„Кондево“ за 50 отсто ќе ги зголеми своите капацитети во ТИРЗ Штип


Преку инсталирање две нови високософистицирани линии за нови производи италијанската фабрика „Кондево“, која е лоцирана во ТИРЗ Штип, планира првичната инвестиција од 35 милиони евра да ја зголеми за 50 отсто и да го зголеми број на вработени од сегашните 107 на 150 вработени до средината на годинава, како и да има дополнително зголемување на […]

(Во живо) Ковачевски во посета на ТИРЗ Штип


Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, ја посетија фабриката „Кондево“ во ТИРЗ Штип. По обиколката на фабриката предвидени се изјави за медиумите во 12:20 часот. Проследете ги во живо:

Пропаѓаат старите куќи во историското штипско Ново Село


Даски покриени со камења и снег, наместо  споменици на една бурна историја. Ова се остатоци од неколку куќи во штипско Ново Село, заштитени со закон што ги изеде времето и негрижата на институциите. Жителите на штипско Ново Село подолго време алармираат дека опасност по нивното здравје се старите куќи, во кои има безброј приказни. Во […]

Завршен експресниот пат Штип-Радовиш, втората фаза од Три чешми до Штип пуштена за сообраќај под времен режим


Заврши изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски попладнево изврши увид, со што и последниот дел од делницата од Три Чешми до клучката за Румица е изграден. -Драго ми е што пред четири месеци пред рокот ја завршивме изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш. Ова е пример како се работи на […]

Нов рок за автопатот до Штип е крајот на месецов


По неколку најави за сигурно пуштање за сообраќај на автопатот Миладиновци-Штип, и потоа одложувања, вчера стигна нов рок – за 10-15 дена. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов изјави дека уште 10-ина километри автопат немаат заштитна мрежа и кога таа ќе се допостави ќе може да се вози по автопатот. „На мое […]

Штипски Суитлак останува да биде најголемата зелена површина


Локалната власт спречи изградба на станбени објекти во една од најубавите населби во градот, тоа е месноста Суилтак, информираше денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски. Најголемиот парк во Штип, што се белите дробови на градот ќе си останат најголема зелена површина, наместо на него да никнат станбени згради. – Претходната локална власт имала идеи во […]

Штип најтранспарентна општина во земјава


Општина Штип е најтранспарентна општина во држвата, според извештајот од проектот „Следење на принципите на јавна администрација во зачувување на вредностите на добро управување“, финансиран од ЕУ. Раководителот на Секторот за јавни дејности во Општина Штип, Билјана Казанџиска на денешната прес-конференција истакна дека ова се должи на фактот што тие како локална самоуправа се отворени […]

Мицкоски: Пресудата за 27 април – класичен политички прогон


Пресудите за 27 април се класичен политички прогон на актуелната власт против неистомислениците, оцени денеска во Штип претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според него, станува збор за невиден протисок во поновата историја и, како што рече, Заев се закани на 28 април 2017 година, а речиси две години потоа судијата Кацарска и обвинителката Рускоска испорачаа. […]

(Галерија)„Независен“ на автопатот Миладиновци-Штип


Работниците ги отстрануваат земјените бариери кои се истурени на повеќе места на автопатот Миладиновци-Штип. Тие веќе не се потребни за да ги спречуваат возачите на диво да се возат по автопатот. За еден-два дена и официјално ќе биде дозволено возење на делницата меѓу Миладиновци и Кадрифаково. Оттаму до Штип и досега се возеше по новиот […]

Затвореници се затвориле во просторија за дневен престој


Петмина осуденици вчера околу 18 часот во затворот во Штип се затвориле во една од собите за дневен престој во првото затворско крило. Раководството на затворот претпоставува дека причина за револтот била тоа што претходно околу 15: 30 часот, вработените од затворот при претрес им пронашле три мобилни телефони и пет сим картички. Осудените лица […]

Младиот моден креатор Методи Коцев е штипскиот Александар Меквин


Во градот на текстилот, познат како македонскиот Манчестер  на една рака можат да се избројат модните креатори, кои имале храброст да отворат свои работилници, односно атељеа и да егзистираат од своите креации. Младиот моден креатор Методи Коцев од Штип  е еден од нив. Втора година по ред тој креира невестински и свечени фустани. Уникатен е […]

Кљусев и Глигоров можеа да го направат истото


Македонија има еден проблем – се вика Зоран Заев, повика вчера од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На вообичаените неделни маршеви на опозицијата низ градовите во земјата се слушнаа истите пораки како сиве овие денови и недели откако е закажан референдумот за договорот за името со Грција. Тој уште еднаш рече дека ги почитува […]

Мицкоски: Македонија има еден проблем, се вика Зоран Заев


Македонија има еден проблем – се вика Зоран Заев, повика денеска од Штип лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На вообичаените неделни маршеви на опозицијата низ градовите во земјата, се слушнаа истите пораки како сиве овие денови и недели откако е закажан референдумот за договорот за името со Грција. Тој уште еднаш рече дека почитувајќи ги […]

ВМРО-ДПМНЕ со кривични пријави против Заев


Зоран Заев сака да ја избрише Република Mакедонија, нејзината историја, традиција и култура, да го поништи македонскиот идентитет и затоа ги крие од народот амандманите со кои планира да го менува Уставот, а очекува од граѓаните да излезат и самите да гласаат за да си се поништат, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во пресрет на утрешниот протерстен […]

ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица, во недела во Штип


ВМРО-ДПМНЕ се враќа на улица. Иако нема да води активна кампања за референдумот, имајќи предвид дека одлуката на партијата е секој граѓанин сам да реши дали и како ќе гласа, продолжуваат активностите од „Работното лето“. Веќе во недела е закажан протестен марш во Штип. Опозицијата нема да се рекламира по медиуми, нема да снима промотивни […]

Интервју со Бочварски: Барам решенија заедно со граѓаните


Изминува деветтиот месец од моментот кога 32-годишниот дипломиран архитект Благој Бочварски го презеде управувањето со Штип, регионален центар на Источна Македонија. Со Бочварски разговараме на тема што ветивме – што направивме. Можете ли денес да кажете дека сте го реализирале тоа што, за овој период, сте им го ветиле на штипјани? Вие редовно информирате за […]

Сообраќајка утрово: Повредени 9 лица на патот Штип-Радовиш


Повредени се девет лица во сообраќајна несреќа  во близина на радовишкото село Дамјан на магистралниот пат Штип-Радовиш. Потпаролот на СВР Струмица Хринзатема Рендевска изјави дека несреќата се случила утринава во 3.40 часот помеѓу две патнички возила и еден трактор со приколка. – Според првичните информации, со телесни повреди се вкупно девет лица и сите се […]

Половина од мигрантите ќе заминат од штипската Клиничка болница


Шестмина мигранти кои беа поврдени во сообраќјна несреќа кај радовишки Бучим денеска поради добрата здравствена состојба ќе ја напуштат штипската Клиничка болница, во придружба на полицијата, информира на денешната прес-конференција директорот на Клиничка болница, Ален Ѓеорѓијев. Останатите шест пациенти, кои имаат посериозни повреди, како што се скршеници на карлица, екстремитети ќе бидат задржани на болничко […]

Комисија ќе утврдува од што почина родилката во Штип


Се чекаат официјалните информации од Институтот за судска медицина, кои треба да покажат од што почина 28-годишна родилка во болницата во Штип пред една недела. Првичните сознанија се дека причината е искрвавување, што можело да го предизвика или посебна медицинска состојба на матката по породување или заборавено парче од постелката. Обдукцијата е завршена, се чекаат […]

Почина родилка во Штип


Дваесет и осум годишната Маја Паневска од Свети Николе починала по 24 часа откако била примена на акушерското одделение во штипската Клиничка болница, потврди директорот на Клиничка болница-Штип Ален Ѓеоргијев. Тој вели дека синоќа во 21 часот, по природен пат родилката на свет донела здраво машко дете, но од засега непознати причини починала утринава околу […]