Ѓоковиќ и Швјонтек први носители на Вимблдон


Србинот Новак Ѓоковиќ во машка и полската тенисерка Ига Швјонтек во женска конкуренција се први носители на претстојниот Грен – слем турнир во Вимблдон. Втор носител е освојувачот на годинешните грен – слем титули на Австралија Опен и Ролан Гарос, Шпанецот Рафаел Надал, а следат Норвежанецот Каспер Руд, Гркот Стефанос Циципас и младиот Карлос Алкараз од Шпанија. Кај тенисерките, втора носителка е Естонката […]

Најдолга серија без грен – слем трофеј на Ѓоковиќ од 2018


Со вчерашниот пораз од Рафаел Надал во четвртфиналето во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нанижа третиот грен-слем турнир без триумф, што е негова најлоша серија во последните четири години. Серијата успеси на Ѓоковиќ почна во Вимблдон 2018 година и оттогаш до денес најдобриот светски тенисер победи на осум од вкупно 15. грен – слем […]

Надал во спектакуларен меч го победи Ѓоковиќ за полуфинале на Ролан Гарос (видео)


Во четвртфиналето на Ролан Гарос во најочекуваниот меч оваа година, Рафаел Надал го совлада Новак Ѓоковиќ со 6-2, 4-6, 6-2, 7-6 (4). Надал така остана во игра за 22. Грен слем титула при што дури 14 на париските земјени терени. Ова за Шпанецот беше 29. победа во меѓусебните средби, Ѓоковиќ има една повеќе, но Надал […]

Ѓоковиќ со победа стартуваше на „Ролан Гарос“


Франција-  Првиот Грен слем натпревар на Новак Ѓоковиќ во последните 7 и пол месеци помина максимално добро. Првиот носител Ѓоковиќ ја отвори одбраната на титулата на Отвореното првенство на Франција со победата со 6-3, 6-1, 6-0 за помалку од два часа над Јошихито Нишиока. Освои 18-0 за својата кариера во првото коло на Ролан Гарос. […]

Ѓоковиќ ја освои својата прва титула во 2022 година


Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на планетата, го совлада Стефанос Цитаипас во финалето на турнирот во Рим со резултат 2:0 во сетови, 6:0, 7:6. Од самиот почеток на мечот Ѓоковиќ беше буквално немилосрден и не дозволи Циципас практично да се загрее како што треба, а резултатот веќе беше 2:0. Во третиот гем, повторно на сервис на […]

Ѓоковиќ доби торта за 1.000-та победа во кариерата: „Ги гледав Рафа и Роџер, па сакав и јас“


Новак Ѓоковиќ со триумфот над Каспер Руд се пласираше во финалето на Мастерсот во Рим каде за трофејот ќе се бори со стариот познаник Стефанос Циципас. За српскиот тенисер оваа победа е значајна бидејќи беше 1000-та во кариерата, па организаторите на турнирот го одбележаа со торта на која ја напишаа историска бројка. – Благодарам на […]

Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето во Рим


 Со победата над Швајцарецот Стин Вавринка со резултат 2:0, во сетови 6:2, 6:2, Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на АТП турнирот во Рим. Ова претставува 89 четвртфинале на Мастер турнири во кариерата за најдобриот тенисер на светот. Противник во петок ќе му биде Феликс Огер-Алиасим, деветтиот тенисер во светот, кој во осминафиналето беше подобар […]

Ѓоковиќ продолжува да ги губи спонзорите


Шпанија– Шпанскиот тинејџер Карлос Алкараз го победи светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ на Мадрид опен во возбудлив меч од три сета кој траеше повеќе од три и пол часа во саботата. Победата доаѓа еден ден откако 19-годишникот го победи својот идол Рафаел Надал. Ѓоковиќ не успеа да победи на ниту еден од неговите четири […]

Ѓоковиќ: Надал е мојот најголем ривал на сите времиња


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ го нарече Шпанецот Рафаел Надал главен ривал во неговата кариера. – Се разбира, враќањето на Надал на теренот по долгата пауза влијае на мене бидејќи тој е мојот најголем ривал на сите времиња. Веќе подолго време немаме играно на ист турнир. Знаете, времињата се менуваат. Има млади играчи и двајцата […]

Ѓоковиќ: Надал повеќе не е број 1 за мојот син, сега Алкараз му е омилен


Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ откри дека Карлос Алкараз станал идол на неговиот шестгодишен син Стефан. – Карлос е прекрасна личност, навистина ми се допаѓа, многу го почитувам. Денеска првпат тренирав со него, иако го видов минатата година на турнир. Неговиот пат до тенискиот врв е апсолутно неверојатен. Тоа што го постигна на таа возраст […]

Ѓоковиќ: Работите се движат бавно, но сигурно. Ролан Гарос е мојата главна цел


Србија – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ ја оцени својата форма по два турнира на земјена подлога. Во финалето во Белград Србинот вчера загуби од Русинот Андреј Рубљов со 1:2, по сетови 2:6, 7:6 и 0:6 – Работите се движат бавно, но сигурно. Грен слемот во Париз е мојата главна цел и се надевам дека ќе […]

Ѓоковиќ: Ролан Гарос ми е најголемата цел, со мислите сум во Париз


Србија– Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ вчера на прес-конференцијата изјави дека целта му е да ја освои титулата на турнирот Србија опен што започна вчера во Белград. Овој турнир ќе биде трет за Новак, по познатите проблеми со депортацијата од Австралија,  годинава, по Дубаи и Монте Карло. Ѓоковиќ се уште е на врвот на АТП […]

Ѓоковиќ: Ми треба малку време да се вратам во ритам


Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ кој вчера е елиминиран во рана фаза на Мастерсот во Монте Карло, рече дека му е потребно време да се врати во посакуваниот ритам. – Ќе продолжам да работам и се надевам дека ќе влезам во форма за Грен слемот „Ролан Гарос“. Ова е главната цел за овој дел од […]

Ѓоковиќ останува бр.1 откако Медведев изгуби од Хуркач во Мајами


САД– Даниил Медведев рече дека физичките борби ја уништиле секоја шанса за победа за враќање на светскиот број еден ранг во петокот, откако изгуби од Полјакот Хуберт Хуркач со 7-6 (9/7), 6-3 на Мајами Опен. Медведев падна на второто место со поразот во третото коло од Гаел Монфис на Индијан Велс минатата недела, но би […]

Ѓоковиќ се враќа на врвот на АТП листата, еве зошто


САД- Неочекуваното излегување на Даниил Медведев од Индијан Велс ќе има две значајни последици. Еден, тоа значи дека Новак Ѓоковиќ ќе го врати првото место во светот во понеделник. И второ, шансите рускиот играч повторно да се врати на првата позиција станаа многу подалечни. Гаел Монфис, 35-годишниот Французин кој го победи Медведев во понеделникот со […]

Нема вакцина, нема Индијан Велс, ниту Мајами за Ѓоковиќ


Новак Ѓоковиќ изјави дека нема да може да се натпреварува на тениските турнири на тврда подлога во Индијан Велс, Калифорнија, или Мајами бидејќи е невакциниран и не може да патува во САД. 20-кратниот грен слем шампион во средата твитна дека Центрите за контрола на болести „потврдиле дека прописите нема да се менуваат, така што нема […]

Ѓоковиќ во жрепката за Индијан Велс, но настапот неизвесен


САД– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е дел од жрепката за тенискиот Мастерс турнир во Индијан Велс, но, засега, сè уште не е јасно дали воопшто ќе настапи. – Новак Ѓоковиќ беше на списокот играчи, па затоа го ставивме во жрепката. Овој пат сме во контакт со неговиот тим, бидејќи не е јасно дали ќе може […]

Ѓоковиќ му понуди финансиска помош на Стаховски кој се вклучи во одбраната на Украина


Украина – Новак Ѓоковиќ понуди финансиска поддршка и каква било друга потребна помош на украинскиот поранешен светски рекет број 31, Сергиј Стаховски, кој се пријави во резервната армија на неговата земја среде руската инвазија на нејзиниот сосед. Стаховски, кој освои четири АТП титули и имаше шокантна победа над Роџер Федерер во второто коло на Вимблдон […]

Јон Циријак: Ѓоковиќ е како дете, Надал е генијалец


  Мислењето на Јон Циријак секако има тежина во тенискиот свет. Поранешниот сопственик на АТП турнирот во Мадрид, ги спореди тениските достигнувања на Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, нагласувајќи дека српскиот тенисер, според него, не е голем шампион. Харизматичниот и егоцентричен поранешен романски тенисер, беше и член на тамошната хокеарска репрезентација со која настапи на […]

Ѓоковиќ загуби во Дубаи, веќе не е прв на АТП листата


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не успеа денеска да се пласира во полуфиналето на турнирот во Дубаи, откако загуби од Чехот Јиржи Весели со 6-4, 7-6. Дуелот меѓу Ѓоковиќ и Весели, првиот и 123. рангираниот на АТП листата, траеше речиси два часа. Ѓоковиќ со поразот во четвртфиналето на турнирот во Дубаи го загуби и првото место на АТП листата, кое […]