Паркингот на Клинички станува државен – ќе се набават 100 амбулантни возила


Владата на вчерашната седница, донесе одлука земјиштето на паркингот во Клиничкиот центар да премине во државна сопственост, а се обезбедија и пари за набавка на 100 амбулантни возила, со што ќе се подобри возниот парки. – 100 нови амбулантни возила со медицинска опрема за јавните здравствени установи низ државата. Со оваа одлука обезбедуваме средства за […]

Следната недела првиот состанок со странските експерти за случајот што го обзнани Кедев


Следната недела треба да се одржи првиот состанок со странските експерти кои ќе бидат ангажирани за случајот за случајот со медицински неоправдани операции на срце кој го обелодени интервентниот кардиолог Сашко Кедев.  – Процедурите од наша страна се поминати. Пратени се кај нив. Во моментов се преведуваат сите материјали на англиски јазик. Материјалот е обемен […]

Нема веќе по желба – по потреба ќе се вработува и специјализира во здравството


Министерството за здравство го изработи регистарот на здравствени работници, ги стави на интернет и тоа ќе биде задолжителна алатка за вработување, односно ни министерот нема да може да одлучува дали ќе даде позитивно мислење за некој профил, доколку за тоа има барање.  Имено, како што појасни министерот за здравство Азир Алиу, некаде има пет лекари […]

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија


Министерот за здравство Азир Алиу во врска со случајот со 37-годишна пациентка со Кронова болест, која, како што објавија медиуми, починала пред осум дена откако била испуштена од болница по две направени операции на Клиниката за дигестивна хирургија, изјави дека денеска ќе потпише да се формира стручната комисија која треба да утврди од клиничка гледна […]

Здравствените податоци на мобилен, а не со ќеси документи по лекарските врати


„Здравствениот систем на 21-от век не се гради само со ѕидови, апарати и процедури, туку се гради со податоци, со интеграција, предвидување и дигитална инфраструктура во здравството “, порача министерот за здравство, Азир Алиу во обраќањето на отворањето на Саемот за медицина, стоматологија и фармација – Health Innovation Expo 202, кој денес и утре се […]

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти


Менуваме и адаптираме законско решение за решавање на проблеми со тумор маркери за онколошки пациенти, истакна денеска министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиуми, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со поплаки дека недостигаат тумор маркери. Тој потсети дека тумор маркери освен на Oнкологија, има и на Биохемија и другите клиники во нашиот […]

Алиу: Се готви нов пристап за лекарските специјализации


Процесот на реорганизација на специјализациите според стручњаците ќе придонесе за две работи и тоа прво ќе има општа специјализација, четири или пет години зависи од работната група како ќе одлучи, ќе имаме кадар кој ќе работи во секундарното здравство и ќе може да нуди услуги и второ субспецијализациите ќе бидат реорганизирани според потребите на терциерното […]

Алиу: Работиме на унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството


 Ревизија и унапредување на системот на специјализации и супспецијализации во здравството се темите кои денека биле разговарани на работниот состанок меѓу министерот за здравство, Азир Алиу, деканот на Медицинскиот факултет при УКИМ, проф. д-р Светозар Антовиќ и шефовите на катедри од факултетот. Како што соопштија од Минитертвото за здравтво, на состанокот, Алиу истакнал дека унапредувањето […]

За еден ден против грип вакцинирани речиси 20 илјади граѓани – меѓу нив и Алиу


Министерот за здравство Азир Алиу денеска во гостиварскиот Центар за Јавно здравје, заедно со вработените ги анализираа за минатата и оваа година и потврди дека има подобрување на бројот на заинтересирани граѓани кои сакаат да се превенираат со вакцината за превенција од грип. – На ниво на државата има 49.530 пријавени граѓани коишто сакаат да […]

Гостивар доби хируршка сала за ортопедија и трауматологија


Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Општата болница во Гостивар, каде се реализирани повеќе значајни инвестиции за унапредување на условите за пациентите. – Извршено е рановирање на Ургентниот центар, инвестиција во вредност од 4 милиони денари. Првпат Гостивар добива хируршка сала за ортопедија и трауматологија и оваа новина е многу значајна за жителите […]

Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници


Министерот за здравство Азир Алиу денеска во врска со тоа дали се планира воведување токсиколошки тестови за здравствените работници изјави дека имаат 12 работни групи, кои работат на менување или синхронизација на тие закони, со цел да нема колизија меѓу нив. -Една од можностите што ќе ја разгледаме е дали во некои од законите може […]

Алиу лично е за токсиколошка проверка да биде законска за сите лекари


Министерот за здравство Азир Алиу лично смета дека треба да се додаде законска обврска за токсиколошки анализи на сите лекари по скандалозната снимка од директорот на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски на која тој меша бела прашката материја и кажува дека зема исклучиво со „чисто бело“. Алиу не е сигурен дали во овој момент ваква […]

Алиу: Со синхронизирање на 12 закони до унапредување на здравствениот систем


Со синхронизирање на 12 закони од областа на здравството почнувајќи од евиденции, преку осигурување и лекови, до биомедицина и јавно здравје, во насока на нивно поврзување и функционирање како една целина, ќе се овозможи унапредување на процесите во здравствениот систем. По тој повод денеска во организација на Министерството за здравство се одржа јавна презентација на […]

Алиу: Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија, треба да биде завршен за три месеци


Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе има најмодерен паркинг во Македонија. Освен цела инфраструктура базирана на „смарт паркинг“, ќе располага и со монтажна катна гаража, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на „Само интервју“, Алиу информира и дека со спојувањето на клиниките во рамки на Клиничкиот центар ќе се оди чекор по чекор. […]

Алиу: Клиниката за уво, нос и грло со нова медицинска апаратура со поддршка од турската агенција ТИКА


Министерот за здравство, Азир Алиу заедно со заменик претседателот на Турската агенција за соработка и координација ТИКА, д-р Махмут Чевик и амбасадорот на Република Турција во земјава, Фатих Улусој, денеска ја посетија Универзитетската клиника за уво, нос и грло каде со поддршка од ТИКА е обезбедена нова медицинска апаратура. -Клиниката за уво, нос и грло […]

Алиу: Со заеднички дијалог со Синдикатот на клинички центар го унапредуваме статусот на здравствените работници


Министерот за здравство, Азир Алиу ги поздрави учесниците на синдикалната школа, во организација на Самостојниот Синдикат на вработените во универзитетските клиники, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија.   -Особено е инспиративна темата „Синдикализам во здравството: правата не се даваат–се освојуваат“, па оттука сакам да ја реафирмирам нашата заложба дека синдикатите се […]

Завршени осумте „кардиолошки случаи“, во вторник ќе почант да се разгледуваат новите пет


 Стручната комисија на Министерството за здравство ги заврши осумте предмети од „кардиолошките случаи“, а во вторник ќе продолжи со работа по новите пет, соопшти денеска ресорниот министер Азир Алиу. Како што истакна Алиу, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Клиниката за кардиохиругија, со странските експерти кои треба да дојдат во земјава договор ќе се […]

Алиу: Нема да даваме делумни информации за „кардиолошките случаи“, ќе ги соопштиме резултатите по целосното завршување на експертизата


Осум предмети од „кардиолошките случаи“ се завршени, уште пет нови се пристигнати во Фондот за здравство, но очекуваме да ни бидат доставени и други од институции и граѓани, рече вечерва министерот за здравство Азир Алиу. Во гостување на ТВ Сител, Алиу напомена дека резултатите од целиот овој процес ќе бидат соопштени на крај, кога ќе […]

Алиу: Здравствениот дом Гостивар ќе се реконструира по добивањето на градежните дозволи


Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека објектот на Здравствен дом Гостивар ќе се реконструира откако ќе ги добие градежните дозволи. Алиу го потенцира овој проект како ветување кое го даде пред извесно време на средбата со директорот на установата Вулнет Оломани. Министерот Алиу за време на денешната посета на овој објект, искажа задоволство […]

СДСМ бара оставки од министерите за здравство и за внатрешни: Едниот лажел за загадувањето, другиот не спровел евакуација


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните. „Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. […]