Протест против Договорот за името во центарот на Скопје


Помала група граѓани и вечерва одржаа мирен протест пред Собранието на Република Македонија против Договорот за спорот со името. Тие ги повторија ставовите дека за нив Договорот е штетен и спротивен на Уставот и на македонските државни интереси. Повторија дека Договорот треба да биде отфрлен и дека најавениот референдум треба да биде бојкотиран. Ана Бобинкова Мијаковска […]

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром


За велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопшти МВР, во периодот од 18,00 часот до завршувањето на чествувањето на празникот за време на […]

Центарот на Скопје утре еден час ќе нема струја


Утре половина Скопје ќе остане еден час без струја во знак на поддршка на најголемата светска еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Струјата ќе се исклучи во 20.30 часот по локално време, а истовремено во мрак ќе потонат делови од над 180 земји и 7000 града ширум светот. Во централното градско подрачје, со поддршка од […]

Утре без струја корисници во Кисела Вода и Центар


Утре без струја од 08:30 до 14 часот ќе бидат корисниците  од ул. Дренак во општина Кисела Вода, а од 08:30 до 15  часот корисници од улиците „Владимир Назор“, „Кумровец“ и „Ѓорѓи Абаџиев“  во општина Центар, сооопшти Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.

Нов асфалт и водовод на улица „Бигла“ на Водно


Општина Центар почна да ја реконструира улица „Бигла“ на Водно. Планирано е да се постави нов водовод, осветлување, асфалт, како и да се реши проблемот со каблите на операторите. „По  цели 50 години за жителите на улицата ‘Бигла’ на Водно калта, прашината и темниците ќе бидат минато. Улицата нема асфалт, туку некаде импровизирано е поставен […]

Казни за градежен шут


Градските комунални инспектори во рок од една недела изрекле шест казни за комунална хигиена. Три од казните се на физички лица за фрлање градежен шут, а две физички лица биле казнети поради палење оган на отворено. Од Град Скопје информираат дека во рамките на интензивираната контрола на градилиштата едно приватно лице било казнето поради нечисти […]

Граѓаните во акција: Доколку забележите, пријавете рафрлен отров


Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ ги повикува граѓаните доколку забележат расфрлен отров во централното градско подрачје веднаш да се јават на телефонските броеви: 070 424685 Емилија Поповска и 075 437068 Јулија Малахова. Градоначалникот, информираат од општина Центар, веќе разговараше со командирот на полициската станица Центар и договорено е да се зајакнат контролите. Општинските власти […]

Никола Груевски денеска во судница


Во Кривичниот суд денеска треба да се одржи рочиште за случајот „Насилство во Центар“ во кој обвинети се лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниелa Рангелова и уште 11 други лица. Судијката Татјана Михајлова на минатото рочиште не го прифати барањето на дел од […]

Условна казна за Томислав Лазаров за „Насилствата во Центар“


Затворска казна од шест месеци што нема да биде спроведена доколку во следните две години не стори кривично дело е пресудата што Кривичниот суд денеска му ја изрече на Томислав Лазаров, обвинет за „Насилствата во Центар“. Поранешниот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар, кој на недамнешното рочиште ја призна вината,  уште еднаш […]

Груевски негира вина за „шамарите“ во Центар


Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски, кој е првообвинет во случајот „„Насилство во Центар“, на денешната главна расправа во Кривичниот суд се изјасни за невин по обвиненијата што против него ги поднесе СЈО. Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, исто така, се изјасни за невин, објаснувајќи дека ниту нешто […]