Буџетот не е во лоша кондиција, но нема за сѐ, вели министерката Димитриеска – Кочоска


Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска денеска оцени дека Буџетот не е во лоша кондиција и оти наплатата на даноците се одвива согласно проекциите. Одговарајќи на новинарски прашања посочи дека очекува реализација на даночните приходи и придонеси согласно проекциите.  –  Не би рекла дека буџетот е во лоша кондиција, но нема за се, исто […]

Димитриеска-Кочоска: Поддршката на домашните компании преку унгарскиот заем е инвестиција во економскиот раст


Средствата по поволни услови кои беа обезбедени од унгарската Експорт-импорт банка, не ги гледаме како трошок за буџетот, туку како инвестиција, затоа што поддршката за домашните компании е инвестиција во економскиот раст, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на својот ФБ профил. „Пред повеќе од две години, ја препознавме потребата за развој на […]

Инфлацијата го губи здивот? Во јули на годишно ниво забави на 2,3 отсто


Иако јули е месец кога се очекува инфлацијата да „папса“, со оглед на изобилството на понуда, пред се на земјоделски производи, годинава се покажа „жилав“, во однос на јуни, па трошоците на живот се зголемијна незначително за о,1 процент, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика објавени денеска. Сепак, на годишно ниво, односно јули годинава […]

Јавниот долг е 10,7 милијарди евра, или 58,8 отсто од БДП


Јавниот долг во вториот квартал забележа намалување во споредба со состојбата на јавниот долг во претходниот квартал од 0,1 процентен поен или во апсолутен износ за 21 милион евра, соопшти Министерството за финансии. Изразен како процент од БДП јавниот долг во вториот квартал од 2026 година бележи намалување и во споредба со состобјата на јавниот […]

Целиот буџетски дефицит во суштина оди на финансирање на капиталните расходи, вели Димитриеска-Кочоска


 Ребалансот на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен во Собранието во понеделникот, е добро решение и еден од ретките ребаланси на Буџетот низ годините во којшто има зголемување на ставката на капитални расходи, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. -Овој ребаланс е едно добро решение, имајќи ја предвид, целокупната состојба во економијата,  не само […]

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот создава услови за поголеми инвестиции


Ребалансот на Буџетот за 2026 година е насочен кон обезбедување средства за реализација на капитални инвестиции, исполнување на обврските преземени со колективните договори и поддршка на развојните политики кои директно влијаат врз квалитетот на живот на граѓаните, кажа министерката за финансии во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов”.  Говорејќи за зголемувањето на расходите со […]

Митрески праша зошто 44 милиони евра не се префрлени во вториот пензиски столб. Димитриеска Кочоска: Прашањето не е за мене


Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница постави пратеничко прашање до министерот за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на наодите од ревизорскиот извештај за Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Митрески укажа на констатирано доцнење во префрлањето на средствата кон вториот пензиски столб, и покрај тоа што, како што наведе, придонесите навремено се пресметуваат […]

Димитриеска – Кочоска: На Детската клиника имало лица кои незаконски биле повикани на работа


 Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска изјави дека на Детската клиника во Скопје биле ангажирани лица без претходно обезбедена законска согласност за нивно работно ангажирање. Одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата, таа посочи дека барањето од Детската клиника било доставено на 22 јануари, по што праша како вработените биле повикувани на работа во […]

Стигна сметката за помалите акцизи и ДДВ, ребалансот на Буџетот со намалени приходи и зголемени расходи


Глобалната економска криза и мерките што ги донесе Влада се рефлектираат и врз јавните приходи и расходи, па ребаланот на Буџетот кој денеска го усвои Владата ќе биде со помали приходи од првично проектираните, но со зголемени расходи што значи и поголем буџетски дефицит. Вкупните расходи ќе изнесуваат 425,2 милијарди денари, или нешто повеќе од […]

Како до силни јавни финансии: Форум на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ


Силните јавни финансии не се само економска категорија. Тие се темелот врз кој се гради секоја успешна држава. Тие се предуслов за инвестиции во образованието, здравството, инфраструктурата, безбедноста и севкупниот развој на општеството. изјави премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ. Тој посочи […]

Димитриеска-Кочоска: Партнерството со ИФЦ е значајно за инвестициите, енергетската транзиција и конкурентноста на македонската економија 


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска се обрати на првиот „Ден на ИФЦ“ во Македонија, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ). Во своето обраќање, министерката истакна дека во услови на глобални предизвици, инвестициите, иновациите и силниот приватен сектор остануваат главни двигатели на економскиот раст, продуктивноста и отворањето нови работни места. “Нашата определба е да поддржиме […]

Финансиските друштва нема да исплаќаат пари во готово, се подготвуваат законски измени


Министерството за финансии работи на измени и дополнувања на Законот за финансиските друштва, со цел зајакнување на регулаторната рамка, поголема заштита на граѓаните и унапредување на транспарентноста и стабилноста во работењето на овие субјекти. Се работи на законски измени што предвидуваат воведување задолжителни внатрешни тела во секое финансиско друштво, како одбор за внатрешна ревизија, одбор […]

За инфлацијата нека бере гајле Славески: Димитриеска-Кочоска вели дека тоа не е работа на Финансии


  Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска ја префрли топката за преземање мерки против растот на инфлацијата врз Народната банка на Македонија и делумно на Министерството за економија, a ја стави на страна институцијата која што ја раководи, Министерството за финансии во битката против загрижувачкиот пораст на трошоците за живот годинава. Таа во интервју за емисијата „Топ тема“ […]

Димитриеска-Кочоска: Јавниот долг е под контрола, ќе ја исполниме обврската за фискална консолидација


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека успешно се менаџира растот на бруто-домашниот производ и на јавниот долг, кој, според неа, е под строга контрола и сè уште е под 60 проценти од БДП. Како што изјави вечерва, состојбата со јавниот долг апсолутно не треба да загрижува и годинава ќе биде исполнета обврската за фискалана […]

Годинава не се планира нова еврообврзница, вели Димитриеска Кочоска


До крајот на оваа година не се планира издавање нова Еврообврзница. Се она што беше планирано со Буџетот за 2026 година при неговото носење за обезбедување средства најпрвин за отплата на старите долгови е веќе реалзирано и останува до крајот на годината обезбедување средства за финансирање на буџетскиот дефицит. Ова го истакна министерката за финансии […]

Филипче за повикот на министерката за финансии: Доаѓаме, но да дојдат и медиумите


Министерката Кочовска нè повикува на средба за „убаво да ги објасниме работите“. Добро. Доаѓаме. Но, да дојдат и медиумите со камери, ја пренесе вечерва СДСМ изјавата од претседателот на партијата Венко Филипче. „Нека ни објасни како 1 + 2 = 5, како што објаснуваше дека половина Европа ќе банкротира, а Македонија ќе стане богата“, вели […]

За Димитриеска Кочоска прес-конференцијата на Филипче за задолжувањето била „хистерична“


Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска го повика економскиот тим на СДСМ на средба на која, како што вели, ќе зборуваат за економијата преку бројки.  – Да седнеме и убаво да ги објасниме работите, затоа што деновиве гледаме хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички конструкции. За економијата не се зборува со […]

Колку е поволна каматата на новото задолжување од 260 милиони евра


За 260 милиони евра, колку што Владата ќе се задолжи од странските банки, за седум години колку што изнесува рокот за враќање, ќе треба да се платат дополнителни шеесетина милиони евра кон заемодавателите, според пресметките кои денес на Комисијата за финансирање и буџет ги изнесе пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи. За министерката за финансии, Гордана […]

Димитриеска-Кочоска: Со ребалансот нема да бидат засегнати ставките кои придонесуваат за економски раст и мерките за поддршка на граѓаните


Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од тие рамки, вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на започнатите разговори за ребалансот на Буџетот. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека Буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат […]

Се ревидира Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, што ќе значи за данокот на имот


Министерката Димитриеска- Кочоска денеска изјави дека e отпочнат процес на ревидирање на постоечката Методологијата за проценка на вредност на недвижниот имот, во насока на попрецизна регулација за даночни цели. Инаку, методологијата е основа врз што се одредува и основицата за пресметка на данокот на имот. Министерката за финансии денеска се обрати на 9-тата Меѓународна конференција […]