто во четвртиот квартал од минатата година е сигнал дека економијата почнува да се опоравува и постепено да се стабилизира. „Економијата покажува значителни знаци на опоравување и стабилизирање – резултат на политиките што ги спроведува Владата. Потврда за истото стигнува од објавените […]

Димитриеска-Кочоска: Првата транша за компаниите од унгарскиот заем ќе биде исплатена задутре


Првата транша во износ од околу 11 милиони евра, од средствата наменети за поддршка на компаниите обезбедени со унгарскиот заем, ќе биде исплатена задутре, односно ќе бидат префрлени средствата од централниот Буџет кон Развојната банка, најави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во изјава за Канал 5 од Будимпешта, таа наведе дека побарувачката кај компаниите за […]

Странските директни инвестиции лани достигнаа 8,1 отсто од БДП


Странските директни инвестиции во 2024 година во земјава изнесуваат 1,255 милијарди евра, што е двојно повеќе во однос на минатата година, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес – конференција во Владата повикувајќи се на податоците на Народната банка. Според министерката, странските директни инвестиции го надминале и рекордното ниво од 2022 година за […]

За Димитриеска-Кочоска навредата кон Петровска била „лажна тема“, служела за дефокус


  Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска изјави дека нејзиниот настап вчера во Собранието со кој што ја омаловажи пратеничката Славјанка Петровска дека не може да дискутира за потрошувачката кошница бидејќи нема деца, била „лажна тема“ и служела за дефокусирање на јавноста од поважни теми. Одговарајќи на прашање на новинарите на прес конференција во […]

Струмица е ставена на гилотина, се жали градоначалникот Костадинов


  Владата ѝ должи на Општина Струмица повеќе од еден милион евра поврат на данок на додадена вредност, а исто така со месеци добива помали дотации од она што законски ѝ следува, поради неисполнување на обврските кон локалната самоуправа проблеми има и јавното претпријатие за гас, а намалени биле и дотациите за основните и средните […]

Навредата на Димитриеска-Кочоска врз пратеничката Петровска предизвика ураган од реакции


  Пратеничките прашања денеска добија нова димензија, откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска упати отворени навреди кон Славјанка Петровска, при што ѝ порача дека не ја заслужува нејзината почит и запрепастувачки, ѝ го оспори правото на пратеничката од СДСМ да поставува прашање за потрошувачката кошница, поврзувајќи го тоа право со семејната состојба. За СДСМ станува […]