Сопругот на исчезнатата Злата Јанкова започна штрајк со глад пред полицијата во Свети Николе


Дејан Јанков од Свети Николе, сопруг на Злата Јанкова – жената која исчезна на 16 јуни 2024 година – утрово започна штрајк со глад пред полициската станица во Свети Николе. Тој вели дека ќе остане таму и ќе гладува сè додека институциите не преземат конкретни чекори и не добие одговори за судбината на неговата сопруга, […]

Машиновозачите во Шпанија најавија тридневен штрајк по железничките несреќи


Машиновозачите во Шпанија објавија дека денеска ќе отпочнат со тридневен национален штрајк во знак на протест против недостатокот на безбедносни гаранции во железничкиот систем на земјата, објавија денеска шпанските медиуми. Оваа акција беше објавена по две сериозни железнички несреќи во јануари – една во Адамуз. на југот на Шпанија. во која загинаа 46 лица и […]

Работниците ќе штрајкуваат во мрак за да не ги препознаат и да не им се заканува никој


Попладнево, во 17 часот, од пред Работничкиот дом тргнува поворка работници, за да го изразат своето незадоволство од висината на платите и да побараат зголемување од најмалку 6.000 денари, за минималната да се искачи на 600 евра. Лидерот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов порача дека овој протест е „за вашите деца, за вашите ќерки, […]

Од понеделник најавени протести на граничните премини во Македонија – МВР сподели важни информации за оние кои патуваат!


Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција ја информира јавноста дека до Министерството за внатрешни работи е доставена најава за одржување на јавен протест од страна на асоцијацијата „Макам-транс“, кој е најавен да започне на 26.01.2026 година од 12:00 часот. Според доставената најава, протестот е планиран да се реализира на следните […]

Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк


Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис […]

Протести на професорите и студентите во Белгија поради кратење на буџетот за високото образование


Белгиските универзитетски професори и студенти денеска одржуваат протестен марш низ улиците на Брисел, во знак на незадоволство од предлогот на Федералната влада на Белгија за намалување на буџетот и од мерки за штедење во високото образование. Синдикатите, организатори на протестот, посочуваат дека кратењето на средства ќе го доведе во прашање опстојувањето на над 1.000 работни […]

Правниот застапник на М-НАВ: Забраната за штрајк на ССКЛ е законска, не сме побарале забрана на синдикално делување и на идни штрајкови


Наоѓањата на Граѓанскиот суд за забрана на штрајкот што на 20. месецов го најави Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛ се апсолутно вистинити и законски основани. Решението е донесено од искусен судија кој има оставено белег во судот, оцени денеска Горан Николоски, овластен застапник на М-НАВ А.Д.  Барањето за забрана на штрајк се однесува […]

Пилотите на „Луфтханза“ ќе штрајкуваат, се очекуваат големи нарушувања на авиосообраќајот


Пилотите на германската авиокомпанија „Луфтханза“ денеска гласаа за штрајк, што се очекува да предизвика големи нарушувања за патниците. Според официјалните податоци, во анкетата учестувале 90 проценти од пилотите на „Луфтханза“ и 95 проценти од пилотите на товарниот превоз на оваа авиокомпанија, а меѓу нив 88 проценти од пилотите во комерцијалниот дел и и 96 проценти […]

Во М-НАВ со штрајк се заканувале „оние кои правеа упад и кои тепаа“, вели Мицкоски


 Се закануваат оние кои што правеа упад и кои што тепаа. Сега немаат внимание и не се толку силни да тепаат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашањето во врска со најавите за штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање ССКЛМ, доколку не се поништи последниот оглас за нови вработувања во М-НАВ. […]

Домот на Советот на градот Перт прекриен во боите на македонското знаме во знак на почит кон загинатите во трагедијата во Кочани


Градот Перт во Австралија, каде што живее бројна македонска заедница, изрази сочувство за сите загинати и повредени во трагедијата во Кочани, во која загинаа 59 лица, а 176 се повредени. По тој повод, Домот на Советот во центарот на градот вечерва по локално време покриен со црвено-жолти македонски бои за да се изрази почит, тага […]

Штрајкот на синдикатот ги запре контејнерските бродови во германското пристаниште Хамбург


Штрајкот на вработените во јавниот сектор на пристаништето во Хамбург во голема мерка го парализираше товарниот бродски сообраќај кон најголемото и најважното пристаниште во Германија, потврди денеска за ДПА портпаролот на пристанишната управа на Хамбург. Големите контејнерски бродови на кои им е потребна пилотација за да се движат по реката Елба меѓу Северното Море и […]

Матичните доктори штрајкуваат поради промените во „Мој термин“


Матичните доктори ќе прекинат со работа од 11 до 12 часот, во знак на предупредување, по воведените новини во системот „Мој термин“. Според тврдењето на претседателката на Здружението на приватни матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, тие не можат да издадат терапија и да направат прегледи на пациенти, доколку не се изврши автентикација на мобилниот […]

Актерските ансамбли во Србија од понеделник во седумдневен штрајк, целосно се солидарни со студентите


Од понедленик во Србија почнува седумдневен штрајк на актерите во театрите кои изразија целосна солидарност со студентите и безусловна поддршка на сите нивни барања, јавија српските медиуми. Во заедничко соопштение тие наведуваат дека тоа се случува првпат во историјата на српските театри, прифаќајќи го повикот на судентите да се борат за работа на институциите и […]

Реки луѓе на протестите во Србија, автомобил пак прегази девојка (Видео)


  Десетици и десетици илјади луѓе се на улиците во Србија за време на генералниот штрајк на кој повикаа студентите. Непрегледни реки луѓе се слеваат по улиците на Белград, Нови Сад и други градови. „Не одиме на работа, не одиме на предавања, не ги извршуваме нашите секојдневни обврски. Ја земаме слободата во наши раце. Вашето […]

Место зголемување од 30 отсто, за 40 отсто намалена им е платата на оние кои штрајкуваат


Вработените во Државното правобранителство веќе една недела се во штрајк барајќи потпишување на колективен договор во кој ќе бидат предвидени додатоци на плата во висина од 30 проценти, но сѐ што добиле досега е намалување на 40 отсто од платата поради стапување во штрајк. Како што појасни претседателот на УПОЗ, Трпе Деаноски, досега само коегите […]

Започнаа штрајкови во Фолксваген во Германија, луѓето се бесни


Работниците во фабриката на Фолксваген во југоисточниот германски град Цвикау стапија во штрајк во 9.30 часот утринава, приклучувајќи се на националниот штрајк на германскиот автомобилски гигант. Во текот на денот ќе им се придружат и работниците во другите фабрики на Фолксваген во Германија. Синдикатот ИГ Метал, кој најави штрајкови во знак на протест поради заканата […]

Грција под 24-часовен штрајк поради инфлацијата и барањата за повисоки плати


Работниците ширум Грција рано утринава започнаа 24-часовен штрајк, приклучувајќи се на масовниот протест организиран од синдикатите за да протестираат против економските политики на владата, јави ДПА. Синдикатите бараат итна акција за справување со инфлацијата, платите што стагнираат и несоодветните социјални бенефиции. Училиштата, градинките и владините канцеларии се целосно затворени, додека државните болници ќе работат со […]

Штрајкот на американските пристанишни работници може да доведе до недостиг и повисоки цени во земјата пред изборите


Штрајкот на американските пристанишни работници, од источниот брег на САД од Мејн на североисток до Тексас на југ, има потенцијал да ги зголеми цените и да создаде недостиг на стоки низ земјата пред празничната шопинг сезона и неизвесни претседателски избори, оценуваат американските медиуми. Тоа е прв таков штрајк од 1977 година, а го организира синдикатот […]

Штрајкот во американските пристаништа го блокира увозот на кафе


Истоварот на стотици контејнери со кафе во пристаништата на источниот брег на САД е запрен поради штрајкот на работниците, што дополнително ја влошува веќе и така скромната понуда на кафе во земјата. Локални медиуми известуваат дека работниците во 36 пристаништа објавиле штрајк поради недоволни плати и загриженост за губење на работни места поради планираната автоматизација. […]

Бајден го подржа штрајкот на пристанишните работници во САД и побара зголемување на нивните плати


Администрацијата на претседателот на САД Џо Бајден ги повика компаниите кои управуваат со пристаништата во САД да ги зголемат платите на пристанишните работници кои штрајкуваат веќе втор ден. -Морските превозници остварија рекордни профити за време на пандемијата, кога пристанишните работници беа изложени на опасност во нивните напори пристаништата да останат отворени. Време е овие морски […]