Општина Центар дозволи механизирани паркинг системи


  На денешната 14-та седница, покрај останатите точки, на предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, Советот ја донесе и Одлуката за доуредување на начинот на обезбедување паркинг места во рамките на градежна парцела со употреба на механизирани паркинг системи.  Со оваа одлука се пропишува начинот на обезбедување паркинг места со употреба на механизирани […]

Сервис за одмена на семејна грижа до 15 дена во Центар


На денешниот Интернационален ден на Алцхајмеровата болест градоначалникот на Центар Горан Герасимовски беше гостин на настанот организиран од Граѓанското здружение Институт за Алцхајмерова болест по повод подигнување на јавната свест за лицата заболени од оваа болест. Алцхајмеровата болест е болест на целото семејство затоа што негата и грижата за болниот траат 24 часа секој ден […]

„Алејата на Украина“ вечен потсетник на поддршката за украинскиот народ


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски заедно со амбасадорката на Украина, Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците, Олександр Урбанович свечено ја отворија „Алејата на Украина“. Градоначалникот Герасимовски истакна дека оваа локација каде денеска се отвори „Алејата на Украина“ ќе биде вечен потсетник на поддршката која ја даваат граѓаните и Општина Центар на Украина […]

Заштитни нанофилтри на градинките во Центар


Здравјето и добросостојбата на нашите деца е еден од врвните приоритети во работата на Општина Центар и на градоначалникот Горан Герасимовски. Во таа насока, Општина Центар неделава започна со поставување на заштитни нано филтри на прозорците на сите 11 детски градинки под надлежност на општината. Досега филтри се поставени на матичниот објект на детската градинка […]

Почна реконструкцијата на улицата „Козара“ во Капиштец


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска беше на улица „Козара“ во населбата Капиштец, каде започнуваат градежните зафати за нејзина реконструкција. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата „Антон Панов“ па сѐ до улицата „Васил Ѓоргов“, бидејќи во овој реон улицата „Козара“ има потреба од обновување на асфалтот. „На овој потег на улицата „Козара“ ќе […]

Пролетната акција за чистење се сели во Центар


Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Општина Центар вчера ја почнаа големата пролетна работна акција на подрачјето на општина Центар. Екипите координирано до крајот на неделава на терен ќе спроведуваат активности за машинско и рачно метење и миење на булеварите и на улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање […]

„Цел Центар на точак“, субвенции за велосипеди, Е-велосипеди и Е-тротинети


Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет. Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу […]

За Груевски заврши правната сага за „шлаканиците“ во Центар. Врховен суд го одби неговото барање


  За Никола Груевски веќе нема никакви правни можности да ја става под сомнеж пресудата за „шлаканиците“ во Општина Центар. Врховниот суд го одбил неговото барање за вонредно преиспитување на пресудата за случајот „Насилство во Центар“ со која тој правосилно е осуден на 1,6 години затвор. Од Основниот кривичен суд во Скопје информираа дека од […]

Бесплатно паркирање во Центар утре и за време на велигденските празници


 Паркирањето во Општина Центар за време на велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 22 април (петок), 24 април (недела) и 25 април (понеделник) граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар. Од ЈП Паркинзи на Општина Центар соопштија дека согласно програмата за […]

Ќе се врши анализа дали материјалите кои гореле во „Треска“ биле закана по здравјето на граѓаните


Кризниот штаб на Општина Центар денеска заедно со другите надлежни институции во понеделник ќе одржи состанок за начините на чистење на отпадот и анализа на последиците од пожарот кој минатата недела изби во поранешната фабрика „Треска“. „Какви материјали гореле и дали истите биле закана по здравјето засега можеме само да претпоставуваме. Откако ќе се изврши […]

(Фото/Видео) Локализиран пожарот во кругот на „Треска“, се утврдува како настанал


Пожарот во кругот на поранешната фабрика „Треска“ во центарот на Скопје е локализиран и речиси целосно изгаснат, благодарение на брзата реакција на надлежните, информира градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, кој излезе на терен, изврши увид и помагаше при гаснењето на пожарот. Противпожарната бригада, како што соопшти Општина Центар, го гаснеше пожарот со десет возила, […]

Општина Центар затвори градилиште на Водно – место објект од 11 метри изградил зграда од 20 метри


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар затвори градилиште на Водно, односно на улицата „Христо Чернопеев“ бб. Овластен градежен инспектор доднесе решение со кое се наредува на инвеститорот, физичко лице со живеалиште во Струга, во законски предвидениот рок да прекине со сите градежни активности и да ја отстрани градбата. Се работи за објект од втора […]

Утре без струја делови од општините Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај


Неколку улици во скопските општини Петровец, Сопиште, Кисела Вода, Центар и Сарај, утре ќе останат без електрична енергија. Како што информираат од Центарот за управување со кризи во периодот од 08:05 до 12:35 часот, без електирчна енергија ќе бидат корисниците од улица „1“ лоцирани на потегот од основното училиште во Петровец кон село Ржаничино, како […]

Паркинзи за велосипеди во станбените, деловните и сите јавни објекти во Центар


Паркинзи за велосипеди кај сите нови станбени, деловни и јавни објекти во рамки на градежна парцела треба да планираат инвеститорите, според одлуката изгласана на  седница на Советот на Општина Центар. Општина Центар ги задолжува инвеститорите кои поднесуваат барање согласно Законот за градење да обезбедат паркинзи за велосипеди секаде каде има простор и можност истите да […]

Општина Центар поднесе жалба за одземањето на правото на користење на државно земјиште кај зградата „Тифани“


Во насока на заштита на јавниот простор и државното неизградено земјиште, а по Решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела КП 11843/2, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Ве информираме дека градоначалникот […]

Голема акција за чистење на училишните дворови во Центар


Општина Центар утре, сабота (19.3.2022), во 10 часот  ја организира втората по ред голема акција за чистење на сите осум основни училишта во општината. Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски, заедно со хигиеничарите и општинската администрација, лично ќе учествува во чистењето на училиштето и ги повика учениците, наставниците, родителите, екологистите, невладините организации и сите оние кои […]

Бесплатни офталмолошки прегледи за 522 дечиња во градинките во Центар


Во тек се бесплатни офталмолошки прегледи кај 522 деца од најголемите групи во сите три градинки во Центар. Општината и болницата Санте Плус Хоспитал Груп имаат потпишано Меморандум за соработка минатата година но истиот се надоградува, со тоа што прегледите за децата наместо во болница, се извршуваат во градинките. По овој повод градоначалникот на Општина […]

Баз вода дел од Центар


Прекин во водоснабдувањето денеска од 10 часот ќе имаат дел од корисниците на улиците „Димче Мирчев”, „Црниче”, „50 Дивизија” и МВР. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Белградска” без број, во кругот на МВР во населбата Водно. Корисниците ќе бидат без вода до санирање на дефектот.

Приведени двајца за грабежот во банката во центарот на Скопје


Денеска во Скопје,  приведени се Н.Ш. (24) и С.Б. (32) поради сомнение дека учествувале во денешното разбојништво кое беше пријавено во 12.35 часот во експозитура на банка на подрачје на Центар кога три лица со закана со оружје одзеле пари од вработените. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот.

Грабеж на банка во центарот на Скопје


Грабеж на банка во скопската општина Центар е причината за засиленото полициски присуство во делот меѓу скопските населби Центар и Капиштец, информира полицијaта. „На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што […]