Јужна Кореја бара формален крај на Корејската војна и поддржува нов самит меѓу Трамп и Ким


Директните разговори меѓу САД и Северна Кореја се првиот чекор кон запирање на севернокорејската нуклеарна програма, изјави денеска јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг, повикувајќи на поддршка за обновување на тој дијалог. Чунг истакна дека денуклеаризацијата на Северна Кореја е во интерес на сите засегнати страни и изрази надеж дека односите меѓу Вашингтон и Пјонгјанг […]

Поранешниот јужнокорејски претседател осуден за лажење во кампањата


Јужнокорејскиот суд во понеделник го осуди поранешниот претседател Јун Сук-јеол на 18 месеци затвор, условно на три години, откако го прогласи за виновен за кршење на изборниот закон со давање лажни изјави за време на неговата претседателска кампања во 2022 година. Пресудата, доколку биде потврдена по жалба, би можела да ја принуди партијата на Јун […]

Јужна Кореја е подготвена да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина


 Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека е Сеул е подготвен, ако сакаат, да ги прими севернокорејските воени заробеници од Украина. – Јужна Кореја ќе ги прифати севернокорејските граѓани заробени од украинските сили за време на нивните борби на страната на Русија, доколку сакаат, се наведува во соопштението на јужнокорејското МНР. Во соопштението […]

„Самсунг“ повеќе не е највредната компанија во Јужна Кореја


Јужнокорејската SK Hynix денес ја престигна Samsung Electronics и стана највредната јавно тргувана компанија во Јужна Кореја, драматичен пресврт за производителот на чипови кој беше на работ на колапс пред две децении поради огромни долгови. Компанијата, сега водечки светски снабдувач на HBM (меморија со висок пропусен опсег) чипови што се користат во системи за вештачка […]

Јужна Кореја го стопира извозот на нафта за да ги заштити домашните стратешки индустрии


Јужна Кореја од полноќ започна со примена на забрана за извоз на нафта со цел да ги зајакне домашните залихи во услови на нарушувања предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството за индустрија. Мерката налага рафинериите да ги насочат количините наменети за извоз кон домашниот пазар. Со ова, Владата добива овластување да управува со […]

Поранешната прва дама на Јужна Кореја осудена за корупција


Поранешната прва дама на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, денеска беше осудена на 20 месеци затвор за поткуп, јави ДПА. Окружниот суд во Сеул ја прогласи сопругата на поранешниот претседател Јун Сук Јеол за виновна за прифаќање на неколку луксузни подароци и злоупотреба на нејзината позиција за лична корист. Оваа 53-годишна жена беше ослободена од […]

Во Јужна Кореја издадено предупредување за евакуација


Северна Кореја, според сателитски снимки, без претходно известување испуштила вода од брана северно од границата со Јужна Кореја, а поради зголемувањето на нивото на реката Имџин, населението доби предупредување за евакуација, соопштија денеска јужнокорејските власти. Во соопштението на јужнокорејското Министерство за клима, енергетика и животна средина се наведува дека сателитските снимки направени околу 23:00 часот […]

Јужна Кореја започна со демонтирање на звучниците долж границата со Северна Кореја


 Јужна Кореја денеска започна со демонтирање на звучниците за пропагандни емитувања инсталирани по должината на границата со Северна Корејак, соопшти Министерството за одбрана на земјата. Министерството соопшти дека овој потег е дел од „практични мерки“ за ублажување на тензиите меѓу двете земји без да се влијае на борбената готовност на војската. Во јуни, претседателот Ли […]

Свлечишта и поројни дождови во Јужна Кореја: Најмалку 18 загинати, 9 исчезнати


Најмалку 18 луѓе загинаа, а деветмина се водат како исчезнати по серија обилни врнежи и свлечишта што ја зафатија Јужна Кореја, јави јужнокорејската новинска агенција Јонхап, повикувајќи се на владини податоци. Од почетокот на врнежите во средата, повеќе од 14.000 лица биле евакуирани од своите домови. Над 2.000 случаи на поплавени патишта и оштетена јавна […]

Бројот на жртви во лизгањето на земјиштето и поплавите во Јужна Кореја се искачи на 17


Бројот на жртви во Јужна Кореја се искачи на 17 откако две лица загинаа, а пет се водат како исчезнати во округот Гапјеонг во неделата, кога лизгање на земјиштето затрупа куќи и кампови и однесе возила поради обилните дождови. Вкупно 11 лица се водат како исчезнати откако дождовите започнаа во среда, а повеќе од 13.000 […]

Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато


Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата. Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато. До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани […]

Левичарскиот кандидат Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја


Левичарскиот кандидат Ли Џе Мјунг победи на претседателските избори во Јужна Кореја, а конзервативниот ривал Ким Мун Су го призна поразот, јави новинската агенција Јонхап во вторникот. По пребројувањето на речиси сите гласови, опозицискиот политичар е јасно пред Ким, објави Јонхап. Според Јонхап, Ли првично водел со 48,4 отсто од гласовите, додека Ким добил 42,8 […]

Јужна Кореја избира нов претседател


По повеќемесечни политички превирања, Јужна Кореја денеска ќе треба да избере нов претседател кој ќе го наследи конзервативецот Јун Сук-Јол, кој беше соборен од краткотрајната, но шокантна вонредна состојба во оваа азиска земја, јавија американските медиуми. Анкетите покажуваат дека либералот Ли Џе-Мјунг е голем фаворит за победа на денешните предвремени избори, бидејќи јавноста е разочарана […]

Почна судењето за отповиканиот претседател на Јужна Кореја Јун Сук-Јеол, обвинет за велепредавство


Централниот окружен суд во Сеул денеска го отвори процесот против отповиканиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-Јеол, обвинет за бунт и велепредавство, јави ДПА. Според агенцијата „Јонхап“, 64-годишниот Јун избегна средба со новинарите и влезе во судот преку подземната гаража. На почетокот на рочиштето, обвинителството го прочита обвинителниот акт, по што Јун доби можност да […]

Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави


Американскиот претседател Доналд Трамп објави на социјалната мрежа  Трут Соушл (Truth Social) дека имал „одличен разговор“ со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја. „Штотуку имав одличен разговор со вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја. Разговаравме за нивниот огромен и неодржлив трговски суфицит, за царините, за бродоградбата, за големата набавка на американски течен природен […]

Јужна Кореја, Кина и Јапонија се договорија за унапредување на регионалната трговија


Јужна Кореја, Кина и Јапонија денеска во Сеул одржаа заеднички состанок за економски прашања, прв пат во последните пет години, во обид да ја унапредат регионалната трговија, додека се соочуваат со царини од американскиот претседател Доналд Трамп. Министрите за трговија на трите земји се согласија тесно да соработуваат со цел постигнување договор за слободна трговија […]

Во големите пожари во Јужна Кореја досега загинаа 26 лица (видео)


Шумските пожари што беснеат низ Јужна Кореја денеска се двојно поголеми во однос на претходниот ден, а бројот на загинати се зголеми на 26. Повеќе од 33.000 хектари земја веќе изгореа во најголемиот пожар што избувна во централниот дел на округот Усеонг, што го прави најголемиот поединечен пожар во историјата на Јужна Кореја. Противпожарни хеликоптери […]

Јужна Кореја и САД се договорија брзо да го решат статусот на „чувствителна земја“


Јужна Кореја и САД се согласија заедно да работат за брзо решавање на последиците откако американското Министерство за енергетика ја назначи Јужна Кореја како „чувствителна земја“, соопшти Министерството за индустрија во Сеул. Американското Министерство за енергетика не објасни зошто го стави својот азиски сојузник на списокот, на кој се вклучени и Кина, Иран, Русија и […]

Суд во Јужна Кореја ја поништи наредбата за апсење на поранешниот претседател Јун Сук-јол


Поранешниот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук-јол, кој беше отстранет од функцијата со импичмент од парламентот, е ослободен од притвор откако Суд денеска ја поништи наредбата за негово апсење, поради која беше задржан во средината на јануари годинава, јави јужнокорејската агенција Јонхап. Јун беше уапсен во неговата резиденција во Сеул од вториот обид, по обвинение […]

Воен авион на јужнокорејските воздухопловни сили случајно фрлил осум бомби, повредени неколку цивили


Воздухопловните сили на Јужна Кореја денеска соопштија дека еден од нивните борбени авиони случајно фрлил осум бомби на погрешно место за време на тренинг вежба, што резултирало со повреди на цивили. -Осум бомби за општа намена МК-82 беа случајно ослободени од авион КФ-16 на воздухопловните сили, слетувајќи надвор од назначениот опсег за стрелање, соопшти Военото […]