Превозниците ќе чекаат до 1 септември, ако нема решение за престојот во Шенген, повторно на протести


Здруженијата на превозници од Западен Балкан ќе чекаат до 1 септември кога во Брисел е закажан состанок на повисоко ниво со претставници на Европската комисија од чиј исход ќе зависи дали ќе преминат кон протести. Тие денеска во Скопје одржаа состанок по којшто изјавија дека не сакаат да протестираат, но дека ако бидат приморени ќе […]

Гужви на аеродромите поради новиот систем на ЕУ. „Само Европејците можат да го смислат ова“


Времето на чекање на некои од најголемите европски аеродроми се удвои ова лето по воведувањето на новиот електронски систем за контрола на границите на Европската унија, според бројките објавени од Фајненшл тајмс. На аеродромот во Франкфурт максималното време на чекање во јули достигна 120 минути, додека една година претходно беше 60 минути, покажуваат податоците на […]

Превозниците од Западен Балкан утре на средба во Скопје: Престојот во Шенген да се мери во часови


Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора очекуваат Европската комисија наскоро да закаже состанок за проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната, додека нови разговори на претставници на превозници од четирите земји се закажани за вторник (11 август) во Скопјe. Во интервју за Бизнис.рс, претседателот на Здружението за меѓународен […]

Италија бара суспензија на Шпанија од Шенген поради масовниот прилив мигранти


Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти […]

ЕК препорачува целосно укинување на внатрешните гранични проверки помеѓу земјите од Шенген зоната


Европската комисија денеска препорача целосно укинување на внатрешните гранични проверки меѓу земјите од Шенген зоната (Австрија, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Словенија и Шведска), кои продолжуваат да вршат проверки на внатрешните граници. ЕК препорачува постепено укинување на проверките со оглед на претстојното стапување во сила на новите европски правила за азил и миграција на […]

Нови правила за влез во ЕУ: Што треба да знаете


Целосното спроведување на новиот систем за влез во ЕУ започнува на 10 април. Доколку не сте биле во земјите во Шенген зоната од средината на октомври, еве што треба да знаете. Од 10 април започнува целосната примена на новиот систем за контрола на влез во Европската Унија, кој важи и за граѓаните на Македонија од […]

Николоски за проблемот на македонските превозници во Шенген зоната: Има неколку опции што се разгледуваат


Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, во интервју за “Топ Тема” на ТВ Телма, истакна дека проблемот со македонските превозници поврзан со воведувањето на новиот ЕЕС систем е високо на агендата во Брисел и дека се очекува решение во најскоро време. Тој потенцира дека Владата води интензивна дипломатска активност и директно […]

Во вторник состанок на министрите од Западен Балкан со ЕК за проблемите на превозниците


Во вторник, 3 февруари, ќе се одржи состанок на министрите од сите земји од Западен Балкан со претставници на Европската комисија за проблемот на превозниците од регионот во Шенген зоната, за што шефот на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, Луиџи Сорека ја информираше синоќа претседавачката со Советот на министри на Босна и Херцеговина, […]

Александар Радовановиќ од ССК: Колку подолги блокади, толку потешки ќе бидат последиците


Раководителот на Центарот за регионална соработка од Српската стопанска комора, Александар Радовановиќ, изјави дека колку подолги се блокадите поради новиот систем за влез и излез од ЕУ, но и несоодветната реакција на ЕК и земјите од шенген-зоната во однос на третманот на професионалните возачи и ограничувањето на нивниот престој на шенген-територијата, последиците ќе бидат сè […]

Дали по 40 години Шенген е доведен во прашање?


Шенген зоната е бисер во круната на европската интеграција, но на нејзината 40-годишнина, неколку земји-членки ја доведуваат во прашање, што предизвикува загриженост, пишува Европската новинска агенција (ENR). На почетокот на летото пред 40 години, претставници на владите на Белгија, Германија, Франција, Луксембург и Холандија се собраа на брод во едно мало село во Луксембург. На […]

Ќе плати ли економска цена Македонија за влегувањето на Бугарија и Романија во Шенгенот?


  Првиот ден од Новата година стотици Бугари заминаа на кафе во Солун или на ручек со морски деликатеси. По влегувањето на Бугарија во Шенген зоната нејзините граѓани можат без контрола на границите да патуваат во соседна Грција. Практично, не мораат ни да застанат на граничниот премин на кој до сега се редеа колони возила. […]

Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген од 1 јануари следната година


  Советот на ЕУ денеска одлучи проверките на копнените шенгенски граници на Бугарија и Романија да бидат укинати од 1 јануари следната година. Ова го соопшти унгарското претседателство со Советот на ЕУ. Претходно оваа година, проверките на воздушните и поморските шенгенски граници на двете земји беа укинати со одлука донесена за време на шпанското претседателство […]

ЕУ ќе решава за копнен Шенген за Бугарија и Романија


Укинувањето на контролите на внатрешните копнени граници на Романија и Бугарија со останатите земји од Шенген зоната ќе биде една од главните теми на денешното заседание на Советот за правда и внатрешни работи на ЕУ.    Покрај ова, министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ на заседанието на Советот ќе расправаат и за […]

Шенгенскиот договор е доведен во прашање поради безбедноста на Европа


Додека Европската унија се подготвува да ја прослави 40-годишнината од потпишувањето на Шенгенскиот договор во 2025 година, неодамнешните мерки на Германија – поврзани со проширувањето на ограничувањата и граничните контроли и инспекции под изговор за борба против криминалот и нерегуларните миграциски текови – претставуваат удар за слободата на движење на Европејците и оживување на старите […]

Словачкиот претседател повика на пристапување на Бугарија и Романија во Шенген


 Словачкиот претседател Петер Пелегрини повика денеска на пристапување на Романија и Бугарија во Шенген зоната, јавија словачките медиуми. -Словачка долго време е еден од поддржувачите на проширувањето на ЕУ со вклучување на клучните балкански земји, рече тој на заедничката прес-конференција во Виена со австрискиот претседател Александар ван дер Белен. Според него, би било целисходно Романија […]

Бугарија и Романија влегуваат во Шенген зоната


Бугарија и Романија од 31 март годинава ќе бидат дел од Шенген зоната. На овој начин двете земји ќе можат слободно да се движат меѓу земјите-членки за околу 400 милиони граѓани. Што можат да очекуваат патниците? Бугарија и Романија се членки на Европската унија од 2007 година, а од оваа година и двете земји влегоа […]

Корепер го усогласи ставот за новите правила на ЕУ за суспензија на безвизниот режим со трети земји


Комитетот на постојани претставници на земјите-членки на ЕУ (Корепер) денеска го усогласи ставот за Предлог-регулатива за измена на механизмот за суспензија на безвизниот режим со трети земји, што треба да и овозможи на Унијата да се справи со ситуации на злоупотреба на можноста за патување во Шенген зоната без визи или ако таквиот режим е […]

Бугарија ја отфрли идејата за создавање „туристички мини-шенген“ со Грција и Романија


Отстранувањето на контролите на копнените граници меѓу Бугарија, Грција и Романија би било спротивно на законодавството на ЕУ и немаме намера да започнуваме официјални дискусии за ваквата нелегална идеја, изјави бугарскиот премиер Николај Денков во врска со предлогот на четворица европратеници од трите земји за создавање „Мини-шенген зона“ од ова лето со цел да се […]

Уште еднаш одложен стартот на ЕТИАС системот со кој треба да се поднесе барање за влез во Шенген зоната


Правилата за влез во земјите од Шенген зоната утврдени со Европскиот систем за информации и овластувања за патување (ЕТИАС), што требаше да стапат во сила на почетокот на 2024 година, според најновите најави од ЕУ ќе почнат да се променуваат кон средината на 2025 година, најверојатно од мај.   Како што јави дописникот на МИА […]

Отворањето на шенгенскиот поморски и воздушен простор за Бугарија и Романија не претставува целосен пристап во Шенген зоната


Австриското Министерство за внатрешни работи денеска потсети дека отворањето на Шенгенскиот европски поморски и воздушен простор за Бугарија и Романија не претставува целосно пристапување во Шенген зоната, пренесе БТА. -Шенген по воздушен пат значи дека патниците кои доаѓаат од Романија и Бугарија нема да мора да минуваат низ пасошка контрола, освен онаа што ја спроведува […]