Штрајк на вработените во „Самсунг“, под прашање снабдувањето со полупроводници


 Синдикатот кој претставува десетици илјади луѓе во јужнокорејскиот технолошки гигант „Самсунг Електроникс“ соопшти денеска дека работниците првпат досега ќе стапат во штрајк. Портпаролот на Синдикатот наведе дека штрајкот е закажан на 7 јуни, а работниците тој ден ќе користат одмор за да штрајкуваат. Штрајкот се организира поради „запоставувањето на работниците од страна на компанијата“. Штрајкот […]

Вработените од „Македонска пошта“ бараат претпријатието да се реорганизира и да опстои


Вработените во „Македонска пошта“ денеска излегоа на масовен протест за да го изразат својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и за зачувување на своите работни места. Долг период, месеци и години „Македонска пошта“ се соочува со финансиска криза и со лоша организација на работењето, што доведе до тотален хаос и до дното […]

Најавен штрајк во Фондот за здравство


Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат, барајќи усогласувањето на платите со растот на минималецот. Како што информираа од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), покрај усогласувањето со минималната плата, ќе бараат и итно да се разреши целиот управен одбор на фондот и поставување на нови членови кои […]

Штрајк на вработените во сите подружници на ЈП Национални шуми


По еднонеделен мирен предупредувачки протест околу 2.000 вработени во 30-тина подружници на Национални шуми во земјава од денеска стапија во штрајк со барање до раководниот тим на Јавното претпријатие да ја  исплати јануарската, како и феврурската плата за која рокот е до 15- ти март, како и исплата на сите додатоци од работа. Ваквата одлука […]

Финска: Казна од 200 евра за работниците доколку учествуваат во штрајкови


Финската влада планира да го ограничи правото на штрајк со нови закони. Има намера да воведе и глоба од 200 евра за вработените доколку учествуваат во вакви дејствија, кои судот ги прогласи за незаконски, соопшти денеска финската национална радиодифузна компанија ILE (YLE). Министерот за вработување Арто Сатонен денеска го објави новиот закон и рече дека […]

Во САД минатата година имало најмногу работнички штрајкови во последните две децении


Работниците во САД минатата година организирале 33 големи штрајкови, што е најголем број работнички штрајкови во земјата во последните две децении, соопшти денеска американското Министерство за труд. Околу 460.000 работници учествуваа во големи штрајкови, кои се дефинирани како штрајкови во кои учествуваат 1.000 или повеќе работници, пренесува „Вашингтон пост“. Се додава дека тоа е три […]

Поради штрајкот на „Луфтханза“ денеска се реализираат само десет до 20 отсто од нејзините летови


 Германската авиокомпанија „Луфтханза ерлајн“ соопшти дека ќе се реализираат само десет до 20 отсто од летовите закажани за денеска поради повиците за штрајк на нејзиниот персонал во рамки на преговорите за платите. „Во моментов, претпоставуваме дека само околу 10 до 20 отсто од летовите ќе можат да се реализираат“, објави најголемата европска авиокомпанија на својата […]

Скопје утре без јавен превоз – возачите повторно не зеле плата


Утре повторно нема да има јавен градски превоз во Скопје. Ова следува откако вработените во ЈСП не ја добиле платата за јануари. -Еве денеска е 15 февруари. Последниот законски ден за исплата за плата. Од утре УЈП ќе земе 0,03 проценти од нашето купче. Не се договоривме така со градоначалничката и директорот на ЈСП Скопје. […]

Ангажираните со договор на дело во Прилепската болница почнаа штрајк


Стотина ангажирани со договор на дело во Прилепската болница денеска излегоа на едночасовен штрајк барајќи Министерството за финансии итно да ги потпише согласностите за нивно вработување. Тие велат дека во моментов нивниот статус никако не е решен зашто не се потпишани ниту новите договори на дело кои вообичаено ги добивале на почетокот на јануари. Проблемот, […]

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор


Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерството за финансии при УПОЗ, ако не се потпише колективен договор. Ова беше кажано на денешната прес конференција на Синдикатот на УПОЗ.  – Бараме да ни се вратат дополнителните 30 отсто на плата што ни ги укина Уставниот суд. Му даваме рок на министерот да го потпише до распишувањето […]

(Видео) Штрајкот во ФЗО ставен во мирување


 Штрајкот во Фондот за здравствено осигурување се става во мирување, соопшти Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на РМ (УПОЗ). Одлуката, како што информираат, е донесена по денешната седница на Управниот одбор на ФЗО. – По упатеното барање од страна на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата […]

Штрајк: ФЗОМ не работи – граѓаните не можат да поднесат документи


Татко не можеше денеска да го пријави новороденчето за здравствен осигуреник, а мајка чија 18-годишна ќерка имала интервенција, не можеше да поднесе документи за да ѝ се вратат парите, затоа што вработените во Фондот за здравствено осигурување се во штрајк. На вратите на ФЗОМ во центар во близина на Домот на АРМ, како и во […]

Синдикатот на Клинички со поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО


Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи (ССКЦ) во државата, дава целосна поддршка на штрајкот на вработените во ФЗО – УПОЗ, што започна денеска, изјави попладнево претседателот на овој синдикат, Предраг Серафимовски. – Покачувањето на минималната плата без скалесто покачување на останатите плати, води до нарушување на […]

Од понеделник штрајк во ФЗО, ќе се работат само неопходните предмети


Вработените во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување од понеделник ќе стапат во штрајк. Од Синдикалната организација на Синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) информираат дека ќе се извршуваат само неопходните работни задачи како пријава на малолетно лице како член во осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирано лице и лекување во […]

Почна штрајкот на 11 германски аеродроми


Патниците кои планираат да летаат во или од 11 големи германски аеродроми денеска ќе мора да се снаоѓаат на друг начин, јави ДПА. Персоналот за аеродромска безбедност на аеродромите во Франкфурт, Хамбург, Бремен, Берлин, Лајпциг, Дизелдорф, Келн, Хановер, Штутгарт, Ерфурт и Дрезден почна еднодневен штрајк кој треба да трае до вечерва. Синдикатот Верди го почна […]

Финска во колапс: Не работат градинки, фабрики, авиосообраќајот, превозот…


Работничките синдикати денеска излегоа на тридневен штрајк во Финска во знак на протест против измените на законите за пазарот на трудот и намалувањето на социјалното осигурување. Измената на законот беше предложена од владата на премиерот Питер Орп. Се очекува штрајкот сериозно да го наруши секојдневниот живот на Финците, пренесува Ројтерс. Во рамки на тридневната акција […]

Германските машиновозачи предвреме го прекинаа штрајкот


Синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) во германскиот државен железнички оператор Дојче Бан (Deutsche Bahn) предвреме го заврши својот повеќедневен штрајк на услугите за превоз на патници, изјави утрово портпаролот на државниот железнички оператор. Железничкиот штрајк што со денови го попречуваше железничкиот транспорт во Германија почна да се намалува во неделата навечер, откако нормалните транспортни услуги продолжија […]

Германските машиновозачи најавија нов штрајк, кој ќе трае со денови


Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ денеска соопшти дека ги повикал вработените во државната компанија Дојче Бан (ДБ) на нов повеќедневен штрајк. Штрајкот ќе започне во 2 часот наутро во среда и ќе продолжи до 18 часот во понеделник следната недела, се вели во соопштението на ГДЛ објавено во понеделникот во раните утрински часови. Во вторник […]

Во штрајкот на земјоделците во Германија им се придружија машиновозачите


Штрајкот на земјоделците, но и на претставниците на другите синдикати во Германија продолжува и денеска, а поради целокупната состојба земјата е речиси целосно блокирана. Покрај земјоделците, тридневниот штрајк го започнаа и машиновозачите низ земјата во знак на поддршка на другите членови на синдикатот кои се борат против кратењето на субвенциите. „За време на штрајкот, железничките […]

Германските машиновозачи се подготвуваат за штрајк


Германскиот синдикат на машиновозачи ГДЛ денеска најави дека ќе штрајкува во наредните денови, по ескалација на спорот за платите со железничката компанија Дојче Бан. Штрајкот ќе трае од 10 до 12 јануари, најави синдикатот. На 9 јануари штрајкуваат машиновозачите за превоз на товар. Синдикатот во декември најави дека ќе штрајкува неколку дена по божиќните празници. […]