Швајцарија: Маж рани три деца со нож во градинка, храбарa вработенa го совлада


Маж денеска со нож упаднал во градинка во швајцарскиот град Цирих и повредил три деца, соопшти локалната полиција, а истакната е улогата на вработенат во градинката која го совладала и го држела до доаѓањето на полицијата. Како што пренесуваат швајцарските медиуми, повикувајќи се на полицијата во Цирих, неименуван маж повредил три петгодишни момчиња, кои се […]

Швајцарија ја намали каматната стапка на еден процент


Швајцарската национална банка (SNB) ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на еден процент. Каматните стапки се намалени по трет пат оваа година, а претставниците на банката најавија дека се подготвени за натамошни намалувања на каматните стапки во наредните квартали за да се обезбеди стабилност на цените и да се ограничи јачината на […]

Стручњаци бараат Швајцарија да ја преиспита својата неутралност и да соработува со НАТО


Група безбедносни експерти објави извештај во кој се повикува Швајцарија да се откаже од својата воена неутралност и да ја интензивира соработката со НАТО. Швајцарија е официјално неутрална земја уште од почетокот на 16 век, а посебно се истакнува нејзината воена неутралност. Таа не учествувала во ниту еден поголем конфликт и не е членка на […]

Жестока дебата во Швајцарија, ултрабогатите се закануваат со заминување


Во Швајцарија се води жестока дебата за данокот на наследство на ултрабогатите, пишува Блумберг. Мултимилионерите и милијардерите се закануваат да се преселат поради предлогот според кој жителите со наследство во вредност од повеќе од 50 милиони франци (53,1 милиони евра) ќе плаќаат 50 отсто данок на износот над оваа граница. Во јунското истражување на ревизорската […]

Страшно невреме во Швајцарија, тројца исчезнати – затрупани со камења


Четири лица се затрупани во одрон на карпи по силна бура во швајцарскиот регион Грисонс на југоистокот на земјата. Една жена е спасена утрово во близина на селото Лостало северно од езерото Комо, извести денеска регионалната полиција. Туристичкото одморалиште Зермат на Матерхорн на швајцарските Алпи е отсечено од надворешниот свет поради закана од поплави. Потрагата […]

Европските акции растат по намалувањето на каматните стапки во Швајцарија


Европските акции пораснаа откако швајцарската национална банка ги намали каматните стапки. Stoxx 600 денеска порасна за 0,4 отсто, а предничат секторите за технологија, осигурување и недвижности, објави Блумберг. Фјучерсите во САД исто така зајакнаа сигнализирајќи нови рекордни вредности благодарение на технолошкиот сектор.

Втор ден од мировниот самит за Украина во Швајцарија


Во швајцарскиот град Бургеншток продолжува мировниот самит за Украина, кој почна вчера. Во нацрт-комуникето од мировната конференција, како што објави Ројтерс, а пренесе БТА, се повикува на почитување на територијалниот интегритет на Украина. За конечната верзија на текстот ќе се разговара денеска. Швајцарската претседателка Виола Амхерд изјави дека од самитот ги очекува првите конкретни чекори […]

Светските лидери разговараат за украинскиот мировен патоказ. Русија е забележливо отсутна


Десетици светски лидери се собраа во саботата во швајцарското одморалиште за да разговараат за тоа како да се донесе мир во опустошената од војна Украина, иако сите надежи за вистински пробив беа пригушени поради отсуството на Русија. Три години по војната, страните остануваат оддалечени како што некогаш биле, при што Киев се држи до своите […]

ЕВРО2024: Швајцарија ја освлада Унгарија


Фудбалерите на Швајцарија ја совладаа попладнево Унгарија со 3-1 (2-0) на отворањето на вториот ден од Европското фудбалско првенство во Германија. Стрелци на головите за Швајцарија беа Дуах во 12 минута, Едишер (45) и Емболо (90+3), додека неизвесност во дуелот во Келн донесе Варга во 66 минута. Во воведниот натпревар во групата А, домаќинот Германија […]

Во Швајцарија се одржува дводневна мировна конференција за Украина


Во Швајцарија денеска почнува дводневна мировна конференција за Украина на која ќе учествуваат високи претставници на околу сто земји и на меѓународни организации. На конференцијата ќе се разговара за различни прашања, меѓу кои за извозот на жито од Украина, безбедноста на нуклеарната централа Запорожје, што е под руска контрола, како и хуманитарни прашања како што […]

Швајцарскиот парламент отфрли предлог за финансиска помош за Украина


Горниот дом на швајцарскиот парламент го отфрли денеска предлогот за помош од пет милијарди франци (околу 5,128 милијарди евра) за Украина како дел од поширокиот финансиски пакет, бидејќи планот ги прекршува правилата на неутралната земја за кредитирање. Со 28 гласа „против“ и 15 „за“, законодавците го отфрлија пакетот вреден 15 милијарди франци, со кој се […]

Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија


Две лица се тешко повредени, а уште четири се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Зофинген, на околу 50 километри јужно од Базел и германската граница, соопшти локалната полиција. Нападот се случил вчера околу 17 часот. -Имаме неколку повредени лица, изјави портпаролот на полицијата за ДПА, додавајќи дека […]

Комунистичка партија основана во Швајцарија после 84 години


Над 300 учесници ја основаа Револуционерната комунистичка партија (РКП) на нејзиниот конгрес во Бургдорф, кантонот Берн, за време на викендот. Тоа значи дека Швајцарија повторно има комунистичка партија откако беше забранета во 1940 година. Основачкиот конгрес се одржуваше од петокот до неделата. „Крајно време е за враќање на револуционерниот комунизам“, рече политичкиот секретар Дерсу Хери, […]

Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци


 Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, соопшти денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (СЕКО). Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година. Вредноста на замрзнатите руски средства во […]

Швајцарскиот парламент одби да се приклучи на групата за санкции против Русија


Долниот дом на швајцарскиот Парламент денеска го отфрли предлогот на партијата на Зелените, со кој Швајцарија требаше да се приклучи на меѓународната РЕПО група за воведување економски санкции против Русија. Со 101 глас „против“ и 80 гласа „за“, Долниот дом одби да се приклучи на групата основана во 2022 година од САД, Австралија, Канада, Франција, […]

Шефот на швајцарската национална банка е најплатен централен банкар во светот со плата од милион долари


Претседателот на швајцарската национална банка Томас Џордан заработил плата од 951.700 швајцарски франци (1,1 милион долари) во 2023 година, што го прави еден од најплатените шефови на централни банки во светот. Тој надоместок е зголемување од околу 2,5 отсто во однос на претходната година, според пресметките на Блумберг врз основа на годишниот извештај објавен во […]

Во Швајцарија пронајдени пет безживотни тела на исчезнати скијачи, по шестиот се трага


Полицијата на швајцарскиот кантон Вале денеска соопшти дека пронашла пет безживотни тела на луѓе кои исчезнале за време на скијачка тура во близина на алпскиот град Зермат. Потрагата по шестиот скијач се уште трае, јави швајцарскиот јавен сервис РТС. Скијачите исчезнаа во саботата во близина на планината Тет Бланш, на патеката Зермат-Арола, во близина на […]

Владата на Швајцарија официјално го одобри обновувањето на преговорите со ЕК


Швајцарската Влада (Федералниот совет) денеска официјално го одобри обновувањето на преговорите на земјата со Европската комисија за склучување на рамковен договор со кој се дефинираат односите меѓу Швајцарија и ЕУ. „Разговорите содржани во одобрениот мандат имаат за цел да ги стабилизираат и развиваат билатералните односи на Швајцарија со Европската унија“, се вели во соопштението на […]

Швајцарците на референдум изгласаа воведување 13-та пензија


Швајцарците во неделата на референдум се изјаснија за воведување на 13-та пензија, според првите проекции на јавната телевизија СРФ. Анкетата на СРФ покажа дека за дополнителна пензија гласале 58 отсто од гласачите, а против биле 42 отсто. Мерката беше предложена од Швајцарската федерација на синдикати и партиите од левиот центар, а сега е потребна поддршка […]

Швајцарците на референдум гласаат за 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање


Швајцарија, чие население старее и се соочува со зголемени трошоци за живот, денеска одржува референдум за два клучни предлози за пензионерите: исплата на 13-та пензија и зголемување на старосната граница за пензионирање. Предлогот за постепено зголемување на старосната граница за пензионирање од 65 на 66 години во следните десет години за да се обезбеди целосно […]