ДСЗИ со решение за забрана на ПЗУ „Санте Плус 2“ во Гостивар поради немање дозвола за вршење здравствена дејност


Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) издаде решение за забрана за вршење на здравствена дејност на ПЗУ Санте Плус 2 – поликлиника на примано ниво, во просторијата лоцирана на улица „Илинденска” бб во Гостивар, бидејќи нема решение за дозвола за вршење на здравствена дејност издадена од Министерство за здравство. Како што посочуваат од ДСЗИ, решението […]

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за автопатот Прилеп – Битола


Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект. Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот […]

Државата нема платено пенали кон „Бехтел и Енка“, тврди вицепремиерот Груби


Ниту еден пенал нема платено државата на конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на делниците од Коридорите 8 и 10Д, тврди првиот вицепремиер и координатор за изградбата на коридроите 8 и 10д Артан Груби. Тој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката  ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјанновска-Давкова  во однос на повиците пто ги упатува за вработувања во […]

„Бехтел и Енка“ во Прилеп нудат работни места за повеќе профили потребни за изградба на автопатот Прилеп-Битола


 Компанијата „Бехтел и Енка“ денеска отвори штанд во центарот на Прилеп и на прилепчани им нуди работни места од повеќе профили за изградба на автопатот Прилеп-Битола. Ова е четврт саем по оние ово Тетово, Гостивар и Битола, а од 20-ти септември ќе има и во Кичево, Велес и во Куманово. Компанијата досега има ангажирано 35 […]

До „Бехтел и Енка“ стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места, а ќе требаат 8.000 работници


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава „’Бехтел и Енка’ во моментов разгледуваат 360 […]

Механизацијата на „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатите е на пат кон Македонија


  Првиот вицепремиер на Владата Артан Груби од Тетово најави дека механизацијата која ќе работи на изградба на автопатиштата предвидени во Коридор 8 е на пат кон државата. Откако на почеток на јуни беше означен почетокот на геомеханичките испитувања на почвата за изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, сега според владините министри ќе се почне и со […]

За изградбата на коридорите во 8 и 10д потребни се околу 2.000 работници


За изградбата на коридорите 8 и 10д на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе им бидат потребни околу две илјади работници од различни профили. Овој податок беше соопштен на првиот ден од саемот за вработување што се одржа попладнево во Агенцијата за вработување во Гостивар во американско-турскиот конзорциум. Меѓу гостите и заинтересираните граѓани беше и првиот […]

Се буди ли проектот „Бехтел и Енка“: Се бараат работници, ќе се гради камп…


  Проектот на векот, како што беше наречена изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, како повторно добива на динамика, откако конзорциумот „Бехтел и Енка“ за утре во Гостивар најави прв „Саем за вработување“, како и информацијата ден претходно дека за потребите на проектот ќе се гради голем работен камп за вработените. Значи […]

Конзорциумот „Бехтел и Енка“ организира „Саем за вработување“


„Саем за вработување“ организира конзорциумот „Бехтел и Енка“ кој ги гради Коридорите 8 и 10д, информира заменикот на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби. – Градиме за новите генерации, модерна инфраструктура која го поврзува регионот со Европа и ја развива економијата на нашата земјата. Со задоволство ве […]

Кон „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра


Директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми денеска информира дека кон „Бехтел и Енка“ досега се исплатени околу 167 милиони евра. Според Рустеми, моментно се вршат геомеханичките испитувања, а за проектирање на трасите ќе бидат ангажирани сите расположливи капацитети во државата. Се подготвуваат, нагласи, и елаборатите за експропријација. -Продолжуваме со плаќањето кон „Бехтел и Енка“, според Договорот […]

„Бехтел и Енка“ ангажирале домашни проектантски фирми за испитување на теренот


Нешто повеќе од еден месец по помпезно објавените почетоци на работењето на делниците на коридорите 8 и 10д и уплатените околу 170 милиони евра аванси од страна на ЈП за државни патишта на сметката на конзорциумот „Бехтел и Енка“, на терен не можат да се забележат никакви активности. Возачи кои минуваат по постојните патни правци […]

Хелсиншки комитет со инцијатива до Уставен суд за измените во Законот за работни односи поврзани со „Бехтел и Енка“


Хелсиншкиот комитет за човекови права на 4 јули 2023 година доставил иницијатива до Уставниот суд на РСМ за оценување на уставноста и законитоста на членовите 1, 2 и 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи (ЗРО), поврзани со реализацијата на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски […]

Исплатени уште 53,3 милиони евра за коридорите 8 и 10 д


Исплатена е втора транша во износ од 53 милиони евра на наменската сметка за американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, како дел од предвидените средства  за изградбата на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, потврдија денеска од  Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Исплатата е  согласно со Програмата за финансирање патна инфраструктура за проектот Коридор […]

Собранието ги изгласа законски измени, „Бехтел и Енка“ сега треба да градат


  Собранието во рамки на денешното продолжение на 115-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на  петте закони поврзани со реализација на Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници на коридорите 8 и 10д. Со 60 гласа „за“ и 43 „против“ беше донесен Законот за изменување и дополнување на Законот за […]

Ивановска: Колку што можеме најбрзо ќе го завршиме разгледувањето на договорот со „Бехтел и Енка“


Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата. – Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од […]

Ивановска: Со полна пареа го анализираме договорот со „Бехтел и Енка“


– Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ го добивме и сме во фаза на негова анализа. Поброен тим ќе работиме на овој предмет, а веќе им се поделени задачите на советниците, изјави денеска претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска. Таа повтори дека имаат неколку советници од кои дел се вклучени во делот за јавни […]

Почнуваат геомеханички истражувања на делницата Прилеп – Битола


На трасата на делницата од Коридорот 10 д, кој ќе ги поврзе Прилеп и Битола, во наредните денови ќе се вршат геомеханички истражувања на теренот за подготовка на изградбата на автопатот откако вчера и официјално беше означен почетокот на работите, соопшти Владата . Ова е согласно предвидената динамика во договорот. „Продолжуваат подготвителните градежни работи на […]

ЈП„Државни патишта“ го достави до Обвинителството договорот за „Бехтел и Енка“


ЈП „Државни патишта“ постапувајќи по барањето на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден го достави договорот за изведба и надзор над изградбата на коридорите 8 и 10-Д, информираат од Јавното обвинителство. Претходно, ЈП „Државни патишта“ до Обвинителството ги достави броевите на огласите од […]

Груби: Прогнозите се дека „Бехтел и Енка“ ќе ангажира над 70 отсто локална работна сила


Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во објава на Фејсбук. – Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија […]

Џафери и координаторите утре ќе се договараат за презентација на Договорот со „Бехтел и Енка“ во Собранието


Во Собранието утре се очекува да се одржи координативна средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери со првите луѓе на пратеничките групи. Една од темите на средбата, според најавите, би требало да биде и договор за тоа како и на која собраниска комисија би бил презентиран Договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на делови […]