Земјотрес и цунами во Јапонија


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија по што цунами висок 50 сантиметри денеска го погоди островот Хачијо јужно од Токио, соопшти Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА). Според полицијата, засега нема повредени. Епицентарот на земјотресот бил во водите кај Торишима во архипелагот Изу, на длабочина од околу 10 километри. Според податоците […]

Поплави во Јапонија: Еден загинат и седум исчезнати


Едно лице загина, а најмалку седум се водат за исчезнати во саботата во централна Јапонија, каде на десетици илјади луѓе им беше наредено да се евакуираат поради поплавите предизвикани од обилните дождови. Во Ишикава едно лице загина, а две се тешко повредени, се вели во соопштението на регионалната влада, во кое се додава дека три […]

Обилни дождови и поплави во Јапонија и Јужна Кореја


Обилни дождови синоќа ги погодија Јапонија и Јужна Кореја, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето, поради што беа евакуирани стотици луѓе. Денеска беше издадено предупредување за силен дожд за полуостровот Ното во јапонската префектура Ишикава, регион кој беше погоден од силен земјотрес за време на новогодишните празници, а метеоролошката служба соопшти дека областа сега е […]

Клиниката за детски болести ќе добие нов мобилен рентген апарат, како поддршка од Јапонската амбасада


Универзитетската клиника за детски болести во Скопје ќе добие нов мобилен рентген апарат, во рамките на GGP програмата на Амбасадата на Јапонија во земјава, која е наменета за мали грантови за основни човекови потреби и човекова безбедност. Договорот за грант денеска потпишаа министерот министерот за здравство Арбен Таравари, амбасадорот на Јапонија во земјава, Оцука Казуја […]

Јапонците не сакаат да ја користат четиридневната работна недела: И компаниите и вработените се двоумат


Озлогласена по својата култура на напорна работа, Јапонија покрена иницијатива да им помогне на луѓето да ја намалат. Но, по три години од напорите, земјата има тешкотии да ги убеди луѓето да земат четиридневна работна недела. Јапонските пратеници предложија четиридневна работна недела за прв пат во 2021 година. Насоките беа наменети да го поттикнат задржувањето […]

Тројца мртви од тајфунот Шаншан што го погоди југозападниот дел на Јапонија


Најмалку три лица загинаа кога тајфунот Шаншан денеска го зафати југозападниот дел на Јапонија со силен дожд и ветер, што го наруши воздушниот сообраќај и остави повеќе од четвртина милион домаќинства без струја. „Три лица загинаа, едно исчезна, двајца се тешко повредени, а петмина се здобија со полесни повреди како последица на тајфунот“, изјави главниот […]

Силен тајфун пристигнува во Јапонија. „Се очекува нешто невидено“


Надлежните служби во Јапонија денеска издадоа итно предупредување за пристигнувањето на моќниот тајфун Шаншан, кој се приближува до југозападните делови на земјата, придружен со обилни дождови и силен ветер, јавија локалните медиуми. Предупредувањето за пристигнувањето на тајфунот Шаншан ја принуди компанијата Тојота да ја прекине работата во сите домашни производствени капацитети, пренесува Ројтерс. Авиокомпаниите и […]

Јапонија во септември добива нов премиер, Кишида нема да се кандидира на партиските избори


Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска објави дека нема да се кандидира за претседател на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) во септември, со што најави дека неговата земја ќе добие нов премиер. Победникот на тие партиски избори ќе стане нов премиер бидејќи ЛДП ги контролира двата дома на јапонскиот парламент. Кишида беше избран за претседател на ЛДП […]

Разорен земјотрес во Јапонија: Луѓето се кријат под масите (видео)


Разорен земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија, јавува EMSC. Епицентарот бил во близина на островот Кјушу. Јапонските власти издадоа предупредување за цунами, а првите слики се појавија на социјалните мрежи. BREAKING: Tsunami warning issued for parts of Japan after a 6.9 magnitude earthquake hits 30 km south of Miyazaki […]

Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента долга 500 километри за транспорт на товар


Јапонија планира да изгради подземна подвижна лента во должина од 500 километри меѓу Токио и Осака за транспорт на товар. Ќе може да превезува количество товар еднакво на количеството товар што го превезуваат 25.000 камиони секој ден. Тоа ќе донесе три главни придобивки. Првата е дека ќе се намали сообраќајниот метеж, втората е дека ќе […]

Отишла на пливање во Јапонија – ја спасиле на 80 километри од плажата по две ноќи во океанот


Жена која ја однеле океанските струи додека пливала на плажа во Јапонија е спасена на околу 80 километри од брегот 36 часа откако исчезнала, соопштија официјални лица. 21-годишна Кинеска, која отишла на пливање со гумен „прстен“ на надувување, во понеделникот околу 19 часот и 30 минути со пријател влегла во морето кај плажата Ширахама Охама, […]

Како најновата јапонска банкнота „се симна“ од непалските планини


  Банките ширум Јапонија почнаа да ги полнат своите банкомати во средата со сјајни нови банкноти на јени кои потекнуваат од неверојатна локација – живописни жолти цветни хартиени грмушки (paperbush) кои растат на карпестите хималајски планини во Непал. Пред да влезат во паричниците на јапонските потрошувачи, банкнотите на јенот имаа долго, сложено патување кое вклучуваше […]

Јапонски суд ѝ наложи на Владата да ги обесштети лицата кои биле присилно стерилизирани


 Јапонскиот Врховен суд и нареди на Владата да плати соодветна отштета на десетина инвалиди кои беа насилно стерилизирани според сега веќе непостоечкиот Закон за заштита на евгениката, кој беше донесен за да ги спречи тие луѓе да имаат деца. Судот рече дека Законот за евгеника од 1948 година е неуставен и го отфрли тврдењето на […]

Во 2024 година, Јапонија конечно ги исфрли флопи дисковите од владините канцеларии


Јапонската влада објави дека постепено ги отстранува флопи дисковите, што е клучна пресвртница во нејзината кампања за модернизација на државната администрација. До средината на јуни, дигиталната агенција ги укина сите прописи за користење на флопи дискови, 1.034 од нив, објави владата. „На 28 јуни ја добивме војната со дискетите!“, изјави министерот за дигитални технологии Таро […]

Болест што ги „јаде“ мускулите: Предизвикана од бактерии, може да стане фатална во рок од 48 часа


Бактеријата стрептокока А, која може да предизвика влошување на мускулите и меките ткива, се шири низ Јапонија. Од почетокот на годинава во земјава се регистрирани 977 случаи на синдром на стрептококен токсичен шок (STSS), што ја надмина минатогодишната бројка од околу 940 случаи. Најсилно беше погодено урбаното население во Токио. Овој синдром е предизвикан од […]

Земјотрес од 5,9 степени според Рихтер го погоди јапонскиот остров, каде на Нова година загинаа 230 луѓе


Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди централна Јапонија, но не беше издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 луѓе. Според телевизијата НХК, локалните власти соопштија дека засега […]

Агенциите за давање отказ сѐ побарани во Јапонија


 Давањето отказ преку агенција во име на работникот е сѐ позастапено во Јапонија последниве години. Така вработените ги напуштат компаниите, без да мора лично да дадат оставка, од причини како што се вознемирување на работното место или неповолна работна средина. Секторот бележи раст, па денес има 100 агенции коишто нудат вакви услуги. Во прилог на […]

Земјотрес со јачина од 6,9 степени по Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала ги погоди островите Огасавара во југозападна Јапонија. Според соопштението на Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА), земјотресот се случил во 17:36 часот по локално време. Потресот  е регистриран на длабочина од 540 километри. Островите Огасавара, локално познати како „Острови Бонин“, се наоѓаат на 1.000 километри југоисточно од Токио, […]

Речиси ништо не ги запира јапонските супер брзи возови – но една змија го стори тоа


Речиси ништо не ги спречува познатите јапонски супер брзи возови да сообраќаат точно на време – но мала змија која се провлекува низ патнички вагон ќе го направи трикот, иако само за 17 минути. Во вторникот, патник пријавил на персоналот на станицата во Токио дека змија од 40 сантиметри била забележана во вагонот на воз […]

Земјотрес во Јапонија


Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Јапонија, јавува EMSC. Земјотресот е регистриран во 12:16 часот по локално време.  Потресот се почустувал во префектурите Ивате, Мијаги и Фукушима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.  Епицентарот на земјотресот бил лоциран на брегот на префектурата Фукушима, на околу 40 километри под земја.