Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната


 Романија и Бугарија постигнаа договор со Австрија за делумно пристапување во Шенген зоната во март 2024 година, во поморската и воздушната гранична зона, соопшти романската влада. „После 13 години Романија конечно ќе се приклучи на Шенген! Имаме политички договор за ова“, напиша романскиот премиер Марсел Чолаку на Фејсбук. Романското Министерство за внатрешни работи соопшти дека […]

Препорака на ЕК: Во Шенген наместо проверки на внатрешните граници – мобилни проверки на територијата на членките


Земјите членки на Шенген зоната наместо да воведат проверки на внатрешните граници, треба да им дадат приоритет на мобилните проверки на нивна територија, наведува во препорака Европската комисија.  ЕК денеска испрати препораки до земјите-членки за засилена соработка меѓу земјите-членки во Шенген зоната, откако беше спроведена официјална консултативна процедура од мај до ноември 2023 година со […]

ЕУ усвои правила за онлајн аплицирање за Шенген визи


Советот на ЕУ денеска усвои два прописи со нови правила со кои се овозможува онлајн аплицирање за виза за патување во Шенген зоната, јави дописникот на МИА од Брисел.  – Можноста за аплицирање за Шенген виза преку интернет ќе претставува големо подобрување за граѓаните и за обработката на апликацијата. Тоа ќе го поедностави процесот на […]

Хрватска од полноќ е во Шенген: Што се менува?


Хрватска од полноќ е членка на Шенген зоната. Никој не може да негира дека ова е голем надворешнополитички успех, за кој е одговорна и Владата на Андреј Пленковиќ. Хрватска исполни стотици критериуми за да влезе во ова избрано општество и ја помина најпребирливата процедура од сите членки на Шенген. Но, што точно значи членството во […]

ЕУ го одложи воведувањето на ЕТИАС системот на границите на Шенген


  Европскиот систем за информации за патувањата и за одоберување на патувањата нема да биде во примена од 1 јануари годинава, како што беше планирано. По примената, поголемата безбедност ќе чини 7 евра. Системот за информации за патувања и одобрување на патување во земјите од ЕУ, кој се најавува со месеци, се уште нема да […]

Бугарија бара од ЕУ точен датум кога ќе биде примена во Шенген


  Бугарите се нестрпливи и бараат од ЕУ да им гарантира кога ќе биде точниот датум за прием на државата во шенген зоната. Претседателот Румен Радев го определи тој датум како октомври 2023. „На пат сме да постигнеме точен рок за прифаќање на Бугарија во Шенген, кој ќе биде неповратен. Имаме сѐ поголема поддршка и […]

Четири причини кои ја оставија Бугарија надвор од Шенген


  „Не сакам да бидам член на клуб кој би ме прифатил токму мене за свој член“ – легендарната автоиронична исповед на Гручо Маркс би била соодветна како почесна бугарска реакција на шенгенското „не“. Но, за ова „не“ не треба да ја обвинуваме само Бугарија и нејзините власти. Всушност, во овој едносложен збор се сублимирани […]

Пленковиќ: Граѓаните и стопанството најмногу ќе имаат корист од членството во Шенген


Откако Хрватска денеска доби едногласна поддршка од Советот на министри за внатрешни работи и за правда во Брисел за влез во Шенген зоната на 1 јануари следната година, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека најголема корист ќе имаат граѓаните и хрватската економија. Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека „Хрватска е во Шенген“ […]

Бугарија ѝ се заканува со одмазда на Холандија околу Шенген


  Службената бугарска влада е подготвена за одмазднички мерки доколку Холандија и Австрија стават вето за членството на Бугарија во Шенген, изјави премиерот Галаб Донев. Тој верува дека во останатите денови „може да надвладее разумот“ кај партнеритете од Шенген. „Силно се надеваме дека нема да бидеме соочени со таква неопходност. Напротив, веруваме дека сепак ќе […]

Бугарија гневна на блокадата за Шенген – ЕУ била цинична и му се нафрлија на Марк Руте


  Бугарија реагираше исклучително остро на одлуката на Холандија да не ја прими земјата во Шенген зоната и на коментарите на холандскиот премиер Марк Руте, кој отворено се посомнева дека властите имаат способност да ги заштитат бугарските граници. „Наместо европска солидарност, Бугарија добива цинизам!“. Така, претседателот Румен Радев на Фејсбук го коментираше ставот на Холандија […]

Холандската Влада донесе одлука да го блокира приемот на Бугарија во Шенген зоната


 Следната недела, Холандија ќе се согласи Романија и Хрватска да се приклучат на Шенген зоната, но ќе го блокира приемот на Бугарија, објави холандската радиодифузна корпорација. Холандската влада на денешната седница одлучи дека Бугарија се уште не ги исполнува условите за влез во Шенген, посочува овој медиум. Холандскиот министер за надворешни работи Вопке Хоекстра по […]

Божиновиќ: Очекувам Хрватска на 8 декември да добие зелено светло за Шенген


Очекувам Хрватска на 8 декември да добие конечна потврда за влез во Шенгенскиот простор, бидејќи австриската загриженост не е поврзана со која било држава туку со севкупното функционирање, изјави денеска  хрватскиот потпретседател на Владата и министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ. Во изминатите денови австрискиот министер за внатрешни работи Герхард Карнер се спротивстави на проширувањето […]

Австрија се противи на проширувањето на Шенген зоната со Хрватска, Бугарија и Романија


  Австриското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека земјата се противи на укинување на проверките на границите на Бугарија, Хрватска и Романија, кои се членки на ЕУ, јави ДПА, повикувајќи се на весникот Курир. Еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, неделава и официјално предложи трите земји да се вклучат во безвизната европска Шенген зона, […]

Фајненшл Тајмс: Влезот на Хрватска, Романија и Бугарија во Шенген зависи од Холандија и Шведска


Европската комисија ги повика земјите-членки веднаш да ги примат Бугарија, Хрватска и Романија во Шенген зоната бидејќи постигнале „силни резултати“, но одговорот на тоа барање не е во Брисел, туку во Холандија и Шведска, пишува денеска Фајненшл Тајмс. Хрватска сè уште е нова во чекањето за проширување на Шенген, но Бугарија и Романија стојат во […]

Холандија стави вето на влезот на Бугарија во Шенген поради корупцијата


  Холандскиот парламент донесе резолуција во која се вели дека премиерот Марк Руте не треба да гласа за пристапување на Романија и Бугарија во Шенген зоната, изјави холандскиот европратеник Софија ин’т Велд за романскaта агенција Аџерпрес. „На мое големо жалење, холандскиот парламент донесе резолуција во која се вели дека Холандија не треба да гласа за […]

ЕУ ја одложи мерката за наплаќање влез во Шенген зоната за жители на трети земји


  Европската Унија го одложи воведувањето на таканаречениот ETIAS систем, кој предвидуваше плаќање седум евра за влез на возрасни граѓани од трети земји во Шенген зоната. Според најавите, овој систем е еквивалент на ESTA системот на САД, а неговата примена требаше да почне во мај 2023 година, но неговата примена беше одложена за ноември, по […]

Хрватска оваа есен очекува одлука за приклучување кон Шенген зоната од 1 јануари следната година


Советот на ЕУ следната недела ќе испрати нацрт-одлука за пристапување на Хрватска во Шенген зоната на 1 јануари 2023 година, а конечната одлука би можела да биде донесена оваа есен, јави Хина, повикувајќи се на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. „Следната недела Советот на ЕУ ќе испрати формален предлог до Европскиот парламент за пристапување на Хрватска […]

Фајон: Словенија го поддржува влезот на Хрватска во Шенген зоната


Словенија го поддржува влезот на Хрватска во Шенген зоната, изјави денеска идната словенечка министерка за надворешни работи Тања Фајон, но предупреди дека консензус за тоа во Европската унија ќе биде тешко да се постигне пред шенгенската реформа.   „Словенија го поддржува Шенгенското проширување со Хрватска, Романија и Бугарија, но ќе биде тешко да се постигне […]

Петков: Ги лажевме европските лидери, затоа Бугарија не може да влезе во Шенген


  Европските лидери немаат доверба во Бугарија за Шенген, бидејќи многу од дадените ветувања не се исполнети, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во Брисел. Тој рече дека разговарал за ова прашање со холандскиот премиер Марк Руте, една од земјите што се противат на приемот на Бугарија во Шенген зоната. „Проблемот е што со […]

Макрон предлага реформа на Шенген зоната


Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е потребна реформа на Шенген зоната и дека таа треба да се раководи на редовни министерски состаноци, како што е тоа случајот со  еврозоната. Британските медиуми пренесуваат дека на последниот состанок на европските министри за правда и внатрешни работи Макрон кажа дека таканаречен Шенгенски совет да проценува како функционира […]