Ѓоковиќ го потврди своето учество на турнирот во Дубаи


 Првиот светски рекет и 22-кратен грен слем шампион Новак Ѓоковиќ им зборуваше на новинарите во Белград за закрепнувањето од скинатата тетива. – Што се однесува до повредата што ја добив пред Австралија опен, се закрепнав и постепено се приближувам до стопроцентната форма. Јас и мојот тим донесовме одлука дека ќе одам во Дубаи и ќе играм таму следната недела, изјави Ѓоковиќ. […]

Ѓоковиќ направи шоу, заигра и српско оро, па изгуби (видео)


Новаќ Ѓоковиќ ужива по враќањето на теренот на Арената „Род Лејвер“ во Мелбурн. Додека се бореше со ник Кирјас, направи шоу за 15.000 навивачи на трибините во Мелбурн. Освен тениски егзибиции, Ѓоковиќ пред сѐ ужива во директна интеракција со публиката, па така пронајде и нов „тренер“. А потоа почна вистинско шоу, Ѓоковиќ буквално заигра неколкупати, […]

Ѓоковиќ со осцилации обезбеди полуфинале во Аделаида


Српската ѕвезда Новак Ѓоковиќ со брејкови во финишот од првиот и вториот сет го победи за безмалку два часа Денис Шаповалов за да обезбеди полуфинале и пресметка со Данил Медведев за финалето на турнирот во Аделаида, како завршна подготовка пред стартот на Австралија опен за десет дена. Ѓоковиќ осми пат во осум пресметки го победи […]

Ѓоковиќ пропушта два големи турнири во САД, вакцината и натаму пречка


  Новак Ѓоковиќ ќе биде спречен да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, пишува Нова.рс. Истиот случај се случи и минатата година, а тогаш тој не можеше да игра ниту на УС Опен поради важечките правила на Ковид во САД. Правилата во САД велат дека невакцинираните странци […]

Ѓоковиќ: Браво, Меси и Аргентина, но честитки и за Хрватска за одличниот турнир


  Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги пофали Меси и Аргентинците за пласманот во финалето на Светското првенство 2022, но не заборави да упати честитки и за Хрватите за високиот пласман. Најпрвин Ѓоковиќ на социјалните мрежи напиша: „Браво, Лео и Аргентина“. Потоа следуваше и коментар за хрватската репрезентација и Дејан Ловрен и Лука Модриќ: „Честитки за […]

Гардијан: Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија


 Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие виза за Австралија и ќе може да учествува на Австралија опен. Според „Гардијан“, министерот за имиграција на Австралија, Ендрју Гилс ќе ја укине тригодишната забрана за влез во земјата. За да го направи тоа, министерот мора да биде сигурен дека постојат убедливи околности кои дозволуваат лице со поништена виза […]

Ѓоковиќ го совлада Циципас за финале на Мастерсот во Париз против Руне


  Новак Ѓоковиќ го совлада Циципас со 2:1 во сетови во исцрпувачкото полуфинале на Мастерсот во Париз. Ѓоковиќ го доби првиот сет прилично лесно (6:2), но во вториот не беше на препознатливо ниво, па Циципас дојде од рутински 6:3 до 1:1 во сетови. Во последниот сет беше многу тензично до самиот крај. Ниту Новак ниту […]

Циципас ќе се соочи со Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Париз


  Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Во два сета тој синоќа го победи Американецот Томи Пол – 6:2, 6:4. Следен ривал на Гркот ќе биде српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Другата полуфинална двојка ја сочинуваат Холгер Руне (Данска) и Феликс Оже-Алијасим (Канада). АТП Ролекс Мастерс турнирот во Париз се […]

Ѓоковиќ освои титула во 19 земји и го израмни рекордот на Федерер


  Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ денес го освои турнирот во Астана откако во финалето го победи Гркот Стефанос Циципас со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Казахстан е 19-та земја во која има освоено титули. Србинот воедно го израмни рекордот на Роџер Федерер (Швајцарија). Двајцата врвни светски тенисери победија во следните […]

Нов инсект е пронајден во Србија – го нарекоа по Ѓоковиќ


  Откриен е и опишан нов пештерски вид инсект за науката, кој е наречен Duvalius djokovici, во чест на тенискиот шампион Новак Ѓоковиќ. Единствениот пештерски предатор е пронајден во Симината јама, на планината Повлен. Новиот вид инсект и Новак имаат заеднички особини – брзина, сила, истрајност, способност за преживување во сурово окружување, објаснуваат научниците. Истакнуваат […]

Ѓоковиќ го освои турнирот во Тел Авив


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е победник на турнирот во Тел Авив. Тој во финалето го победи хрватскиот претставник Марин Чилиќ со 2:0, по сетови 6:3 и 6:4. Тенисерите на теренот поминаа 1 час и 35 минути. За Ѓоковиќ титулата во Израел беше 89-та во кариерата (сингл). Србинот планира следната недела да учествува на натпревари во […]

Ѓоковиќ: Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво


  Дваесет и еднократниот Грен слем шампион Новак Ѓоковиќ призна дека е решен да продолжи да игра тенис. – Сè уште сакам да играм тенис, иако постигнав речиси сè што може да се постигне во него. Сè уште имам страст и желба да играм на највисоко ниво. Бев решен да играм во Лејвер купот и […]

Погледнете што му порача Ѓоковиќ на Федерер за неговото збогување


Легендарниот швајцарски тенисер Роџер Федерер објави дека се повлекува по Лејвер купот кој следната недела ќе се игра во Лондон. Неговата објава предизвика вистинска поплава од пораки од тенискиот и спортскиот свет со кои се збогуваа со швајцарската легенда. Денеска се огласи и најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ кој на својот Инстаграм профил објави емотивна […]

Ѓоковиќ наздрави со Вучиќ, Ковачевски и Рама на „Винската визија“


  (Од нашиот известувач) БЕЛГРАД – Винската визија на Отворен Балкан во следните четири дена ги собра повеќето винарии и дестилерии од регионот, но и од целиот свет, на саемот организиран во Белград. На Саемот за вино, балканските лидери беа дочекани и од тенискиот ас Новак Ѓоковиќ и неговиот татко и чичко, кои се претставија […]

Надал: Жал ми е поради Новак, но тенисот е поголем од сите нас


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ја коментираше одлуката на американските власти да му забранет влез во САД на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, и со тоа да го оневозможат да настапи на претстојниот грен – слем турнир ЈуЕс Опен во Њујорк. – Жал ми е поради тоа што Новак Ѓоковиќ нема да […]

Ѓоковиќ објави дека нема да настапи на ЈуЕс Опен


Поранешниот најдобар светски тенисер Новак Ѓоковиќ објави денеска дека нема да може да отпатува во Њујорк за последниот грен – слем турнир сезонава ЈуЕс Опен, кој почнува идната недела. – За жал, не можам да патувам во Њујорк на ЈуЕс Опен, напиша Ѓоковиќ на Твитер пред жрепката за грен – слем турнирот. – Со среќа […]

Ѓоковиќ се повлече од Мастерсот во Синсинати


Дваесет и еднократниот грен слем шампион Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти Мастерсот во Синсинати следната недела. Негово медсто на ждрепката ќе го замени Брендон Накашима, кој претходно мораше да игра со вајлд-карта. Да потсетиме, според сегашните правила, Ѓоковиќ не може да влезе во Соединетите Американски Држави, бидејќи не е вакциниран против коронавирусот. Српскиот тренер Горан […]

Кириос праша: „Каде е мојата вечера?“ „Честам во Њујорк“, одговори Ѓоковиќ


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му вети на Австралиецот Ник Кириос дека ќе го испочитува договорот и ќе го чести вечера како што двајцата се договорија пред финалето на грен – слем турнирот во Вимблдон. Кириос вчера преку социјалните мрежи го потсети Ѓоковиќ на договорот, а освојувачот на Вимблдон одговори дека планира да плати вечера во […]

Ѓоковиќ го победи Кирјос за седми трофеј на Вимблдон


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ стана победник на Вимблдон во 2022 година. Во финалето попладнево првиот носител го победи Австралиецот Ник Кирјос. Во меч што траеше нешто повеќе од три часа, Ѓоковиќ победи во четири сета – 4:6, 6:3, 6:4 и 7:6. Србинот по седми пат во кариерата стана победник на Грен слемот во Лондон. За […]

Ѓоковиќ си одржал инспиративен говор: Не функционира секогаш


Првиот носител на Грен слемот Вимблдон, Новак Ѓоковиќ откри како успеа од 0:2 да дојде до 3:2 на вчерашниот четвртфинален дуел со Јаник Синер. Србинот победи со 5:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:2 и по 11.ти пат се пласираше во полуфиналето на Вимблдон. – Во вториот сет почнав да се сомневам во моите удари. Јаник играше […]