Шверцер на мигранти прегази полицајци кај Катланово


Вчера, на автопатот „Пријателство“, во близина на селото Катланово, Скопско, М. М. (24) од Идризово, управувајќи патничко возило „форд фокус“, со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово не застанал на знакот за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски […]

Приведени се двајца скопјани кои пренесувале низ земјава 14 мигранти, се обиделе и да избегаат


Денеска, во утринските часови на магистрален пат кај селото Смоквица и кај клучка Демир Капија приведени се две лица од Скопје поради криумчарење на мигранти. Во извештајот на Министерството за внатрешни работи (МВР) се наведува дека на 13.07.2022 околу 05.00 часот на магистрален пат кај с.Смоквица и кај клучка Демир Капија, полициски службеници од Полициската […]

На „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија


 На граничниот премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница кај Струга, уапсени се седум лица кои дозволиле или вршеле шверц на стока набавена во Македонија.    – Притворени се двајца полициски службеници, двајца цариници и три лица жители на пограничниот град Либражд, за злоупотреба на службената положба, корупција и шверц. По добиени сознанија дека се дозволува минување […]

Српската царина спречи шверц на златен накит кај македонски државјанин


Српските царински службеници на граничниот премин Батровци со Хрватска, спречија обид за шверц на 716 грама златен накит што македонски државајнин се обидел да го пренесе преку границата во својот багаж, јави дописникот на МИА од Белград. Златниот накит бил откриен во саботата, на 21 февруари кога на влезот на граничниот премин Батровци меѓу Хрватска […]

Во акција на Европол уапсени 29 луѓе поради криумчарење мигранти


Полицијата на Италија, Албанија и Грција денеска уапси 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените сзе дел од синџирот од 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои најмалку 1.100 луѓе биле превезени со брод од […]

Во Европа за седум месеци упасени повеќе од 500 лица поради трговија со фалсификувани лекови


Европските полициски сили уапсиле 544 лица и заплениле голем број нелегални средства за допинг и фалсификувани лекови, вклучително и лажни лекови против Ковид-19, соопшти денеска Европол. Во операцијата, која се одвивала низ целиот континент од април до октомври, запленети се фалсификувани лекови и допинг производи кои се проценуваат на вкупна вредност од 63 милиони евра, се вели […]

Српската царина во чудо: Македонец сокрил во гепек живи фазани и пауни


Српската царина извести за необичен обид за шверц, во кој главна улога имал македонски државјанин. Нашинецот вчера преку преминот „Прохор Пчињски“, на излез од Србија сокрил 40 птици и се обидел да ги внесе во Македонија. Патките, гулабите, пауните и фазаните биле сопрени во гепекот од автомобилот „пежо“. Откако бил фатен, македонскиот државјанин рекол дека […]

Косовски државјанин фатен како шверцува лекови


Во вторникот во 18.45 часот на клучка Радишани-oбиколница во Скопје полициски службеници запреле патничко возило „Опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови. Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволена трговија“, казниво  по член 277 од Кривичниот […]

Србија: Македонци шверцувале ќеса со пари


Тројца македонски државјани се приведени од српската полиција поради шверц на динари. Триесет и деветгодишниот Македонец, со автомобил „алфа ромео“, во кое се превезувале уште две негови сонароднички, завчеравечер се пријавил за излез од Србија на преминот Градина со Бугарија. На прашањето дали има нешто да пријави, возачот одговорил негативно, но цариниците одлучиле да го […]

Во Јапонија уапсени Израелци за шверц на четири тони злато


Јапонија- Јапонската полиција уапси двајца Израелци кои се осомничени за незаконски увоз на околу четири тони злато во Јапонија. Шверцуваната стока има вредност од околу 183 милиони долари, јави телевизијата Ен-Ејч-Кеј. Израелците две години внесувале злато во сандаци со автоделови од Хонгконг преку токискиот меѓународен ареродром. Тие во Јапонија незаконски внеле злато најмалку 50 пати. Уапсените […]

Кривични против тројца скопјани за шверц на марихуана


Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Д.А. (44) и Ф.В. (18), двајцата од Скопје, сомничени за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и против Д.П. (48) од Скопје за кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Како што […]

Црногорец шверцувал лекови од Македонија


Граничарите завчера откриле поголема количина лекови во торба на Црногорец кој се обидел да ги пренесе лековите преку граничниот премин „Долно Блаце“. Како што соопшти МВР, околу 19.20 часот пред два дена, на излез од граничниот премин со возилото „Шаран“ се пријавиле пет лица. Полициски службеници направиле дополнителни проверки на возилото. Во личниот багаж во три куфери […]

Грчката полиција разби мрежа за шверц со лекови против рак


Грчката полиција разби криминална група која крадела лекови за рак од болниците во земјата и ги шверцувала во други европски земји за да ги продава по исклучително високи цени, при што пациентите можеби останувале без лекови кои би им го спасиле животот, соопштија локалните власти. Во операцијата се уапсени 21 лице на возраст од 22 […]

Спречен шверц на 340 пакети со лекови од Македонија во Косово


Косовската полиција спречи шверц на 340 пакети со лекови, кои од Македонија на илегален начин биле внесени на косовска територија, од за сега се уште непознати лица. Полицијата не успеала да ги уапси шверцерите, кои успеале да и избегаат во густата шума кај месноста Вражевирски Мост во селото Сечиште, во близина на преминот Блаце (Генерал […]

Албанија: Кај Валона запленет 1,6 тон марихуана


Полициските службеници во приморскиот албански град Валона, во соработка со граничната полиција и италјанска поморска патрола, запленија 1,6 тон марихуана, која требало да заврши на наркопазарот во Италија. Дрогата била натоварена на голем моторен чамец, кој наркошверцерите го имале затскриено кај полуостровот Карабурн. Полицијата спроведува активности за идентификација на „сопствениците“ на чамецот и дрогата. Ова […]

Македонец и Србин обвинети за шверц на луѓе во Унгарија


Државните органи на Унгарија покренаа обвинение против државјанин на Србија и еден на Македонија поради сомневање за организирање шверц со луѓе. Како што пренесува порталот Војводина данас, главниот обвинител на унгарската област Бач-Кишкун покрена обвинение откако полицијата утврди дека државјаните на Србија и Македонија преку каналот Дунав-Тиса-Дунав со чамец пренеле четворица мигранти од Ирак чија […]

Спречен шверц на дрога од Албанија преку Македонија во Грција


Кривична пријава и притвор за двајца државјани на Албанија вчера поднесе СВР Битола за транспорт на марихуана, хашиш и смола од хашиш од Албанија преку Македонија за Грција. Двајцата се фатени на караилата Лажец битолско додека третото лице помагачот побегнал. Како што соопшти МВР, Р.А.(45) и Б.Г.(33) заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено […]