Јужна Кореја најави учество во изградба на гасовод на Алјаска


Јужна Кореја ќе се вклучи активно во разговорите со САД за изградба на гасовод во Алјаска, соопшти денеска Министерството за трговија, индустрија и енергетика во Сеул. Министерството истакна дека овој проект претставува заеднички интерес за двете земји. Во својот говор пред Конгресот, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Јужна Кореја, Јапонија и други земји се […]

Црните кутии на авионот на „Џеџу Ер“ не содржат податоци за последните четири минути од летот


Црните кутии на патничкиот авион на компанијата „Џеџу Ер“, што минатиот месец експлодираше на аеродромот Муан во Јужна Кореја, не содржат информации за последните четири минути пред експлозијата, соопштија денеска истражните органи, повикувајќи се на резултатите од истрагата. Според јужнокорејските власти, анализата на податоците од рекордерот на летот (FDR) и гласовниот рекордер (CVR) од авионот […]

Преседан во Јужна Кореја: Судот одобри апсење на актуелниот претседател


Судот во Сеул го одобри апсењето на сè уште актуелниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол, како дел од истрагата за прогласувањето вонредна состојба на 3 декември претходната година. Како што соопшти судот во главниот град на оваа земја во одлука која претставува сериозен преседан, тие добиле барање за распишување налог за апсење на […]

Отповикан од функција јужнокорејскиот в.д. претседател на државата


Јужнокорејските пратеници го отповикаа денеска од фукција вршителот на должноста претседател Хан Дак-су, образложувајќи дека тој „активно учествувал во бунтот“ откако неговиот претходник прогласи воена состојба претходно овој месец. „Објавувам дека предлогот за импичмент на премиерот Хан Дак-су е усвоен. Од 192 пратеници кои гласаа, 192 гласаа за импичмент“, рече претседателот на Националното собрание Ву […]

Јужнокорејската опозиција денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател


Главната опозициска партија во Јужна Кореја, Демократската партија, денеска ќе поднесе барање за импичмент на привремениот претседател Хан Дак-су, кој истовремено е и премиер, пренесе јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Партијата соопшти дека целта е гласањето за импичмент да се одржи утре. Претходно, со ваква процедура беше сменет од функцијата претседателот Јун Сук-јеол, кој на 3 […]

По претседателот, јужнокорејската опозиција планира да го отповика и премиерот


Меѓу тековните политички превирања во Јужна Кореја, најголемата опозициска партија во земјата се обидува да започне постапка за отповикување на премиерот Хан Док-су, откако претседателот на земјата беше отповикан претходно овој месец. Претседателката на опозициската Демократска партија (ДП) Парк Чан Дае ги објави плановите за импичмент на премиерот за време на парламентарната седница денеска, објавија […]

Министерството за одбрана на Јужна Кореја суспендираше тројца команданти вклучени во операцијата за воена состојба


 Јужнокорејското Министерство за одбрана денеска соопшти дека суспендирало тројца високи команданти вклучени во операцијата за воена состојба. „Министерството за одбрана суспендира од должности три лица на клучни позиции… поврзани со актуелната ситуација од 6 декември“, се вели во соопштението на Министерството. Десетици илјади луѓе во Јужна Кореја се очекува да присуствуваат на протести в сабота […]

Јужнокорејската полиција соопшти дека почнала со истрага против претседателот поради „бунт“


 Јужнокорејската полиција почна со истрага против претседателот Јун Сук Јеол за наводен „бунт“ поради неговото прогласување на воена состојба, изјави денеска висок полициски службеник. Ву Јонг-су, шеф на Националниот истражен штаб на Националната полициска агенција, им рече на пратениците дека „за случајот веќе се постапува“, јавија локалните медиуми.  Јужнокорејското обвинителство отвори истрага против претседателот на […]

Јужнокорејската влада понуди колективна оставка


Владата на Јужна Кореја понуди колективна оставка поради политичката криза предизвикана од одлуката на претседателот Јун Сук Јеол да воведе вонредна состојба, соопштија денеска официјални лица. На состанокот свикан од премиерот Хан Дук-су, речиси сите министри, вклучително и министерот за финансии Чои Санг-мок и министерот за образование Ли Ју-хо, понудија колективна оставка поради политичката криза […]

Јужнокорејските опозициски партии поднесоа предлог-закон за импичмент на претседателот


Шест јужнокорејски опозициски партии поднесоа предлог-закон со кој се бара импичмент на претседателот Јун Сук Јеол, јави новинската агенција Јонхап. Предлог-законот беше поднесен до Националното собрание, законодавниот дом на земјата, во 14:40 часот по локално време. Шесте партии, вклучително и главната опозициска Демократска партија, одлучија заеднички да предложат иницијатива за отповикување на Јун по широката […]

Ден на голема конфузија во Јужна Кореја, претседателот ќе го повлече указот за воена состојба


  СЕУЛ – Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол најави дека ќе преземе чекор за укинување на воената состојба што ја воведе пред само неколку часа. Ова доаѓа откако пратениците едногласно гласаа за укинување на указот на претседателот за воена состојба, со присутни 190 од 300 членови. Сопствената политичка партија на претседателот Јун Сук Јеол го […]

Сеул го повика рускиот амбасадор поради испраќањето војници од Северна Кореја


Јужнокорејското Министерство за надворешни работи го повика рускиот амбасадор во Сеул поради очигледното распоредување на севернокорејски војници во Русија, јави денеска новинската агенција Јонхап. За време на средбата, првиот заменик-министер за надворешни работи Ким Хонг Кјун рече дека му го изразил своето разочарување на Георги Зиновиев, пренесе ДПА. Зиновиев не даде коментар за новинарите по […]

Ким Џонг-ун: Јужна Кореја е непријателска земја


Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун изјави дека Јужна Кореја е странска и непријателска земја, јавија државните медиуми. Забелешките доаѓаат само еден ден откако агенцијата КЦНА соопшти дека националното собрание на Северна Кореја го изменило Уставот за да ја означи Јужна Кореја како „непријателска држава“, во согласност со ветувањето на Ким за отфрлање на обединувањето на двете […]

Јужна Кореја ја издигна демографијата на ниво на министерство – пребрзо се старее


Јужна Кореја ќе формира ново министерство за стратегии за населението за справување со нискиот наталитет и брзото стареење на населението, прашања што се наметнаа како најпредизвикувачките проблеми со кои се соочува јужнокорејското општество. По средбите со владејачката партија, Владата објави план за ревизија на законот за организација на владата со цел формирање на министерство, јавија […]

Путин и се закани на Јужна Кореја, е направи „голема грешка“ ако…


Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Јужна Кореја дека ќе направи „голема грешка“ доколку ја вооружи Украина во војна против Русија. Неговите коментари доаѓаат откако Сеул рече дека ја разгледува таквата можност, како одговор на новиот договор меѓу Русија и Северна Кореја за взаемна помош во случај на „агресија“ врз која било земја. „Москва ќе […]

И Јужна Кореја ќе казнува за намалување на количината на производите


Регулаторот на Јужна Кореја денеска соопшти дека планира да ги спречи скриените зголемувања на цените, велејќи им на производителите и добавувачите на храна дека ќе мора да ги известат потрошувачите за намаленото пакување на производите, што не е придружено со соодветно намалување на нивните цени. Во средината на април, француското Министерство за финансии ги информираше […]

Во Јужна Кореја втор ден предвремено гласање за парламентарните избори


 Во Јужна Кореја денеска е вториот и последен ден од предвременото гласање на парламентарните избори, а вчера е забележан рекорден одѕив. Државната изборна комисија соопшти дека вкупната излезност утринава достигнала 17,78 отсто, односно до девет часот по локално време гласале 7,87 милиони гласачи. Граѓаните денеска можат да гласаат на 3.565 избирачки места, а оние кои […]

Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја прободен со нож во вратот


  Лидерот на јужнокорејската либерална опозиција, Ли Џае-мјунг, беше избоден со нож во вратот од неидентификуван маж кој се обидел да го убие за време на неговата посета на југоисточниот град Бусан, соопшти полицијата. Ли (59), шеф на главната опозициска Демократска партија, беше пренесен со хеликоптер во болница во Сеул на операција откако доби итна […]

Сакаме да испишеме историја, порача шефот на бизнис делегацијата од Јужна Кореја по средбата со Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска е домаќин на бизнис делегација од Република Кореја предводена од Јанг Сунг Мин, висок советник за стратегии на претседателот на Јужна Кореја. Се усогласува текст на меморандум со кој ќе се постават темелите на идната економска соработка. -Овде сме со делегација на […]

Џинпинг: Кина е подготвена да развие стратешко партнерство со Јужна Кореја


 Кина е подготвена да соработува со Јужна Кореја за развивање стратешко партнерство во согласност со актуелниот момент, изјави денеска кинескиот претседател Ши Џинпинг. Претседателот Ши се сретна со јужнокорејскиот премиер Хан Дук-су во источниот кинески град Хангжу пред отворањето на Азиските игри. Ши, исто така, рече дека сериозно ќе го разгледа прашањето за посета на […]