Алиу по 13 месеци заминува од функцијата: Парамедик ќе се станува со три години студии


Реализирани се многу проекти во здравството – изјави денеска министерот за здравство во заминување Азир Алиу осврнувајќи се на периодот од 13 месеци, откога ја извршува функцијата. – Успех е тоа што 15 закони веќе се работат, некои од нив поминаа, дел е од законодавниот екосистем во државата, а други се во тек. Вториот момент […]

Алиу: Додека сум министер ќе придонесувам кон здравствениот систем – дигитализацијата мора да продолжи


 Додека сум министер, постојано ќе придонесувам кон здравствениот систем, а и потоа ќе давам максимум од себе за заедницата. Ова го изјави денеска министерот за здравство Азир Алиу, одговарајќи на новинарски прашања. – Значи, јас уште сум министер за здравство до моментот кога во Собрание ќе се изгласа нов министер, и до тој ден, секоја […]

Алиу го пушти во употреба реконструираниот Здравствен дом во Куманово, инвестирани 6 милиони денари


Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов”, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за […]

Алиу на панел-дискусија во Гостивар: Ќе бидам првиот што ќе се регистрира како органодарител


Министерот за здравство Азир Алиу на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, што вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики за унапредување на органодарителството, нагласувајќи дека станува збор за прашање кое бара доверба, човечност и зрелост на општеството. -Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден […]

Алиу: Во политиката сум за да менувам работи, а не само да давам поддршка


Министерот за здравство Азир Алиу порача дека неговиот политички ангажман не е поврзан со функцијата што ја извршува, туку со желбата да придонесе за промени во општеството. Тој истакна дека ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните без оглед дали во иднина ќе биде министер, професор или експерт. „Дали мојот придонес ќе биде како […]

Алиу: Во Брисел го потпишавме договорот за учество во EU4Health – европска поддршка за реформите во здравството


Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со еврокомесарот за здравство, Оливер Вархеј, денеска во Брисел го потпишаа договорот за учество на Република Северна Македонија во програмата EU4Health, најголемата програма на Европската Унија во областа на здравството. На свеченото потпишување, министерот Алиу истакна дека пристапувањето кон EU4Health претставува значаен чекор во европската интеграција на македонското здравство […]

Македонија се приклучува на програмата EU4Health


На средбата беа разгледани повеќе теми од заеднички интерес, со фокус на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел.   Пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во […]

Починати пациенти на листите за операции, има ли злоупотреби?


Листата на чекање се чисти, имаме пациенти, кои, за жал, веќе не се помеѓу нас и тие треба да се чистат. Вака одговори министерот за здравство Азир Алиу на новинарско прашање какви злоупотреби се прават со листите на чекање и до каде се постапките за утврдување дека некои од лекарите злоупотребуваат, односно бараат мито за […]

Алиу: Реформите во здравството добиваат европска рамка – Македонија ќе се приклучи на програмата EU4Health


Министерот за здравство, Азир Алиу на денешниот брифинг со претставниците на медиумите потенцираше дека по една година од преземањето на функцијата, најважниот резултат не е само во поединечните проекти и процеси кои се започнати, туку во насоката што ја поставивме. Пристапувањето кон EU4Health на 24 јуни во Брисел ќе биде најсилна потврда дека домашните реформи […]

Алиу по повод една година во МЗ: Целта беше да не ги прикриваме проблемите, туку да ги решаваме


 Изминатата година поставена е нова насока – здравствен систем што планира, мери, дигитализира и одговара, се наведува министерот за здравство Азир Алиу, во изјава за медиумите по повод една година од преземањето на министерската функција. – Пред една година ја презедов одговорноста да го водам Министерството за здравство. Не беше лесен период, ниту систем во […]

Алиу во Рига: Малите земји можат да бидат лидери во дигитални решенија во здравствените системи


Министерот за здравство, Азир Алиу, учествува на дванаесеттиот состанок на високо ниво на Иницијативата за мали земји на Светската здравствена организација за Европа, што се одржува во Рига, Латвија.  Дводневниот  состанок е посветен на едно од најважните прашања за здравствените системи во Европа – како малите земји, во услови на ограничени ресурси, миграција на здравствен […]

Светски ден без тутун: Алиу најави поголема достапност на терапии за одвикнување


Министерот за здравство, Азир Алиу, по повод одбележувањето на Светскиот ден без тутун 2026 година, најави нови активности за зајакнување на системот за поддршка на граѓаните кои сакаат да се откажат од пушењето. На заедничката прес-конференција со Светската здравствена организација, Институтот за јавно здравје и други партнери, Алиу посочи дека годинашното мото е насочено кон […]

Кај девет пациенти биле извршени непотребни кардиолошки операции


Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ендоваскуларните […]

Алиу: Медицинските сестри и акушерките се темел на здравствениот систем


Министерот за здравство Азир Алиу денеска на свечената академија, што се одржа во Тетово, во организација на Сојузот на здруженијата на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“, рече дека оваа недела е потсетник на огромната улога што медицинските сестри и акушерки ја имаат во здравствениот систем и во општеството во целина. – […]

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата


Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека телемедицината ќе биде една од клучните столбови за подобрување на здравствениот систем и справување со недостигот на лекари во земјата. Говорејќи за предизвикот со заминувањето на здравствените професионалци од земјата, тој нагласи дека дел од решението лежи во вклучувањето на лекарите од дијаспората преку технологијата.   „Денес имаме […]

Лекар ќе може да евидентира во систем пациент што претрпел насилство


Анализите покажуваат дека, освен семејно насилство, има и институционално насилство во системот – изјави министерот за здравство Азир Алиу на денешната собраниска седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, на која се разговара за спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите […]

Кај матичен лекар може да се пријавите да бидете донор на органи – ќе има и национална листа


На Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) од денеска е достапен предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. „Од досегашната примена на законот произлезе потреба да се направат измени и дополнувања во насока на проширување на кругот на лица кои можат да бидат живи […]

Алиу: Науката како двигател на подостапно здравство – одбележан 7 април, Светски ден на здравјето


Министерот за здравство, Азир Алиу, им го честита 7 Април – Светскиот ден на здравјето на сите здравствени работници, на денешното традиционално свечено одбележување, во организација на Македонското лекарско друштво.   -Годинешното мото „Науката ја прави здравствената заштита подостапна“ јасно говори дека научниот пристап во здравството претставува клучен двигател на иновации, напредок и унапредување на […]

Средба на Алиу со претставници на МАСИТ за дигитализација во здравството


 На денешната средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, предводени од претседателот Јордан Димитровски, разговаравме за процесите на дигитализација во здравството и за можностите за вклучување на ИКТ секторот во нивниот понатамошен развој, информираше вечерва министерот за здравство Азир Алиу на Фејсбук. – Дигитализацијата е суштински предуслов за поефикасен, […]

Алиу: Злоупотребата со дополнителното работно време кај лекарите е административна, не клиничка


Злоупотребата со дополнителното работно време од одредени лекари е административно и треба да се реши, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Азир Алиу, нагласувајќи дека не се работи за клиничка злоупотреба и оти со споменувања на имиња на доктори и институции не треба да се прави сензација, која нема да помогне за решавање на […]