(ФОТО) Фатени шверцери со стотици парчиња брендирана гардероба и алат на автопатот Табановце-Куманово


Спречен шверц и запленети 272 парчиња разновидна брендирана роба и 174 парчиња разновиден рачен алат без документација. Како што информираа од МВР, вчера (14.12.2025) на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишиле од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје. Полициските службеници, […]

Царинската управа спречи обиди за шверц на цигари и тутун и над пет илјади алатки за тетовирање


Царински службеници во Царинската испостава Струмица запленија моторцикл Априлиа откако по поднесената увозна декларација со сите пропратни документи било увидено дека се работи за друг моторцикл за кој увозникот не поседувал никаков документ. Против сторителот е покрената прекршочна постапка. Службата за мобилни скенери при контрола на товарно моторно возило управувано од македонски државјанин заплени 5.476 […]

Царината спречи обиди за криумчарење парфеми, тутун, облека со потпис на познати модни брендови


 На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од […]

На ГП “Ќафасан” албанската полиција спречи шверц на лекови


На граничниот премин “Ќафасан”, кај Струга, албанската полиција спречила шверц на лекови од македонска територија и уапсила жител на Поградец. -Граничната полиција на преминот  “Ќафасан” уапси 31-годишен маж, идентификуван како Фатјон Вешо, кој се обиде да прошверцува од македонска на албанска територија лиценцирана стока, која ја сокрил во возило, стои во полициското соопштение. Се додава […]

Царинските службеници спречија обиди за криумчарење цигари, облека, моторни возила…


Во текот на минатата седмица царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани цигари, облека, моторни возила и друго. Како што денеска соопштија од Церинската управа, спречен е обид за криумчарење 114 штеки цигари без акцизни маркички од марката Karelia и пет штеки цигари со бугарски акцизни маркички од […]

Спречен шверц на производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија


Во средата, кај место викано „Тракаљачко маало“ во атар на село Танушевци, скопско, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје и од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, по претходно добиени сознанија и во соработка со косовската гранична полиција, спречија криумчарење на производи за широка […]

На ГП Ќафасан спречен шверц на 53,3 килограми марихуана, крајна дестинација била Македонија


 На граничниот премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, полицијата спречила шверц на 53,3 килограми марихуана, чија крајна дестинација била Северна Македонија. -Во рамките на полициската акција уапсен е 46-годишниот Елтон Грабоцка жител на Корча, кој управувал со возилото тип „фолксваген“ каде ја сокрил дрогата поделена во повеќе пакувања. Како материјален доказ е одземена количината […]

Царинската управа спречи шверц на стоматолошка опрема, цигари, икони и поголема количина шафран и маџун


Царинската управа спречи обиди за криумчарење на икони, цигари, стоматолошка опрема, 100 тегли маџун и 5 килограми зачин шафран чија цена е 1.500 евра од килограм, што во различни случаи лица се обиделе нелегално да ги внесат во државата. -На граничниот премин Богородица царинските службеници спречија обид за нелегално внесување на црковни предмети меѓу кои […]

Спречен шверц на дрога, оружје и муниција од албанска на македонска територија


Во две одделени акции албанската полиција уапсила три лица при обид за шверц на дрога и оружје за Северна Македонија. Според полицијата во акцијата „вреќи“ во селото Рајце, кај Прењас, во близина на Струга, уапсен е Е.А.(28) жител на Фуш Круја кој во автомобил „тојота“ превезувал две вреќи со вкупна тежина од 27,3 килограми канабис. […]

Спречен шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните


 Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тони месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава, соопштија денеска од Царинската управа. – Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во […]

Царината спречи обид за шверц и обид за нелегално изнесување на стока во вредност од околу пола милион денари


Спречен обид за шверц и избегнување плаќање царински давачки на производи во вредност од 273 илјади денари, како и обид за нелегално изнесување на стока вредна 192 илјади денари, откриени при контрола на товарни моторни возила на влез и излез од државата во текот на изминатата недела. Воедно, спречен е и шверц на 100 шишиња […]

Спречен обид за шверц на женски чанти, куфери и ранци на ГП „Меџитлија“


На граничниот премин „Меџитлија“ е спречен обид за криумчарење на 45 женски чанти, четири куфери и еден ранец, по извршена контрола од страна на царински службеници, соопштија од Царинската управа.   – Непријавената стока е откриена при контрола на патничко моторно возило кое се пријавило на влез во држвава. Поради сомнение во изјавата на возачот […]

Со такси сакал од Албанија во Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје


Албанската полиција привела жител на Паскуќан, Тирана, при обид со своето такси возило во Северна Македонија да прошверцува марихуана и огнено оружје со муниција. – Финализирана е полициската акција под шифра „Таксист“ во која е уапсено лицето М.М.(51) откако при контрола на возилото со кое вршело такси превоз се откриени 8,2 килограми марихуана и автоматско […]

Царинска управа: Спречен обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло


Царинските службеници на Ќафасан спречиле обид за шверц на 50 тони дизел гориво декларирано како базно масло, а кое било транспортирано во две товарни моторни возила – цистерни. Против сторителите, како што информираат утрово од Царинската управа, се поднесени кривични пријави до Јавно обвинителство.   -На влез во државата на граничниот премин Ќафасан пристигнале две […]

Во Хрватска уапсен 23-годишен Македонец, осомничен за шверц на осум турски државјани


Сплитско-далматинската полиција уапси 23-годишен Македонец на подрачјето на Врлика, обвинувајќи го за шверц на осум турски државјани. Возило во кое внатре билр осум турски државјани било сопрено од полицијата во петокот на подрачјето на општина Врлика, при што се покажало дека патниците илегално влегле во Хрватска. Осомничениот, кој управувал со автомобилот, се товари дека од […]

Компири и друга шверцувана стока од Македонија запленети кај преминот Горица-Стење


Албанските власти заплениле поголема количина компири и друга шверцувана стока кај граничниот премин Горица-Стење која со помош на цариник и вработен во граничната полиција две лица се обиделе да ја внесат од македонска на албанска територија. Во акцијата уапсени се две лица жители на село Орман, општина Малиќ, цариникот, како и еден полицаец од преминот Горица, кои се товарат […]

Украинци во Србија со брод прошверцувале над 12 тони нафта


Српски цариници спречија обид за шверц на 12.650 литри нафта скриени на брод со украински екипаж, кој пловел под австриско знаме, во цистерни кои требало да содржат вода, соопшти денеска српската Царинска управа. Прекршокот е откриен при контрола на влезот на Дунав меѓу Романија и Србија, на граничниот премин Велико Градиште. Бродот пловел под знамето […]

(Видео) Шверцувале гориво од Хрватска во Италија. Во подот на фирмата биле скриени милиони евра


Европското јавно обвинителство во Болоња и италијанската финансиска полиција на Парма (Guardia di Finanza) вчера извршија наредба за замрзнување имот во износ до 149 милиони евра, соопшти европското обвинителство. Се работи за истрага на криминална група која шверцувала гориво од Хрватска и Словенија во Италија. „Наредбата за замрзнување ја издаде истражниот судија на Парма, на […]

Бугарското Обвинителство поведе истрага против македонски државјанин за шверц на марихуана


Окружното јавно обвинителство од бугарскиот град Ќустендил започна истрага против 72-годишниот македонски државјанин К.К., под сомнеж за шверц на дрога. Истрагата е покрената откако во петокот на граничниот премин „Деве Баир/Ѓуешево“ припадници на Одделението за борба против трговија со дрога при бугарското Министерство за внатрешни работи при претрес на автобус на релација Скопје – Истанбул, […]

Уапсен жител на Корча кој шверцувал гориво од Северна Македонија


Албанската полиција, по едномесечна истрага, уапсила жител на Корча, под обвинение за шверц на гориво преку граничниот премин Горица-Стење, на албанско-македонската граница кај Ресен. -Од целокупноста на истражните дејствија, произлезе дека државјанинот Д.Ф.(54) со возило од марка „мерцедес“, чиј резервоар го модифицирал и зголемил, од Македонија преку граничниот премин Горица шверцувал значителна количина нафта. Шверцуваната нафта, ја […]