Арсовска: Долгот кон ЈСП ќе биде 10 милиони евра – веќе не можеме да дискутираме за бесплатен јавен превоз


Долгот на централните власти кон Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје од јануари идната година ќе изнесува десет милиони евра и Советот треба да дискутира дали воопшто ќе има бесплатен превоз за сите, а не само за студентите од приватните универзитети, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Превозот за студентите, вкучително и за оние […]

Арсовска веројатно нема да добие од унгарските пари за нови автобуси, Перински вели парите се за инфраструктурни проекти


Дури 330 проекти од 72  општини се стигнати до надлежните министерства до вчера, со кои се аплицира за 250 милиони евра пари кои Владата ги обезбеди преку Унгарија и ги намени за подобрување на условите за живеење. – Нема да остане локална самоуправа која не аплицирала за средствата што Владата ги нуди за подобрување на […]

Влада: Арсовска да ги плати автобусите на Шилегов, таа тврди дека се исплатени


Откако скопската градоначалничка Данела Арсовска побара од Владата да набави нови автобуси за јавниот превоз во Скопје, од таму денеска ѝ одговорија дека на скопјани им треба брзо решение за излез од состојбите, а тоа што таа го бара е процес на набавка на автобуси што трае година до година и пол. Од Владата побараа […]

Данела до Мицкоски: Купете ни автобуси, ако немате пари – ќе ви префрлиме


Откако Советот на Град Скопје, вчера повторно не ги изгласа одлуките за набавка на екоавтобуси и за БРТ системот за превоз, денеска градоначалничката Данела Арсовска го замоли премиерот Христијан Мицкоски, Владата да набави автобуси, а доколку нема пари во Буџетот, на 4 септември да закаже вонредна седница на Советот, за Градот да им префрли пари. […]

ВМРО-ДПМНЕ не гласаше ниту за набавка на нови екоавтобуси


По којзнае кој пат, советниците на Град Скопје не го поддржаа предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за набавка на нови екоавтобуси, со кои би се растоварил градскиот сообраќај. Иако, денеска требаше да се гласа само согласност за набавка на автобуси, повторно Арсовска не успеа да ги убеди советниците. Претседателот на Совет, Трајко Славески, рече дека […]

Мицкоски сака прво да го види планот на Арсовска, ѝ дал неколку идеи


Премиерот Христијан Мицкоски  очекува градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска или утре да организира координација со советничките групи во Советот на Град Скопје и да го презентира планот  за подобрување на состојбите со хигиената и јавниот превоз во  главниот град.  На новинарско прашање што доколку планот е неприфатлив Мицкоски денеска рече да се види првин […]

Данела Арсовска од новата влада ќе бара законски измени за зголемување на платите на пожарникарите


За Денот на пожарникарите, 20 мај, Бригадата за противпожарна бригада на Скопје доби уште едно ветување за поголема плата и нови униформи, речиси исто како и на сите празнувања изминатите години. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на пожарникарите им вети дека ќе побара од новата влада, прво нешто што ќе го смени да бидат прописите […]

Лошото време било причина што Град Скопје досега не прскал против комарци


Градот Скопје бил меѓу првите општински единици што прска против комарци, а од таму сметаат дека има оркестриран напад против нив деновиве, отако речиси сите медиуми пишуваа дека годинава не е почнато со спроведување на оваа акција во финкција на заштита на граѓаните.  Со денови, сите медиуми се обидоа да дојдат до информација зошто во […]

ВМРО-ДПМНЕ почна да ја повикува Данела Арсовска на оставка


  Откако на локалните избори Данела Арсовска беше силно поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, сега по парламентарните избори, токму нејзиниот најсилен поддржувач и единствен „виновник“ што Скопје доби „мајка“ ја повикува на оставка.  Скопјани пред сѐ, а и нејзиниот силен поддржувач, се разочарани од испорачаното, на онаа која беше најавувана како способен менаџер, па на нејзина смена […]

Арсовска: Решението за Универзална со мислењето од ИЗИС го потпишал Петре Шилегов


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено, изјави градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Таа најави секојдневни прес-конференции за да се одговорат сите прашања во врска со Универзалната сала. „Одговори нема на ниту едно од поставените прашања, само широка плејада на напади […]

Арсовска инсинуира дека министерката за култура знаела за пожарот во Универзална пред 9 часот, а не пријавила


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска соопшти дека Градот воопшто не бил информиран за отпочнување на градежните активности во Универзалната сала, пред да се случи пожарот во изминатата недела. Арсовска постави повеќе прашања, упатени до Министерството за култура и до фирмата изведувач. Таа потенцира дека Градот останува сопственик на објектот. -Зошто министерката за култура […]

Арсовска избрана за портпарол за корупција на Конгресот на локални власти на СЕ


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес во Совет на Европа на Конгресот на локални власти едногласно е избрана за портпарол и координатор за следење и спречување на корупција на локално и регионално ниво. Арсовска минатата година беше избрана за потпретседател на Европската народна партија за локални власти, а годинава со нов мандат за портпарол […]

Арсовска луто до Пановски: „Инфлуенсер кој чека паушал од 500 евра“. Таа на осмомартовски марш во работно време


  Град Скопје го искара советникот Никола Пановски, што повикува да се смени градоначалничката Данела Арсовска, затоа што поеќе од еден месец не ги информира советниците што е преземено, по информацијата дека од кејот крај Вардар украдени се 29 клупи за една ноќ. „Советникот од редовите на ЛДП, Никола Пановски, продолжува со срамното однесување на […]

Арсовска: Славески не закажува седица за донација за Лео – го интересира само паушалот од 500 евра по седница


Со жалење констатираме дека претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески одлучи да не ја прифати иницијативата на градоначалничката Данела Арсовска за свикување на итна седница на Советот со единствена точка на дневен ред – откажување од месечните паушали на советниците со цел истите да бидат донирани за лекувањето на малиот Леонид Индов, соопшти […]

Арсовска предлага итна седница на Советот на Град Скопје за помош на Леонид Индов


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска до Советот на Град Скопје испрати иницијатива за итна седница со единствена точка на дневен ред – да му помогнеме на младиот Леонид Индов.  – Арсовска до советниците предложи да донесат одлука со која ќе донираат еден месечен паушал, а градоначалникот на Град Скопје една месечна плата во […]

Градот Скопје од Уставниот суд ќе побара стопирање на ДУП-от во Ѓорче Петров, подготвуваат и кривични


Повеќе закони и постапки се прекршени при носење на ДУП за градска четврт СЗ 16 во централното подрачје на Општината Ѓорче Петров и затоа градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска најави кривични пријави за градоначалникот, претседателот на Советот, министерот за транспорт и врски и други инволвирани лица. Град Скопје исто така ќе побара од Уставниот […]

Новиот ДУП во Ѓорче, може при природна непогода, да го отсече половина Скопје


Откако советниците на Општина Ѓорче Петров, на вонредна седница донесоа ДУП за централното подрачје на општината, каде се предвидени повеќе висококатници, што би донеле нови 10.000 жители, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вели дека најмал проблем се зградите. Нејзе ја загрижува небезбедноста на планот.  – Најмалиот проблем на тој ДУП се зградите. Прво треба да […]

Арсовска повторно не се појави на денешната седница за советнички прашања


Градоначалничката Данела Аросвска, денеска повторно ја нема на седницата за советнички прашања. Советниците прашуваат до кога ќе закажуваат седници без да има кому да ги постават прашањата. На градоначалничката ѝ забележуваат советниците од сите политички партии. – И ова не е само денеска, а како што видовте и денеска, овој совет изгласа дневен ред со […]

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК


 Пријави за градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, и за повеќе општини беа во фокусот на денешното продолжение на 99. седница на Државната комисија за спречување на корупција на која беа разгледани повеќе предмети кои беа во најголем дел отфрлени или беше одлучено постапката да се запре. За пријавата за градоначалничката на Град Скопје, Данела […]

На депонијата Визбегово фатени камиони како истураат токсичен смет и градежен отпад


Камиони истураат токсичен отпад и градежен шут на депонија во Визбегово, за која градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска тврди дека била исчистена. Сега ги снимиле со дрон, и бараат во рок од 30 дена да биде вратено во првобитната состојба, а потоа ќе се соочат со казни. – Сакам да ја известам целата македонска јавност […]