Во приватна канцеларија на Бајден откриени потенцијално доверливи документи


Американското Министерство за правда разгледува потенцијално доверливи документи од времето кога Џо Бајден беше потпретседател на САД, пронајдени во неговата поранешна канцеларија во невладина организација во Вашингтон, соопшти Белата куќа. Адвокатскиот тим на Бајден во ноември открил околу десет досиеја документи во заклучен кабинет во „Пен Бајден Центарот“ во Вашингтон, рече негов адвокат посочувајќи дека […]

Бајден ќе одликува 12 луѓе кои пред две години го бранеа Капитол


  Претседателот на САД, Џо Бајден денеска ќе одликува 12 луѓе со Претседателскиот граѓански медал на церемонијата во Белата куќа по повод двегодишнината од нападот врз Капитол. Во нападот врз Капитол на 6 јануари во 2021 година, приврзаниците на тогашниот претседател Доналд Трамп упаднаа во зградата во неуспешен обид да го спречат Конгресот да го […]

Бајден го потпиша американскиот буџет за фискалната 2023 година


Американскиот претседател Џо Бајден го потпиша буџетот за фискалната 2023 година, објави Белата куќа. Бајден го потпиша законот, што беше усвоен од Конгресот минатата недела. Сумата е 1,7 трилиони долари со која ќе се финансирање на федералните институции до октомври 2023 година, ќе се зголеми буџетот на Министерството за одбрана и ќе обезбеди дополнителна помош […]

Бајден: Авиокомпаниите треба да се сметаат за одговорни за откажувањето на летовите во САД


Многу авиокомпании во Соединетите Американски Држави откажаа илјадници летови поради смртоносната арктичка зимска бура, а американскиот претседател Џо Бајден истакна дека неговата администрација ќе ги смета за одговорни. „Илјадници летови низ земјата беа откажани за време на празниците. Нашата администрација работи на тоа да ги повика авиокомпаниите на одговорност“, напиша Бајден на Твитер. Бајден ги […]

Зеленски за прв пат од војната излезе од Украина и отиде право во Белата куќа


  ВАШИНГТОН – Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата беше во пркосна воена посета на Вашингтон за да им се заблагодари на американските лидери и на „обичните Американци“ за нивната поддршка во борбата против руската инвазија и да изврши притисок за континуирана помош во бруталните месеци што следат. Претседателот Џо Бајден и Конгресот одговорија со […]

Бајден по пукотницата во Колорадо: Не смееме да толерираме омраза


  „Омразата не може и не смее да биде толерирана“, истакна американскиот претседател, Џо Бајден, во изјавата дадена синоќа како реакција на пукотницата во ЛГБТ клуб во Колорадо во која загинаа најмалку пет лица. „Не можеме и не смееме да толерираме омраза“, рече Бајден. „Во моментов нема јасен мотив за овој напад, но знаеме дека […]

Бајден пристигна во Пном Пен на самитот на АСЕАН


 Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигна во Камбоџа, каде ќе учествува на самитот на Асоцијацијата на земјите од Југоисточна Азија (АСЕАН). Бајден дојде во Пном Пен од египетското одморалиште Шарм ел Шеик, каде што вчера зборуваше на меѓународната климатска конференција под покровителство на Обединетите нации. Тој ќе остане помалку од 48 часа во главниот град […]

Бајден: Треба да се обрне внимание на поврзаноста на Маск со други земји


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека треба да се разгледа улогата на странските инвеститори во финансирањето на милијардерот Илон Маск при купувањето на Твитер за 44 милијарди долари. Бајден смета дека поврзаноста на Маск со странските инвеститори треба да се провери. Американскиот претседател ова го изјави одговарајќи на прашање за време на прес-конференција дали акциите на сопственикот на Тесла со […]

Бајден има намера повторно да се кандидира за претседател на САД


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека има намера повторно да се кандидира за функцијата и дека конечната одлука за тоа ќе ја донесе на почетокот на следната година, откако објави дека резултатите од штотуку одржаните среднорочни избори се добри за демократијата. Бајден овој месец ќе наполни 80 години, а неговиот советник кажа дека се […]

Бајден: Вторникот беше „добар ден“ за демократијата


  Американскиот претседател Џо Бајден, коментирајќи ги среднорочните избори на кои неговата Демократска партија помина подобро од очекуваното, рече дека изборниот ден во вторникот бил добар за демократијата, но оти резултатите покажуваат дека Американците сè уште се фрустрирани. – Тоа беше добар ден за демократијата, изјави Бајден пред новинарите во Белата куќа. Републиканците остварија големи добивки на […]

Бајден: Твитер шири лаги низ целиот свет


  Американскиот претседател Џо Бајден синоќа оцени дека Илон Маск ја купил платформата за социјални медиуми Твитер за да шири лаги низ светот. Твитер вчера отпушти половина од персоналот, но соопшти дека скусувањата се помали во тимот одговорен за спречување на ширење на дезинформации. Ова доаѓа откако огласувачите се повлекоа поради загриженоста за управувањето со […]

Бајден: Американската демократија е нападната


  Американската демократија е нападната, истакна претседателот Џо Бајден во својот говор за заштита на демократијата, што го одржа на станицата Унион во Вашингтон, недалеку од Капитол Хил. „Американската демократија е нападната затоа што поразениот поранешен претседател на САД одби да ги прифати резултатите од изборите во 2020 година“, рече Бајден. „Тој одбива да ја […]

Бајден е скептичен за изјавата на Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изрази скептицизам за изјавите на рускиот претседател Владимир Путин дека нема намера да употреби нуклеарно оружје во Украина. -Ако нема намера зошто постојано зборува за тоа? Зошто зборува за можноста за користење тактичко нуклеарно оружје? Тој беше многу опасен во начинот на кој му пристапи, рече Бајден во интервју за […]

Бајден: Саудиска Арабија ќе има последици поради одлуката за намалување на производството на нафта


  Американскиот претседател Џо Бајден рече дека „ќе има последици“ за Саудиска Арабија по минатонеделната одлука на земјите од нафтениот картел „ОПЕК плус“ за намалување на производствените квоти. „Ќе има последици за она што го направија со Русија“, изјави Бајден во интервјуто за „Си-ен-ен“, без да прецизира какви одлуки може да се донесат. Неодамнешната одлука […]

Бајден: Путин погрешно ја процени неговата војна против Украина


  Американскиот претседател Џо Бајден смета дека рускиот претседател Владимир Путин погрешно ја проценил неговата војна против Украина. -Мислам дека [Путин] е рационален играч кој погрешно пресметал, изјави Бајден во интервјуто дадено за телевизијата „Си-Ен-Ен“. Тој смета дека иако верува дека Путин постапува рационално, неговите цели во Украина „не биле рационални.” -Ако го преслушате говорот […]

Бајден му вети на Зеленски напредни системи за воздушна одбрана


  Во телефонски разговор синоќа, американскиот претседател Џо Бајден му вети на претседателот Володомир Зеленски продолжување на “континуираната поддршка за Украина потребна за нејзина одбрана, вклучувајќи и напредни системи за воздушна одбрана”, се наведува во изјавата од Белата куќа. Во разговорот Бајден “изрази сочувство за блиските на убиените и ранетите во овие жестоки напади”. „Тој, […]

Бајден потпиша уредба за пренос на лични податоци од ЕУ во САД


  Американскиот претседател Џо Бајден денеска потпиша извршна уредба што овозможува напредок во примената на новата рамка за пренос на лични податоци од Европската унија во САД, клучен за дигиталната економија, јавија дел од светските медиуми. Во март, Вашингтон и Брисел начелно се договорија околу тоа прашање, долго спорно затоа што претходните предлози за договор […]

Трамп: Бајден го сместија меѓу „лидерите од третиот свет“


  Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го коментираше фактот дека сегашниот претседател на САД, Џо Бајден седел во 14. ред на погребот на кралицата Елизабета Втора, наведувајќи дека бил опкружен со лидери на „земји од третиот свет“. На погребот на кралицата во Вестминстерската опатија, Џо Бајден седеше во редот 14., седмиот ред одзади. По тој […]

Бајден: Пандемијата на Ковид е завршена


  Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека пандемијата на Ковид-19 е завршена, во интервју за Си-Би-Ес што беше емитувано синоќа. – Пандемијата заврши, но сè уште имаме проблем со Ковид, рече Бајден во интервјуто снимено во четвртокот. – Ако погледнете, никој не носи маска. Се чини дека сите се во прилично добра форма. Работите се менуваат и мислам дека тоа е […]

Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот


Американскиот претседател Џо Бајден синоќа рече дека Русија не треба да се означи како државен спонзор на тероризмот. Се работи за постапка која Украина веќе некое време ја бара од западот поради инвазијата, но и руските воени злосторства направени на тлото на Украина. Москва, од друга страна, предупредува дека таква ознака би ги уништила американско-руските […]