Иранец со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз во Швајцарија. Убиен е!


Швајцарската полиција соопшти дека 32-годишен ирански барател на азил вооружен со секира и нож држел 15 лица како заложници во воз меѓу Баулмес и Ивердон-ле-Бен речиси четири часа додека полицијата упаднала во возот во четвртокот вечерта и го убила. „Сите заложници се ослободени неповредени. Во интервенцијата напаѓачот е смртно ранет“, соопшти полицијата во кантонот Во. […]

Швајцарија се согласи да биде домаќин на мировен самит за Украина


Владата на Швајцарија денеска соопшти дека се согласила со барањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски, земјата да биде домаќин на глобалниот мировен самит за Украина. – На барање на украинскиот претседател, Швајцарија се согласи да биде домаќин на самитот за мировна формула. Сега се разработуваат други детали, се наведува во соопштението на швајцарската Влада. Зеленски […]

Најдолгата патека за санкање во светот: Зимските радости овде се „на стероиди“ (видео)


Кога помислуваме на санкање, првата асоцијација е обично несмасно детско спуштање со смеа и некоја блага, питома и кратка падина полна со мали зимски ентузијасти… Сепак, има патеки за „возрасни“, а една од нив е дефинитивно светскиот рекордер кој се наоѓа во Швајцарија. Имено, во таа земја, во локалниот регион Јунгфрау, се наоѓа најдолгата патека […]

Швајцарија со над 100 милиони франци ќе помогне во деминирање на Украина


Швајцарските власти денеска соопштија дека ќе одвојат 100 милиони швајцарски франци (околу 103 милиони евра) за отстранување на мините во Украина во периодот од 2024 до 2027 година. Помошта ќе овозможи обезбедување опрема и обука на украинските деминери за хуманитарни цели, се наведува во соопштението на швајцарската федерална Влада. Поради својот неутрален статус, Швајцарија не […]

Швајцарските глечери изгубија 10% волумен за две години: „Ова е катастрофа“


Глечерите во Швајцарија ја претрпеа својата втора најлоша стапка на топење оваа година, по рекордните загуби во 2022 година, намалувајќи го нивниот вкупен волумен за 10% во изминатите две години, соопшти мониторинг телото ГЛАМОС. Топењето на глечерите во Швајцарија за време на третото најтопло лето во земјата досега значи дека тие изгубиле мраз за две […]

Швајцарско село нуди 50.000 евра за доселување – има два услова


Швајцарското село Албинен на семејствата им нуди 50.000 евра и повеќе само за да се преселат во ова неверојатно село во планинска долина. Дали се борите со трошоците за живот? Едно швајцарско село може да го има решението за вас. Прекрасната област се наоѓа на планинска падина на 1.300 метри надморска височина. Неговите традиционални планински […]

(Видео) Торнадо опустоши град во Швајцарија, кран уби едно лице


Торнадо го зафати швајцарскиот град Шауси во понеделникот попладне, а едно лице загина во невремето, соопшти полицијата. Лицето починало како последица на пад на кран, кој бил поставен на градилиште. Повредени се околу 40 лица, дел пренесени и во болница. Des images très impressionnante chez moi, à La Chaux-de-Fonds, durant et après le passage d’une […]

На референдум, Швајцарците одобрија зголемување на даноците за големите компании


  На референдумот одржан викендов, швајцарските граѓани одобрија зголемување на минималниот данок за компаниите и Законот за климата, чија цел е да се намали употребата на фосилни горива и нула емисии до 2050 година, објави јавниот сервис SRF, пренесува N1. Речиси 80 отсто од оние што гласаа на националниот референдум го поддржаа зголемувањето на корпоративниот […]

Три лица загинаа во пад на туристички авион во Швајцарија


Три лица загинаа денеска при уривање на туристички авион во планинската област на кантонот Нојшател на западот на Швајцарија, соопшти портпаролот на кантоналната полиција. „Пилотот и двајцата патници загинаа“, соопшти полицијата без да даде детали за жртвите. Авионот со швајцарски регистарски таблички полетал од аеродромот Шо-де-Фонд на туристички лет и се урнал во близина на […]

Измамите со заеми за Ковид може да достигнат 307 милиони швајцарски франци


Од 17 милијарди франци одобрени од швајцарската влада за заеми за ковид со цел да се спасат бизнисите од банкрот, се сомнева дека 307 милиони франци биле злоупотребени од фирми кои доставиле лажни податоци. Досега во Швајцарија се поднесени 2.767 кривични пријави поради можна или реална злоупотреба на заеми за Ковид-19. Вкупниот износ на измами […]

Долината Латербрунен во Швајцарија, позната по водопадите


  Долината Лаутербрунен, во превод значи „многу извори“, а името го добила по бројните извори и водопади. Се наоѓа околу седумдесет километри југоисточно од Берн. Оваа долина е една од најубавите во Европа. Долината Лаутербрунен има 72 водопади и истоимено село, а стана дел од Светското наследство на УНЕСКО во 2001 година. Во селото Лаутербрунен, […]

Загубите на води се нешто што не смееме да го прифатиме како факт


Загубите на вода во Скопје се над 60 отсто, пречистителната станица никако да се изгради, а ништо подобра не е ситуацијата и во другите општини. За подобрување на ваквата состојба, денеска повеќе институции се запознаваа со имплементација на Програмата за управување, користење и заштита на подземните води во Македонија, поддржана од Шввајцарија. Во следните десетина […]

Швајцарија инсталираше 5.000 соларни панели на највисоката брана во Европа


Како дел од проектот AlpinSolar, успешно беа поставени 5.000 соларни панели на браната лоцирана на езерото Мутзее во Швајцарија. Браната се наоѓа на 2.500 метри надморска височина, што значи дека е највисока во Европа. Производството на енергија веќе започна. Со проекти како AlpinSolar, кој беше создаден со инвестиции на три компании, Швајцарија ја започна својата […]

Швајцарија на референдум ќе одлучи дали да го задржи готовинското плаќање


  Граѓаните на Швајцарија на референдум ќе одлучат дали сакаат да го задржат плаќањето во готово, соопшти денеска здружението „Слободно швајцарско движење“ (FBS), откривајќи дека собрало доволно потписи за организирање јавното изјаснување. Во многу економии низ светот готовинското плаќање полека испаѓа од употреба, бидејќи електронските плаќања стануваат стандард за трансакции во дигитализираните општества, што ѝ […]

Швајцарската централна банка во загуба


Швајцарската централна банка забележа годишна загуба од 132 милијарди швајцарски франци (143 милијарди долари) во 2022 година, најголема во нејзината 115-годишна историја, беше соопштено во понеделникот. Причината е падот на пазарите на капитал и фиксниот приход што ја погоди вредноста на нејзиното портфолио на акции и обврзници. Негативно влијаеше и зајакнувањето на швајцарскиот франк, објави Ројтерс. […]

Швајцарија од денеска за првпат е во Советот за безбедност на ОН


  Швајцарија од денеска за првпат е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН во име на група западни земји, а меѓу петте нови непостојани членки со двегодишен мандат се Еквадор, Јапонија, Малта и Мозамбик. Советот за безбедност на ОН има 15 членки, од кои пет се постојани со право на вето – Франција, Велика Британија, САД, Кина и Русија, а 10 се избираат […]

Швајцарија и забрани на Германија да испраќа швајцарска муниција во Украина


Швајцарските власти и забранија на Германија да испраќа муниција произведена во Швајцарија во Украина. Забраната за таа помош за Украина преку Германија се заснова на намерата на Швајцарија да остане неутрална земја, објави денеска Радио Франс инфо. Станува збор за 12.400 парчиња муниција со калибар 35 мм наменети за противвоздушниот одбранбен систем Гепард. Украина го […]

Во Швајцарија инфлацијата падна на три отсто – поевтиниja горивото и новитe автомобили


Додека во цела Европа е забележана рекордна инфлација, во Швајцарија е регистриран пад, па во октомври инфлацијата достигна три отсто, објави денеска швајцарскиот завод за статистика. Во август, инфлацијата во Швајцарија го достигна врвот од 3,5 отсто, што беше највисоко ниво во последните 30 години. Поскапувањата првенствено се однесуваат на увезените стоки, чии цени се повисоки […]

Зошто Швајцарија создаде воз долг два километри?


  Високо во швајцарските Алпи, Сент Мориц го стекна своето име како место за поместување на границите на зимските спортови. До моментот кога беше домаќин на вторите Зимски олимписки игри во 1928 година, неговата репутација како игралиште за богатите авантуристи веќе беше добро воспоставена. Во саботата, регионот ја продолжи својата долга традиција на проширување на […]

Жените во Швајцарија ќе работат една година повеќе за целосна пензија


Швајцарците тесно гласаа за зголемување на старосната граница за пензионирање на жените на 65 години, гласање обележано со длабоки поделби меѓу реформски настроените кантони од германско говорно подрачје и другите кантони. Само 50,6 отсто од гласачите гласаа за реформата, покажуваат конечните резултати објавени во неделата. Напротив, иницијативата која будно се следеше во странство, а која […]