Невреме ја парализира Јапонија – четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром


Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360 милиметри дожд, поплавувајќи патишта и железнички пруги и оставајќи илјадници патници заглавени на аеродромот „Нарита“. Властите сè уште трагаат по едно лице, додека […]

(Видео) Тајфун со налети на ветер до 216 км/ч ја погоди Јапонија. Кина се подготвува за удар


Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што шест лица беа повредени, а повеќе од 50.000 згради останаа без струја. Во меѓувреме, Кина ги затвори пристаништата и го прекина фериботскиот сообраќај пред очекуваното пристигнување на бурата на нејзиниот источен брег. Во Окинава, пет постари лица, од кои тројца паднаа поради силни ветрови, претрпеа […]

Бројот на загинати во големиот земјотрес во Јапонија се искачи на 30


 Бројот на загинати, во земјотресот што го погоди јапонскиот остров Кјушу, се искачи на 30, соопшти владата на Јапонија. Земјотресот со интензитет од 7,1 степени според Рихтеровата скал,а што пред два дена ја погоди јужна Јапонија, разурна голем број домови, оштети мостови и предизвика пожари. Околу 22.500 домаќинства и други објекти и понатаму се без […]

Најмалку 13 загинати во земјотресот во Јапонија, потрага по преживеани под урнатините


Во земјотресот со јачина од 7,1 степен што вчера го потресе подрачјето во близина на градот Кумамото загинаа најмалку 13 лица, а спасувачите итно трагаат по преживеани заробени под урнатините, изјави денеска јапонската премиерка, Санае Такаичи. „Се уште има луѓе кои чекаат да бидат спасени и ова е трка со времето. Ќе ги искористиме сите […]

Вештачката интелигенција наоѓа љубов за стотици Јапонци: Апликација донесе 265 парови пред олтарот


Според официјалните бројки, 265 парови се венчале откако се запознале преку апликација која користи вештачка интелигенција за да утврди компатибилност на паровите, која владата на Токио ја лансираше во 2024 година за да ја намали ниската стапка на наталитет во Јапонија. Апликацијата „TOKIO Enmusubi“ беше лансирана откако анкета покажа дека околу 70 проценти од луѓето […]

Има и мртви во земјотресот во Јапонија, а расте и бројот на повредени


Неколку лица загинаа во урнатиот трговски центар во јапонскиот град Кумамото, објави телевизијата Асахи, повикувајќи се на полициски извор, откако силен земјотрес го погоди внатрешноста на островот Кјушу, но без конкретни бројки. Според најновите информации, расте бројот на повредени во силниот земјотрес што ја погоди Јапонија. Како што претходно беше објавено, повеќе од 50 повредени […]

Земјотрес со јачина од 7,1 степени во Јапонија: Издадено предупредување за цунами


  Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јужниот дел на Јапонија во вторник со епицентар на островот Кјушу во областа Куманоту. Јапонската метеоролошка агенција извести за епицентарот, а во исто време издаде предупредување за можно цунами со бранови високи до еден метар. Владата, исто така, реагираше, издавајќи предупредувања за другите […]

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфун. Се затвораат училиштата и фабриките


Јапонија денес евакуираше повеќе од два милиони луѓе, издавајќи предупредувања за поплави и лизгање на земјиштето додека се приближуваше тајфунот Мехала. Обилните дождови донесени од бурата додека минуваше покрај соседниот Тајван парализираа делови од островот, принудувајќи околу шест милиони луѓе да останат без работа, а учениците да не одат на училиште. Мехала, која сега ослабе […]

Голем земјотрес регистриран и во Јапонија (Видео)


Земјотрес со интензитет од 7,2 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во северна Јапонија. По земјотресот не е издадено предупредување за појава на цунами. Епицентарот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од 50 километри. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Нуклеарните централи и […]

Јапонија успешно лансираше прва ракета со погон на течно гориво


Јапонија денеска успешно лансираше ракета што користи за погон исклучиво течно гориво, објавуваат јапоснките медиуми повикувајќи се на Јапонската агенција за вселенски истражувања (JAXA). Ракетата утрово во 9:55 часот е лансирана од вселенскиот центар Танегашима во југозападниот дел на Јапонија, носејќи шест мали сателити во земјината орбита. Лансирањето претходно беше одложено на два дена поради […]

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија


Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија. Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро. Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 […]

(Видео) Мечка нападна четири лица во Јапонија и избега


Мечка повреди четири лица во станбена област во Фукушима во североисточна Јапонија во вторник. Ова е последен во серијата напади во дел од земјата каде што мечките сè повеќе влегуваат во населени области во последните години, објавува Euronews. По извештајот од фабриката за челик Фукушима за напад врз двајца вработени, полицијата и пожарникарите се упатија […]

Прв бизнис семинар за јапонската и македонската бизнис заедница (фото)


Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија го организираше првиот бизнис-семинар за поврзување на јапонската и македонската бизнис-заедница на 11 март во Скопје. На настанот беа претставени девет глобални јапонски компании од различни сектори, како енергетика, фармација, автомобилска индустрија, градежништво и финансии. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски, одржа воведно обраќање, изразувајќи […]

Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот во втор обид


Јапонија денес ја рестартираше најголемата нуклеарна централа во светот, соопшти операторот на централата, откако претходниот обид во јануари беше ненадејно прекинат поради мал дефект. Проблем со алармниот систем на централата во јануари го прекина првото рестартирање на централата од катастрофата во Фукушима во 2011 година, објавува France 24. Токиската електроенергетска компанија (TEPCO) објави дека електраната […]

Обилни снежни врнежи во Јапонија однесоа 30 животи


Невообичаено обилните снежни врнежи во Јапонија однесоа 30 животи во последните две недели , објави агенцијата Франс прес. Меѓу жртвите е и 91-годишна жена пронајдена под куп снег висок 3 метри пред нејзиниот дом. Централната влада распореди војници за да им помогнат на жителите во Аомори, најтешко погодениот регион, каде што во оддалечените области наврнале […]

Мелони го прослави роденденот во Јапонија. Објави „аниме селфи“ со јапонската премиерка


Италијанската премиерка Џорџија Мелони и јапонската премиерка Санае Такаичи се сретнаа во Токио, а средбата беше обележана со топло добредојде и прослава на роденденот на италијанскиот лидер. Такаичи подготви торта и подароци за Мелони, која наполни 49 години претходниот ден, и отпеа песна за роденден. Двајцата лидери, исто така, направија селфи заедно, чија аниме верзија […]

Силен земјотрес со магнитуда од 6,2 степени ја погоди западна Јапонија


Земјотрес со магнитуда од 6,2 степени го погоди западниот јапонски регион Чугоку утрово, по што следеа низа силни потреси, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на првиот земјотрес беше во источната префектура Шимане, соопшти агенцијата, додавајќи дека нема опасност од цунами. „Чугоку Електрик Пауер“, која управува со нуклеарната централа Шимане, оддалечена околу 32 км, соопшти дека […]

Најмалку 15 повредени фабрички работници во Јапонија – врз нив е истурен хлор и биле нападнати со нож


Петнаесет лица се повредени утринава во напад со нож и откако биле испрскани со хлор во фабрика во Јапонија, јавуваат медиумите. Јапонската агенција Кјодо објави дека напаѓач, кој носел гас-маска, истурил хлор и ги нападнал со нож работниците во фабриката за гуми Јокохама во градот Мишима, на централниот остров Хоншу. Напаѓачот (38) бил уапсен на […]

Најголемата нуклеарна централа во светот е рестартирана


Јапонија го одобри рестартирањето на најголемата нуклеарна централа во светот, која е надвор од употреба повеќе од една деценија по катастрофата во Фукушима. Овој потег е клучен чекор во напорите на Јапонија да ја намали зависноста од фосилни горива за енергија, објавува CNN. И покрај загриженоста на многу локални жители, префектурното собрание Ниигата, каде што […]

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Јапонија, забележано мало цунами


Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Североисточна Јапонија, што ја натера Јапонската метеоролошка агенција да издаде предупредување за цунами. Земјотресот се случи во 11:44 часот наутро на длабочина од 20 километри во крајбрежното подрачје на префектурата Аомори, неколку дена откако посилен земјотрес со јачина од 7,5 степени ја погоди истата област. Јапонската метеоролошка […]