Од возило ѝ се заканувал на Арсовска – МВР работи на расчистување на случајот


Вчера, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со С.А.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на 01.06.2025 на бул.„Словенија“ преку отворен прозор на возилото „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, упатил закани кон Д.А., градоначалничка на Скопје.   Во разговорот тој потврдил дека поминал со возилото, но дека не упатил […]

Град Скопје со вонредни седници за дивоградбите. Арсовска до Мицкоски: Кој криминалец од ДУИ ти го расчисти?


Сагата со дивоградбите во Чаир, кои градоначалничката на Скопје се обидува да ги спречи по секоја цена, иако вели дека трпи постојани закани, продолжува, а на оваа тема и Советот на Град Скопје закажа две вонредни седници за денеска.  Денеска пак, градоначалничката Арсовска му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, кого го прашува „кој од […]

Арсовска: Мене ќе ме отепаат, може ќе живеам уште шест дена или шест месеци, не знам


Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. – Мене ќе ме утепаат, може ќе живеам шест дена може уште шест месеци, не знам, рече таа.  Градоначалник на главен град да пријавува криминал и наместо да постапат органите на прогонот, тие да ги заштитуваат […]

Арсовска денеска со докази за дивоградби во Чаир, ќе оди во ОЈО


Откако ОЈО ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска да дојде, а кај нив денеска има на располагање дежурен јавен обвинител, веднаш без одлагање, доколку сака да ја сослуша за сите сомненија, сознанија и закани и да ги провери сите околности, таа најави дека ќе оди во 15 часот. – Денес (сабота 31.05.2025) во 15 […]

Данела со „ловот“ по дивоградби го почна вториот чин за локалните избори, по првиот со унгарските пари


  Градоначалничката на Скопје, кoja изминативе денови е во „лов на дивоградби“ во Општина Чаир, веројатно ќе заработи и кривична пријава, а судирот меѓу градоначалниците на Скопје и на Чаир, ноќеска кулминираше со истурање ѓубре пред портите на Град Скопје.  Арсовска со денови ги повикува сите надлежни институции да преземат мерки да се спречи градењето […]

Ганиу вчера се обидел да го поништи Решението за легализација на зградата во Чаир, открива Арсовска


Градоначалничката Данела Арсовска, денекса покажа два документа со кои градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу се обидел да го поништи Решението за легализација на дивоградбата што ја покажа таа пред некој ден. Арсовска открива дека се обидел и да го антидатира барањето за поништување на решението, со датум од 2.5.2025 година, но во Катастар стои дека […]

Арсовска пред Уставен го оспорува ДУП-от на Ѓорче Петров: Згради и фабрики врз бунарите на питка вода


Денеска, Уставиот суд ќе одржи седница на која ќе ја разгледа и одлуката на Општина Ѓорче Петров за ДУП-от за градска четврт C3 16, од кружниот тек накај депото на ЈСП, каде се предвидени високи згради, во кои би живееле двојно повеќе жители од дозволеното со Генералниот урбанистички план. Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска ја […]

Арсовска го учи Мицкоски кој е надлежен за дивоградби


Градоначалничката била надлежна за проверка на дивоградби тврди премиерот Христијан Мицкоски, а таа го поучи каде е надлежноста.   „Жалам што првиот човек на Владата сѐ уште не ги знае законите и нема основни познавања на тоа како функционира локалната самоуправа, за да го повикува градот Скопје да постапува по дивоградби. Мицкоски, надлежност за постапување […]

Мицкоски до Арсовска за дивоградбите во Чаир: Таа има ингеренции


Премиерот Христијан Мицкоски ја повика градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, да постапи за градилиштето во Чаир за кое тврди дека е без градежна дозвола. „Таа има ингеренции. Ако навистина мисли дека е така, тогаш треба да постапува затоа што од филозофирање и гола реторика народот нема фајде“, кусо рече денес премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски […]

Арсовска на ново градилиште во Чаир, до Ганиу: Сите те знаат што човек си (видео)


Градоначалничката на Град Скопје, замина на втора дивоградба во Чаир и го прозва чаирскиот градоначалник, да дојде и да објасни зошто се гради и на ова градилиште. „Не ни се заканувај, не ни ги праќај овие со „поршиња“ да ни се закануваат“, му порачува во живо Арсовска на Висар Ганиу. Заклучува дека тие што ќе […]

Данела Арсовска на терен на изградба на дивоградба во Чаир: Се расправа со работници и газди (во живо)


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, излезе на терен со половина од функционерите на градот, за да провери на едно градилиште кој поставил подвижен тоалет.  Речиси еден час, градоначалничката стримува во живо на Фејсбук, како се расправа со работник, возач на камион, за тоа дали има налог или не.  Стигна и газдарицата која му дава работа […]

Арсовска објаснува кој е надлежен за Маркова Река


Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање.  Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на […]

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно не дојде на седницата за советнички прашања, по што седницата беше прекината. Советничката група на СДСМ веќе неколку пати го повторува својот став дека доколку на седницата за советнички прашња не присуствува градоначалникот, тие нема да учествуваат во таква седница. Координаторката Љубица Јанчева го праша Славески дали градоначалничката е […]

Арсовска предлага ТВ-дуел со Ѓорѓиевски за (не)реализираните проекти од неговата програма


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска вчера преку соопштение се обрати кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара од него ТВ дуел за да ги соочат фактите. Градоначалничката порача дека „навистина е тажно да се читаат соопштенијата на градоначалникот на Кисела Вода кои изобилуваат со небулози и докази на функционална неписменост“. Според Арсовска, Ѓорѓиевски би требало да […]

Арсовска: Санацијата на главниот цевковод нема да трае долго, нема потреба од дотур на вода


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска информираше дека санирањето на главниот цевковод во главниот град, кое е најавено за во сабота, нема да трае подолго од една обична санација на дефект. -Од „Водовод“ веќе известија иницијално. Се работи за зафат кој има сложен и оперативен план и затворање на една од главните доводни цевки на […]

Славески ја обвини Арсовска и нејзината администрација за опструкции за решавање на проблемот со приватните превозници


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески вели дека по налог на градоначалничката Данела Арсовска, администрацијата го опструира и отворено покажува дека се противи на решавање на проблемот со приватните превозници. „Иако како претседател на Советот замолив Секторот за поддршка на Совет, кој е дел од градската администрација, да го подготви заклучокот за потпис […]

Арсовска: Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз!


  Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, испрати остра порака до премиерот Христијан Мицкоски, во која го прозива да престане да ја саботира и да исполни едно свое ветување: да им обезбеди достоинствен јавен градски превоз на скопјани.   „Реформата на јавниот сообраќај која ја споменуваш ‘патриоту’ Мицкоски, ти ја вети заедно со мене пред скопјани, […]

Арсовска: Го охрабрувам Славески да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред


На денешната седница на Советот на Град Скопје, барањето за зголемување на цената по извозен километар за приватните превозници кои учествуваат во градскиот превоз, не беше ставено како точка на дневен ред, затоа што не била одобрена од градоначалник.  Со оглед на тоа што тоа барање стигнало вчера попладне, можеби и градоначалничката, а и Советот […]

Арсовска пак не се појави на седницата за советнички прашања


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, повторно не се појави пред советниците на седницата за советнички прашања. На самиот почеток, советничката од СДСМ, Љубица Јанчева праша дали се исполнети условите за одржување седница? „Ние советничките прашања секогаш ги поставуваме до Градоначалник и секогаш бараме да добиеме устен одговор. Ако не е присутна Градоначалничката ние нема да […]

Арсовска се откажа да оди на уште еден мандат во Скопје, многу ја блокирале


  Нецела година пред локалните избори, градоначалничка на Скопје Данела Арсовска изјави не размислува да се кандидира и по втор пат. Во изјава за медиумите таа рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече знаат само да  саботираат и да блокираат. Според Арсовска, она што се случува во градот Скопје и […]