Патување низ времето е можно: Овие патници полетаа на 1 јануари, а слетаа на 31 декември


Летот на „Ал Нипон Ервејс“ од Токио до Лос Анџелес полета на 1 јануари 2024 година и слета на 31 декември 2023 година. Имајќи ја предвид големата временска разлика меѓу овие два града, патниците кои биле на летот имаа можност да ја дочекаат Новата година во Токио, а потоа да се вратат на старата и […]

(Видео) Јапонија ја погоди земјотрес од 7,1 степени, издадено предупредување за цунами


Во период од 15 минути Јапонија ја потресоа три силни земјотреси во првиот ден од новата година. #Earthquake (#地震) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M7.1 || 67 km NE of #Nanao (#Japan) || 9 min ago (local time 16:10:12). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/BmYUkRYtkn — EMSC (@LastQuake) January 1, 2024 По силниот земјотрес […]

Јапонската влада одобри 16 отсто поголем воен буџет


Јапонската влада одобри зголемување на воениот буџет за 16 отсто за следната година и го олесни законот за забрана за извоз на оружје. Јапонија го забрзува распоредувањето на крстаречки ракети со долг дострел кои можат да погодат цели во Кина или Северна Кореја, додека јапонските трупи сè повеќе соработуваат со сојузниците и преземаат сè поофанзивни […]

Како е да се живее во стан од седум квадратни метри во Токио (видео)


Цените за изнајмување на станови во Токио се екстремно високи, па така достапни станови кои може да се изнајмат за 250 евра месечно се популарни меѓу Јапонците. Иако се евтини, овие станови се исклучително мали, понекогаш имаат само неколку метри квадратни, пренесува хрватскиот портал Пункуфер. Јапонскиот јутјубер Усуи живее во еден од овие микро-апартмани. Бидејќи […]

Повлечено првото јапонско целосно автономно возило


Воопшто првиот пилот-проект за целосно самоуправувачко возило во Јапонија е ставен во мирување по мала несреќа со паркиран велосипед, соопштија властите денеска. „Возилото удрило во велосипед паркиран покрај патот. Ја прекинуваме операцијата додека не се разјасни причината за инцидентот. По несреќата нема повредени“, се вели во извештајот. Возилото налик автобус без возач, слично на електричен […]

Јапонија започна истрага против Гугл


Јапонски регулатор денеска соопшти дека отворил истрага против Гугл поради сомневање за прекршување на законот за еднаква конкуренција на пазарот на услуги за пребарување на Интернет. Јапонската комисија за фер трговија (JFTC) сака да утврди дали Google го прекршил законот со тоа што отстапил дел од приходите од оперативниот систем Андроид на производителите на мобилни […]

Повик за изработка на лого за 30-годишнината од дипломатски односи меѓу Јапонија и Македонија


Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија со задоволство ве поканува да придонесете со вашите иновативни идеи на конкурс за дизајн на лого за прослава на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Јапонија и Република Северна Македонија . Целта на овој натпревар е да се вклучат дизајнерската заедница, професионалци од областа на графичкиот дизајн и […]

Силен земјотрес во Јапонија: издадено предупредување за цунами, па повлечено


апонскиот архипелаг Изу денеска беше погоден од земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтер. Официјалните лица веднаш издадоа предупредување за цунами, кое подоцна беше повлечено. Епицентарот на земјотресот бил на островот Торишима, на околу 580 километри јужно од Токио. Нема информации за жртви или материјална штета. 

ГН на Јапонија: Деветта пол – позиција за Верстапен


Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) ќе стартува од пол – позицијата в недела кога ќе се вози трката за Големата награда на Јапонија. Холанѓанецот Верстапен дојде до својата деветта пол – позиција оваа сезона, откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката Сузука. „Ова досега е неверојатен викенд, особено […]

Во Јапонија има повеќе од 92.000 стогодишници – најмногу во последниот половина век


Бројот на јапонски жители постари од 100 години сега изнесува 92.139, што е најголем во последните 53 години, покажуваат статистичките податоци на јапонското Министерство за здравство, труд и благосостојба. Во текот на годината, бројот на Јапонци кои слават стогодишнина се зголеми за 1.428 луѓе. Од вкупниот број, 88,5 отсто се жени, од кои повеќе од […]

Во новата јапонска Влада именувани пет министерки


Премиерот на Јапонија, Фумио Кишида го смени министерот за одбрана и за надворешни работи и го зголеми присуството на жени во неговиот кабинет од две на пет. Кишида го разреши министерот за надворешни работи Јошимаса Хајаши и на негобво место ја именува 70-годишната Јоко Камикава. Првпат по 19 години жена ќе биде задолжена за јапонската […]

Јапонија донира над 80.000 евра за реконструкција на основно училиште во Кичево 


Јапонија донира повеќе од 80.000 ерва за реконструкција на училиште во Кичени, а денеска, амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја присуствуваше на церемонијата на предавање на успешно завршениот проект на ГГП во Општина Кичево.    Овој проект ја финансираше реконструкцијата на Основното училиште “Д-р Владимир Поледжиноски” во Кичево. Со висина од 80,593 ЕУР сменети се вратите […]

Јапонија успешно лансираше ракета, треба да слета на Месечината за неколку месеци


 Јапонија успешно лансираше ракета со модул создаден за работа на Месечината. Леталото треба да слета на нашиот пироден сателит за неколку месеци – со голема прецизност, на радиус од максимални 100 метри од целта. По три одложувања од крајот на август поради неповолните временски услови, ракетата „Х-ИИА“ на Јапонската вселенска агенција ЈАКСА полета денеска од космодромот […]

Во Јапонија најжешко лето досега


Јапонија го забележа летото со највисока просечна температура во последните 125 години, објави Националната метеоролошка агенција, пренесоа британските медиуми. Врз основа на мерењата на 15 локации во земјата од јуни до август, просечното температурно отстапување беше +1,76 Целзиусови степени, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Ова го надминува претходниот рекорд од +1,08 степени во 2010 година. […]

Додека Западот потклекнува- на Исток се случува „економско чудо“


  Економистите се изненадени од економскиот раст на Јапонија: Германија е во рецесија, но Јапонија е на вистинскиот пат. Во вториот квартал нивниот БДП пораснал за шест отсто во однос на 2022 година и за еден и пол отсто во однос на првиот квартал од годинава. Како? Клучот за брзиот раст на јапонската економија е […]

Јапонија подигна борбени авиони поради забележани руски воздухоплови


Јапонското Министерство за одбрана денеска соопшти дека активирало борбени авиони откако два руски патролни авиони за собирање информации Ил-38 биле забележани како неколку пати прелетуваат меѓу Јапонското Море и Источното Кинеско Море. Активноста на руските воздухопловни сили во област во близина на Јужна Кореја и Кина следи само еден ден откако Јапонија забележа руски и […]

Најмалку 23 повредени во тајфунот Лан во западна Јапонија, откажани над 560 летови


Најмалку 23 лица се повредени во тајфунот Лан кој вчера го зафати западниот дел на Јапонија и стигна до полуостровот Кии. Поројните дождови предизвикани од невремето создадоа хаос во воздушниот и железничкиот транспорт токму за време на празниците, јавија јапонските медиуми. Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека поради силниот дожд, владата на префектурата Тотори прогласи највисоко […]

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од […]

Откажани летови, евакуирани жители поради тајфун на јапонскиот остров Окинава (Видео)


Летови се откажани, а на десетици илјади луѓе им е советувано да се евакуираат, бидејќи моќниот тајфун Ханун се приближува до островот Окинава, кој се заканува со поројни дождови и силни ветрови. На жителите во дел од тропската префектура им е препорачано да се евакуираат бидејќи бурата, со предвидени налети на ветер до 233 километри […]

Јапонските власти побараа евакуација на стотици илјади жители заради тајфунот Ханун


Јапонските власти денеска побараа од стотици илјади жители на префектурата Окинава, во јужниот дел на земјата, да се евакуираат на безбедно додека се приближува тајфунот Ханун.  Откажани се и стотици летови, јавија француските медиуми. Неколку градови во префектурата Окинава, која опфаќа голем број острови, утринава издадоа изборна наредба за евакуација. Тајфунот Хунан се движи низ […]