Општина Центар започна со редовна есенска дератизација


Општина Центар започна со есенска дератизација на сите јавни површини и јавни објекти на територијата на цела локална самоуправа. Дератизацијата се спроведува со цел уништување на штетни глодари, инсекти и превенција од заразни болести. Ова е една од општите мерки кои општината ги презема за заштита на населението од заразни болести во согласност со Програмата […]

Доделени осум стипендии на ученици во социјален ризик – секој месец по 3.000 денари


 Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска додели осум стипендии за учебната 2023/2024 година на ученици од семејства со висок социјален ризик кои учат во основните училишта во општината. -Преку доделувањето на овие стипендии, Општина Центар и јас, како нејзин градоначалник, сакаме да ви дадеме поголема мотивација за учење и постигнување високи резултати. Нека овие […]

Општина Центар почнува промоција на протоколот за постапување со деца со дијабетес во градинките и училиштата


Денес Општина Центар стартуваше со промоција на протокол наменет за правилен пристап кон дечињата со дијабетес, а истиот ќе биде спроведен во градинките и училиштата.  – Во градинката „Пепелашка“ клон на градинката Р.Ј. Корчагин беше промовиран протоколот за постапување со деца со дијабетес тип 1 во градинките и училиштата. Протоколот е изработен од Асоцијацијата за детски дијабетес Баланс МК, […]

„Маалски фестивал“ во Центар – работилници, маскенбал, мурал…


Со детска работилница, креативно пишување, цртање и раскажување во ОУ „Киро Глигоров“ градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски и директорот на Културниот центар Јадро Ѓорѓе Јовановиќ го најавија второто издание на „Маалски фестивал“ кој ќе се одржи во Дебар Маало каде ќе бидат изведени голем број на улични уметнички акции. „Ве поканувам сите да дојдете […]

Полиција ќе патролира низ Центар по последните насилства во општината


Случајот со нападнато 3-годишно дете во Дебар Маало од пијан педофил, ја поттикнаа општината да побара поголемо присуство на полицијата, па така денеска најавија засилено полициско присуство особено во делот околу Градскиот парк. – Вечерва со МВР договоривме засилено полициско присуство за да ја зачуваме безбедноста на децата и граѓаните. Насилничкото однесување во општината е […]

Тројца малолетници избодени од малолетник и уште едно лице во Центар


Во средата, полициски службеници од СВР Скопје  привеле 16-годишен малолетник поради основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво во обид на 28.08.2023 околу 20.30 часот кога во трговски центар на подрачје на Центар, заедно со уште едно лице со остар предмет нападнале тројца малолетници од Скопје и им нанеле повреди. Против малолетникот е поднесена кривична […]

Се реконструира улицата „Славејко Арсов“


Општина Центар врз основа на воспоставената меѓуопштинска соработка со Град Скопје, започнува со реконструкција (рехабилитација) на улица ,,Славејко Арсов” (со краци) и улица ,,Столтенбергова”. ,,На овој потег на улицата ,,Славејко Арсов” ќе биде поставен нов асфалт со должина од 5800 м2, и нови рабници со вкупна должина од 250 метри. Заедно со поставувањето на новиот […]

Пријавете проблем од Јавна чистота во ЈП „ПОЦ“


Општина Центар и ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикуваат граѓаните да пријават проблем со Јавната чистота или кастрењето дрвја во нивното маало. На телефонскиот број 076/350-767 или преку порака на viber или whats up граѓаните може да испратат и фотографии за точна локација и проблемот кој го посочуваат. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски […]

Без вода дел од општина Центар


Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат дел од жителите од улиците „Максим Горки“ и „Осма ударна бригада“ и сите деловни објекти во овој реон во Општина Центар.  Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на затворач на улица „Максим Горки“ бр.17.  Корисниците ќе бодат без вода се […]

Герасимовски: Цела механизација е на терен, се собира ѓубрето и се мијат контејнерите


Општина Центар рано наутро започна со чистење на сметот низ општината. Во акцијата се вклучија речиси сите вработени од комуналната служба во ЈП „ПОЦ“ со целата механизација како и голем камион за кревање на контејнери. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски го водеше стартот на акцијата. Покрај собирањето на ѓубрето на терен беше пуштена и […]

Герасимовски: Се стремиме кон општество ослободено од стегите на родовата нееднаквост


„Како Градоначалник на Општина Центар, можам да ви ветам дека ќе продолжам да се залагам за унапредување на човечките права на сите категории граѓани и во мојата агенда секогаш ќе има место за проекти што ќе ја зацврстат улогата на жената и ќе ја подигнат свеста за родовата еднаквост“, изјави вчера градоначалникот Горан Герасимовски на […]

Од ноември до сега општина Центар издала 37 правосилни одобренија за градење


Општина Центар минатата година започна со објавување на полугодишни извештаи за издадените правосилни одобренија за градење, доградба и надградба и линиска инфраструктура на територија на општината. Од месец ноември 2022-ра година, заклучно со месец мај 2023-та, издадени се вкупно 37 правосилни одобренија за градба, од кои 27 се одобренија за градба, 2 одобренија се за […]

Објавен Jавниот повик за реконструкција на фасади на колективни станбени згради


Oпштина Центар објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани заедници на сопственици на станови од подрачјето на Општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Реконструкцијата на фасади опфаќа обновување на постојната фасада со нова термичка (енергетски ефикасна) фасадна обвивка, односно фасаден систем, на постојни станбени згради на територија на Општина Центар. Јавниот […]

Без вода дел од Центар


 Поради изведување водоводен приклучок од Ф-80 мм, без вода од 09:00 часот ќе бидат корисниците на дел од улиците „Киро Крстевски Платник“ и „Коле Неделковски“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде во прекин до завршување на работите, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Герасимовски со Екопикник ги поддржа локалните производители


Денес, во Паркот на франкофонијата за прв пат се одржа манифестацијата ЕКОПИКНИК во организација на Општина Центар, проследена со забава и активности по повод одбележување на Меѓународниот ден на семејството. Со цел промоција на локалните производи, излагачи на настанот беа македонски производители на храна и пијалаци, а на штандовите беше застапена традиционалната македонска храна. Во […]

Список со закани за ученици се појави во скопско училиште


По масакрот во соседна Србија, список со ученици за ликвидација се појавил и во скопско училиште. -На 08.05.2023 во СВР Скопје 47- годишна жена пријавила дека во основно училиште на подрачје на Центар ученичка во училиштето направила список со закани за соученици. Известена е директорката на училиштето, Центарот за социјални работи и јавен обвинител и […]

Објавен јавниот повик за поправка и санација на кровови и на лифтови во Општина Центар


Општина Центар објави Jавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постојните кровни конструкции и постојните лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар што се во согласност со Програмата за комунални дејности за 2023 година. Јавниот повик се однесува на финансиска поддршка за поправка на технички неисправни лифтови, како и модернизација […]

Герасимовски побара поголема активност за спречување врсничко насилство


Веднаш по немилите настани во соседна Србија, градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски одржа aктив со директорките на општинските основни училишта, на кој се разговараше за зголемување на безбедноста и сигурноста на учениците. Директорките на училиштата го информираа градоначалникот за активностите кои ги спроведуваат тековно, а се поврзани со превенција на булингот, препознавањето на проблеми […]

Поради протести, утре дел од центарот на Скопје ќе биде блокиран


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Северна Македонија […]

Герасимовски: Субвенционирани 144 велосипеди и електрични тротинети


Општина Центар информира дека заврши можноста за аплицирање за субвенции за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет, бидејќи е исполнета квотата за субвенционирање.  Во рамките на годинашниот проект „Цел Центар на точак“, општинските власти субвенционираа вкупно 144 велосипеди и тротинети. Секој полнолетен жител имаше право на еднократна субвенција во висина од 30% од […]