Проектот „Бехтел и Енка“ ќе се пролонгира, за негово завршување ќе требаат уште 900 милиони евра, вели Мицкоски


Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти и инвестиции во наредните 10 години најавува Владата, и тоа во нови автопати, експресни патишта, пруги и обнова на постојните здравствени и енергетски капацитети.   – Во текот на втората половина од годината очекуваме истовремено да се градат шест автопатски делници во државата – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски […]

На коридорите 8 и 10 д во декември лани работеле 2.098 лица, на „Бехтел и Енка“ им биле исплатени 19,2 милиони евра


Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, што ги гради американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, во декември 2025 година биле ангажирани 2.098 работници, како и 1.269 вкупна опрема, покажува извештајот од надзорот за прогрес на работите за декември 2025 година, објавен на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП).  Според извештајот, […]

Во изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д во септември ангажирани 2.277 лица


Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар), (Гостивар-Букојчани)  и (Прилеп-Битола) во септември годинава продолжил да извршува работи главно за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопати, дизајн на експропријација, привремени работи за управување со сообраќајот, уривање и отстранување на постоечки објекти и други елементи на патот и […]

Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д


Во јули годинава преку Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) се исплатени 1.022.217.192 денари ( 16,5 милиони евра) на конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола ). Според Извештајот од надзорот за прогрес на работите, во јули изведувачот продолжил да извршува работи главно за геотехнички […]

Во јуни исплатени 13,5 милиони евра на „Бехтел и Енка“ за изградбата на автопатите


Конзорциумот „Бехтел“ и Енка“, изведувач на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во јуни продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, дизајн и спецификации на автопат, дизајн на експропријација,  активности за истрага на неексплодирани убојни средства, работи за привремено управување со сообраќајот и работи за мобилизација, како и […]

На „Бехтел и Енка“ до сега им се исплатени над 312 милиони евра, во мај добиле 11 милиони евра


Изведувачот на автопатските делници на коридорите 8 и 10д (Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола) во мај  продолжил да извршува претежно работи за геотехнички истражни работи, проектирање и спецификации на автопат, проектирање на експропријација, активности за откривање на експлозивни направи, работи за привремено управување со сообраќајот и за мобилизација, како и градежни активности главно за земјени работи […]

Колку ќе чини изградбата на автопатиштата на „Бехтел и Енка“ – 1,3 или 2,6 милијарди евра?


  Колку вкупно ќе чини изградбата на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, кои што ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“? Дали ќе биде 1,3 милијарди евра, колку што е наведено во договорот кој го склучи тогашната влада на СДСМ и ДУИ пред нешто повеќе од две години, или пак многу повеќе, дури два […]

На „Бехтел и Енка“ досега се исплатени вкупно 301,08 милиони евра за коридорите 8 и 10д


Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани,  а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.  Според Извештајот, […]

Николоски: Трасирањето на Коридор 8 е надлежност на „Бехтел и Енка“, за проблемите Владата праќа молби до нив


  За проблемите на граѓаните кои излегуваат поради трасирањето на Коридор 8 од страна на конзорциумот „Бехтел и Енка“, Владата нема многу ингеренции и може само да ги замоли за помош.  Вака одговори министерот за транспорт Александар Николоски, на новинарско прашање дали Владата ќе им излезе во пресрет на жителите од гостиварско Здуње кои бараат […]

Што ќе значат современите патишта за пелагонискиот регион


Во 2025 година, преку придобивките од патиштата треба да му се случи „експанзија“ не само на стопанскиот сектор на пелагонискиот регион, туку и на социјалниот и на секојдневниот живот проследен со безбедно патување. Во пелагонискиот регион со нетрпение се очекува ветената изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, во 2025 година, а потоа и на автопатот Прилеп-Битола, […]

„Бехтел и Енка“ годинава на пост, Владата наместо 249 милиони евра, ќе им даде само 66 милиони


  Конзорциумот „Бехтел и Енка“ денеска ќе ги презентира градежните активности на Коридорот 8 на делницата Гостивар – Букојчани, една од четирите кои што треба да ги заврши во наредните неколку години, но како што покажува извештајот за сработеното до август, тие годинава немале добиено ниту денар буџетски средства. Дали во меѓувреме нешто е променето, […]

Трајановски очекува „Бехтел и Енка“ да почнат да работат пред Нова Година


Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Коце Трајановски се надева дека пред Нова година ќе ги внесат на терен „Бехтел и Енка“ со активности за изградба на автопатските делници на коридорите 8 и 10д, откако претходно ќе се заврши потребната експропријација и дислокација на електрични и телекомуникациски водови. Како што соошти денеска Трајановски, […]

Од каде ќе се користи варовник за „Бехтел и Енка“: Се бара решение за рударскиот коп кај Ореовец


Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање во врска со протестот на жителите од прилепските Ореовец, Крстец и Плетвар кои се против отворање на рударскиот коп во близина на селото Ореовец од страна на фирмата „Бехтел и Енка“, најави дека ќе се бара решение за овој случај. Напомена дека досега единственото решение е да […]

Димитриеска-Кочоска за замрзнатите пари за делницата Гостивар – Букојчани: Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства


  Министерката на финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката влада за делницата Гостивар – Букојчани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. Сепак е клучно, напомена Димитриеска-Кочоска, дека во период на техничка влада […]

Јавното обвинителство наскоро може да се произнесе за надзорот над автопатите од „Бехтел и Енка“


Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најавува дека наскоро Јавното обвинителство би можело да излезе со одлука во врска со изборот на надзор над изградбата на автопатите од „Бехтел и Енка“. -Преземени се доста работи. Се работи таму за конзорциум од три фирми коишто се испитуваат. Досега има некои нелогичности во договорот. Се преземаат дејствија и […]

Стопанската комора ќе поддржи ревизија со „Бехтел и Енка“ ако е во интерес на бизнисот, бара континуитет на договорите


Се надевам дека вчерашната изјава на Мицкоски за ревизија на договорот со „Бехтел и Енка“ е дадена во согласност со нашите заложби за континуитет на правните договори што ги склучила претходната влада и ако се работи за подобрување во интерес на бизнисот, ние ќе ја поддржиме таа работа, рече денеска претседателот на Стопанската комора Бранко […]

Мицкоски ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“


  Новата влада предвидена од ВМРО-ДПМНЕ  ќе го репреговара договорот со „Бехтел и Енка“ за изградба на автопатските делници од коридорите 8 и 10д, најави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.  Обраќајќи се на завршувањето на дводневниот Самит на „Македонија 2025“, Мицкоски рече дека пред новата влада во врска со договорот со „Бехтел и Енка“ […]

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп


За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10д во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците  Гостивар – Тетово,  Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп. На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи,  а делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот  на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум […]

ССМ и СГИП реагираат на одлуката на Уставен за Договорот со „Бехтел и Енка“


Сојузот на синдикатите на Македонија и Синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање на Република Македонија реагираат на одлуката на Уставен суд да не поведе постапка за оценување на уставност на три члена од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи поврзани со работните часови, а во врска со Договорот со „Бехтел и […]