Бајден ќе им „прости“ студентски долгови на милиони Американци


Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе им ги „прости“ студентските долгови до 10.000 долари на милиони млади Американци, чија заработка годишно не надминува 125.000 долари. Како што се наведува во соопштението на Белата куќа, Бајден ќе „прости“ 20.000 долари долг на оние студенти кои користеле таканаречени Пел грантови, а 10.000 на други студенти. „Простувањето“ […]

„Десната рака“ на Бајден ја напушта Белата куќа


Стивен Гепферт, личниот помошник на американскиот претседател Џо Бајден, ја напушта Белата куќа за работно место во Одделот за транспорт. Станува збор за лице од тимот на Бајден, кое беше до претседателот на САД на секој важен настан од првите месеци од неговата кампања за претседател во 2020 година, јави Си-Ен-Ен. „Од кампањата до Белата […]

Можно е Бајден да најави кандидатура за реизбор порано од вообичаеното


  Претседателот на САД Џо Бајден може да соопшти за намерата да се кандидира за повторен избор порано од вообичаеното, веднаш по ноемвриската трка за места во Конгресот, за да ги растера гласините за наводни планови на демократите да објават друга личност во предвечерјето на претседателската трка во 2024 година. Ова го соопштија некои американски […]

Бајден не бил информиран за рацијата во куќата на Трамп


Американскиот претседател Џозеф Бајден не бил однапред известен за рацијата во домот на поранешниот претседател Доналд Трамп на Флорида, објави Белата куќа, нагласувајќи дека Министерството за правда спроведува независна истрага. – Претседателот не бил информиран, ниту некој во Белата куќа знаел за тоа, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер. Поранешниот американски претседател Трамп изјави […]

Бајден даде виза за членство на Финска и Шведска во НАТО


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ги потпиша инструментите за ратификација на пристапните протоколи во НАТО за Република Финска и Кралството Шведска. По овој повод, државниот секретар Ентони Блинкен ги повика и преостанатите земји-членки на Алијансата да ги ратификуваат протоколите. – Задоволни сме со брзиот прогрес Финска и Шведска да станат сојузници во НАТО. Постои […]

Бајден го потпиша законот за поттикнување производство на чипови во САД


Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот вреден 280 милијарди долари за поттикнување домашно производство на висока технологија, што е дел од напорите на неговата администрација да ја зголеми конкурентноста на САД во однос на Кина. Законот е клучен дел од економската агенда на Бајден да поттикне инвестиции во американската индустрија за полупроводници, со […]

Бајден „се чувствува добро“ по неговата втора последователна инфекција со коронавирус


Американскиот претседател Џо Бајден се чувствува добро и ја продолжува изолацијата откако по вторпат за кратко време доби позитивен тест на коронавирусот, објави неговиот лекар. Бајден повторно беше позитивен на Ковид во саботата, што неговиот лекар го опиша како реинфекција забележана кај мал број пациенти кои го земаат лекот Паксловид. „Продолжуваме да ја следиме ситуацијата […]

По два негативни теста заврши изолацијата на Бајден за Ковид-19


Американскиот претседател Џо Бајден денеска  заврши со изолацијата на Ковид-19, откако двапати беше негативен, соопшти Белата куќа. Бајден, пренесе ДПА, минатиот четврток излезе позитивен на тестот за Ковид-19 и тогаш неговиот доктор соопшти дека имал „многу благи симптоми“. Тој отиде во изолација и му беше даден петдневна терапија со Паксловид, лек за третман на коронавирус. […]

Бајден веќе нема никакви симптоми на Ковид, соопшти неговиот лекар


Американскиот претседател Џо Бајден нема речиси никакви симптоми на Ковид-19, откако беше позитивен минатата недела, соопшти денеска неговиот лекар. – Во овој момент, симптомите се затнат нос и минимална болка во грло, рече лекарот на Бајден, доктор р Кевин О’Конор, во соопштение од Белата куќа. Во текот на викендот, болките во телото и кашлицата се намалија, а претседателот немаше потешкотии со дишењето, додаде […]

Џо Бајден има корона


  Американскиот претседател Џо Бајден (79) е позитивен на корона вирус, потврди денеска Белата куќа. Како што објавија од таму, Бајден е два пати вакциниран, а примил и две бустер дози. Има многу благи симптоми, стои во соопштението. Белата куќа наведува дека тој ќе продолжи да работи од изолација сѐ до негативен тест за корона […]

Бајден: Климатските промени се непосредна и јасна опасност


Климатските промени се непосредна и јасна опасност, како и егзистенцијална закана за нашата нација и за светот, изјави американскиот претседател Џо Бајден. „Здравјето на нашите сограѓани е загрозено, како и нашата национална безбедност и нашата економија“, додаде Бајден за време на посетата на североисточната држава Масачусетс. Бајден рече дека ќе ги искористи своите извршни овластувања, […]

Бајден пристигна во Саудиска Арабија, прва средба со престолонаследникот Бин Салман


Американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска пристигна во Саудиска Арабија, се сретна со престолонаследникот Мохамед бин Салман. Како што јавија сгтранските агенции, двајцата државници се поздравиле со стиснати тупаници. Првата средба меѓу Бајден и Бин Салман се одржа во палатата на саудиското кралско семејство во западниот град Џеда и беше кратка. За време на кампањата […]

Бајден: Врските меѓу САД и Израел се посилни од било кога


Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска пристигна во Израел на почетокот на неговата турнеја по Блискиот Исток, прва откако ја презеде функцијата. Претседателскиот авион слета на меѓународниот аеродром Бен Гурион во близина на Тел Авив во 15 часот по локално време. Бајден таму беше пречекан од израелскиот претседател Исак Херцог и премиерот Јаир Лапид. Бајден им […]

Бајден се откажува од санкциите против руската нафта – еве за што станува збор


  Главните соработници на американскиот претседател Џо Бајден се загрижени дека економијата може да биде погодена од сериозен шок на крајот на годината што може да ја доведе земјата во изнемоштувачка рецесија. Затоа САД планираат да воведат ограничување на максималната цена на руската нафта наместо забрана. Претставниците на Белата куќа стравуваат дека новата рунда европски […]

Бајден повика на единство на Денот на независноста на САД


По повод прославата за Денот на независноста на САД, американскиот претседател Џо Бајден истакна дека основните слободи се загрозени, па ги повика граѓаните на обединување и „принципиелен патриотизам“ кога земјата се соочува со економски предизвици и национални поделби. „Од најдлабоките длабочини на нашите најлоши кризи, секогаш сме се издигнувале до повисоки височини. Сме биле тестирани […]

Бајден: Нов американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари


 Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција во Мадрид го објави новиот американски пакет воена помош за Украина во вредност од околу 800 милиони долари. Покрај тоа, тој најави дека коалицијата составена од повеќе од 50 земји ширум светот ќе испрати огромни количини оружје во Украина. „Нашиот министер за одбрана собра повеќе од 50 земји, кои […]

Врховниот суд пресуди дека Бајден може да ја укине политиката за враќање на имигрантите од јужната граница во Мексико


 Врховниот суд на САД денеска го одобри барањето на претседателот Џо Бајден за укинување на имигрантската политика од времето на претходникот Доналд Трамп за враќање во Мексико на имигрантите од Јужна Америка. Бајден вети дека ќе ги олабави строгите имигрантски процедури уште од почетокот на својата Администрација. Според процедурата донесена во време на неговиот претходник, […]

Бајден најави промена и зајакнување на американските сили во Европа


Шпанија– Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Мадрид изјави дека Соединетите Американски Држави ќе го променат и зајакнат составот на своите сили во Европа во согласност со заканите што доаѓаат од Русија и нагласи дека НАТО е потребен повеќе од кога било. Бајден рече дека САД испратиле дополнителни 20 војници во Европа од почетокот на […]

Русија воведе санкции за сопругата и ќерката на Бајден


  Рускиот претседател Владимир Путин воведе санкции за сопругата и ќерката на американскиот претседател Џо Бајден. Џол и Ешли Бајден додадени се на листата 25 најистакнати американски државјани на кои им е забранет влез во Русија. Деталите за санкциите засега не се познати. Руското министерство за надворешни работи соопшти дека тој чекор е преземен „како […]

Бајден го потпиша Законот за безбедност на оружјето


Претседателот на САД, Џо Бајден денеска го потпиша Законот за безбедност на оружјето. – Ова е монументален ден. Со Божја помош, ова ќе спаси многу животи, истакна Бајден по потпишувањето на Законот, што претходно беше поддржан од демократите и републиканците. Со потпишувањето на Законот за безбедност на оружјето почнува првата реформа на трговијата со оружје […]